Охридско Езеро

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Охридско Езеро
Охридско Езеро - Поглед на Охридското Езеро
Поглед на Охридското Езеро
Координати 41°05′N 20°45′E
Главен истек Црн Дрим
Површина на сливот 2.600 км²
Земји во сливот Република Македонија,
Албанија
Макс. должина 30,4 км
Макс. ширина 14,8 км
Површина 358 км²
Прос. длабочина 155 м
Макс. длабочина 288 м
Водна зафатнина 55,4 км³
Проточност (на езерската вода) 70 год.
Брежна должина1 87,53 км
Република Македонија: 56,02 км;
Албанија: 31,51 км
Надм. височина на површината 693 м
Острови нема
Населени места Охрид, Струга (Република Македонија);
Поградец (Албанија)
1 Брежната должина не е добро утврдена мерка.

Охридско Езеро — најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и, од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина. Благодарение на ваквите особености, во 1980 година Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за Светско културно наследство, под заштита на УНЕСКО[1]. Светската важност на езерото се потврдува во 2010 г. кога НАСА и Меѓународната астрономска унија решаваат едно од езерата на Урановата месечина Титан да го носи името „Охридско Езеро[2] (лат. Ohrid Lacus)[3].

Географија[уреди]

Карта на Охридско Езеро.
Карпа во близина на селото Трпејца во Охридското Езеро

Езерото покрива површина од 358,2 km² и се протега во должина од 30,8 km, а најголемата широчина изнесува 14,8 km. Должината на брегот изнесува 87,5km. Неговата длабочина достигнува до 289 m. Вкупниот волумен на езерото изнесува 58,6 km3. Езерото е сместено во длабока и затворена котлина, на исток ограничена со планината Галичица (2288m), а на запад со Јабланица (2257 m).

Се наоѓа на надморска височина од 695 метри. Во сливот на Охридското Езеро припаѓаат 40 реки, од кои 23 на албанска и 17 на македонска територија. Најголемата должина на Охридското Езеро изнесува околу 30 километри. Неговата широчина е различна - од максимална 15 км. до средна широчина од 11 км. Најголемата длабочина од 286 метри е измерена меѓу селата Пештани и Трпејца, на околу 5 км од езерскиот брег. Средната длабочина на езерото е 151м. За бистрата вода чија провидност изнесува и до 22 метри, што претставува вистинска реткост помагаат бројните подводни врутоци и изворите кои се наоѓаат по должината на источниот и јужниот брег.

Потекло[уреди]

Потеклото на Охридското Езеро, гледано како езерски систем со Преспанското Езеро е тектонско. Двете езера претставуваат остатоци од базенот на поранешното Десаретско Езеро од кое настануваат по пат на геотектонска депресија за време на плиоценот (пред 5,3-1,8 милиони години). Неговата геолошка старост се проценува на околу 2-3 милиони години и како такво е најстаро во Европа. Ваквите езерски екосистеми се сметаат за центри на диверзитет и резервоари на еволуција во кои пред сè поради стабилноста на амбиенталната средина, изолираноста на екосистемот и долгото постоење доаѓа до процеси на рапидна еволуција на одредени групи на организми.

Флора и фауна[уреди]

Природно и културно богатство на охридскиот регион*
Светско наследство на УНЕСКО

St-John-Kaneo.jpg
Држава Flag of Macedonia.svg Република Македонија
Тип Мешан
Критериуми i, iii, iv, vii
Навод 99
Регион** Европа и Северна Америка
Записно минато
Запис 1979  (3то заседание)
Продолжетоци 1980
* Име според официјален запис на списокот.
** Регион според класификацијата на УНЕСКО.

За Охридското Езеро карактеристични се поголем број реликтни и ендемични организми. Групи најбогати со ендемични организми и воедно најистражувани групи на организми се дијатомеите (силикатни алги, Bacillariophyta), харите (група од зелените алги, Charophyta), потоа планариите (сплескани црви, Turbellaria), мекотелите (Molusca), особено полжавите (Gastropoda) и раковите (Crustacea). Во езерото живеат 17 видови на риби, од кои 10 се ендемични.[4] Тие се:[5]

Пастрмки

Бели риби

  • Охридски грунец - (Rutilus rubidio ochridanus)
  • Моранец - (Pachychilon pictum)
  • Мало рипче - (Phoxinellus minutus)
  • Охридски клен - (Leuciscus cephalus albus)
  • Мало грунче - (Phoxinus phoxinus colchicus)
  • Охридска писа - (Scardinius erythrophthalmus scardafa)
  • Охридски скобуст - (Chondrostoma nasus ohridanus)
  • Дујак - (Gobio ohridanus)
  • Мрена - (Barbus meridionalis petenyi)
  • Плашица - (Alburnus albidus alborella)
  • Мало плашиче - (Alburnoides bipunctatus ochridanus)
  • Крап - (Cyprinus carpio)
  • Вретенушка - (Nemacheilus barbatulus sturanyi)
  • Охридска штипалка - (Cobitis taenia meridionalis)

Јагули

Клима[уреди]

Охридски топчест сунѓер (Ochridospongia rotunda, Arndt), ендемичен вид за езерото

Климата во Охридската Котлина е класифицирана како локално-континентална. Вообичаена средна тепмература достига до 11,4 Целзиусови степени. Средната месечна температура изнесува 21,2 степени во јули и август, со 34,4 е постигнат апсолутен максимум во август. Најниска средна месечна температура изнесува 1,5 степени во јануари , додека -17,2 степени е апсолутен минимум. Просечната вредност на врнежи во охридскиот басен приближно изнесува 759 mm.

Највообичаен ветер е оној кој дува од север, посебно во есен и зима. За време на летниот и зимскиот период дуваат ветрови во правец на југ и југоисток. Безначајни се југоисточните и источните ветрови. Дождливите и благите периоди се менуваат преку ден, посебно во лето. Утрата се карактеризираат со паузи помеѓу дувањето на северните ветрови и благите периоди. Временските услови стануваат многу различни попладне кога јужните и југоисточните ветрови ја менуваат стабилноста. Средната брзина на ветер во охридскиот регион е релативно ниска, 3,4 м /сек .

Температурата на водата во подлабоките слоеви од Охридско Езеро е приближно 6 C°, додека на површината водата може да се загрее до 24 степени, и во крајбрежните слоеви дури до 26°C.

Археологија и историја на езерото[уреди]

Бреговите на Охридското Езеро биле населени од предисториско време. Најстарите археолошки населби датираат од неолитскиот период, околу 6.000 години п.н.е. Само на македонската страна од сливот се откриени повеќе од 170 археолошки места.

Галерија[уреди]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Охридско Езеро - Инвестирајте во Македонија - Агенција за странски инвестиции на РМ
  2. НАСА одлучи едно од езерата на Титан да се вика „Охридско Езеро““, Макфакс, 21 октомври 2010 (конс. 21 октомври 2010). (македонски)
  3. Ohrid Lacus (Охридско Езеро) на Титан -“. Службен весник на планетарна номенклатура на Меѓународната астрономска унија. 16 септември 2010. http://planetarynames.wr.usgs.gov/Feature/14775;jsessionid=1314a7061ca2c085fc7dfabacea8. конс. 22 октомври 2010.  (англиски)
  4. „Охрид и неговите ризници“. Општина Охрид. http://www.ohrid.gov.mk/index.asp?novostiID=143#rastitelen. 
  5. „Македонска енциклопедија“. Скопје: МАНУ. 2009. стр. 1099. ISBN 9786082030241. 

Надворешни врски[уреди]