Глаголица

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Глаголица
Кѷрїлловица
The Church Slavonic name of the Glagolitic script on Glagolitic.svg
Glagolithic tablet.jpg
Башчанската плоча
Тип Азбука
Јазици Старословенски
Творец Свети Кирил и Методиј
Период 862/863 до Средниот век
ISO 15924 Glag, 225
Насока од лево надесно
Уникоден назив Glagolitic
Напомена: Страницава може да содржи фонетски симболи од МФА.


Macedonian language in old cyrillic.svg
„Слогница речовска“

Македонистика
Знаковен јазик
Историја
Книжевност
Регулаторно тело
Дијалекти
Граматика:

Правопис и правоговор:

Глаголското писмо или глаголица (старословенски: Кѷрїлловица, The Church Slavonic name of the Glagolitic script on Glagolitic.svg) — најстарата позната словенска азбука. Била создадена од Св. Кирил (827-869) и Св. Методиј (826-885) во 855 или околу 862863 за преведување на Библијата и други книги на словенските јазици.

Името доаѓа од старословенскиот збор глаголи, што значи „зборува“. На старословенски се користи зборот „Кириловица“ за оваа азбука.

Глаголицата има 41 буква, но нивниот број малку варира во подоцнежните верзии. Дваесет и четири од тие 41 букви водат потекло од графеми во средновековното курзивно грчко писмо (мали букви), но во глаголицата тие имаат орнаментален изглед. Се претпоставува дека буквите ша, шта и ци доаѓаат од хебрејското писмо (буквите шин и цади) — фонемите кои овие букви ги означуваат не постоеле во грчкиот, но постојат во хебрејскиот и се чести во сите словенски јазици. Другите букви се со непознато потелко. За некои од нив се претпоставува дека се засноваат на хебрејски и самаритските писма, кои Кирил ги научил за време на неговата посета на Хазари во Херсон.

Хрватската глаголица има долга и интересна историја, подолга од 1000 години. Хрватите биле единствениот народ во Европа кому папата му има дозволено да се користи со сопствениот јазик и писмо во црквата.

Друга теорија (видете Црноризец Храбар) вели дека глаголицата се заснова на старословенски руни (цртки и рецки), кои се користеле само за свети текстови во словенската религија.

Историја[уреди]

Ростислав, кнезот на Велика Моравија, сакал да го ослободи словенскиот народ во неговото царство од зависноста од источните франкиски свештеници и затоа, во 862 побарал од византискиот император да му прати дваjца мисионери, Свети Кирил и Методиј, во Велика Моравија. Кирил создал нова азбука: глаголица. Азбуката била користена во Велика Моравија помеѓу 863 (кога Кирил и Методиј пристигнале таму) и 885 за владини и црковни документи и во Великоморавското училиште основано од Кирил, каде се образувале следбениците на солунските браќа (како и самиот Методиј).

Во 886, источнофранкискиот епископ на Нитра по име Вихинг го забранил писмото и затворил 200 следбеници на Методиј (главно ученици од првобитното училиште). Потоа тие се распрснале или, според некои извори, биле продадени како робови. Меѓутоа тројца од нив, стигнале до Бугарија и од нив било побарано од страна на царот Борис I да ги образуваат свештениците на словенски јазици. Пои прифаѓањето на христијанството во Бугарија во 865, верските церемонии биле изведувани на грчки од свештеници пратени од Византија. Заради сѐ поголемото византиско влијание и ослабувањето на државата, Борис гледал на новото писмои и јазик во црквата како важен чекор за зачувување на независноста на Бугарија. Како резултат на преземените мерки, две академии биле отворени во Охрид и Преслав.

Одтаму, учениците патувале по разни места и ја ширеле азбуката. Некои отишле во Хрватска и Далмација, откаде ја започнале хрватската варијанта која се користела многу долго време. Во 1248, папата Инокентиј IV им дал на хрватите уникатна привилегија да се користат со тој јазик и писмо во црквата.

Некои од студентите на охридската школа отишле во Бохемија каде таа азбука се користела во 10-тиот и 11-тиот век, заедно со други писма. Глаголицата исто така се користела и во Русија, меѓутоа прилично ретко.

При крајот на 9-тиот век, во Преслав (Бугарија) поконкретно во Преславската книжевна школа е создадена Кирилицата од страна на Константин Брегалнички-Преславски. Мора да се потенцира дека кирилицата НЕ е создадена од учениците на Кирил и Методиј. Причините за тоа се многу едноставни-тие од почит кон своите учители ја задржале глаголицата во Охридската школа и ја продолжиле нивната дејност. Кирилицата води делумно потекло од грчкото писмо, со (најмалку 10) уникатни словенски букви кои доаѓаат од глаголицата. Таа речиси целосно ја истиснала глаголицата за време на средниот век.

Денес глаголицата се користи само кај црковнословенските и понекогаш во литургиските книги на мајчин јазик во католичката Крижевска епархија во Хрватска.

Името „глаголица“ на чешки е hlaholice, на словачки hlaholika, на полски głagolica, на руски, македонски и бугарски глаголица, на хрватски glagoljica, на украински глаголиця, на белоруски глаголіца, на словенечки glagolica,на српски глагољица/glagoljica итн.

Карактеристики[уреди]

Зборот „Македонија“ на глаголица и старословенски, заоблена форма.

Азбуката има две варијанти: заоблена и аглеста. Кај заоблената варијанта доминираат кругови и криви линии, додека во аглестата прави агли и трапезоиди. Видете го приказот на двете варијанти или на следната врска за подетално. Кај аглестата варијанта се користат лигатури многу пообилно одколку кај кирилицата и латиницата.

Оваа табела ги дава буквите по ред, со слика (заоблена варијанта), име, македонски еквивалент, значење и претпоставеното потекло.

глаголица кирилица старословенско име значење македонски еквивалент претпоставено потекло
Аз а азъ јас (создател) а Крст или хебрејската буква алеф א.[1]
Буки б боукы букви б Непознато[1]
Веди в вѣдѣ знае в Веројатно од латинската буква V.[1]
Глаголи г глаголи зборува, работи г Веројатно од грчката буква гама.[1]
Добро д добро добро д Веројатно од грчката буква делта.[1]
Јест е єсть е е, је Веројатно од самаритскиот збор „тој“(ϡ). [1]
Живете ж живѣтє живее ж Непознато[1]
Ѕело ѕ ѕѣло многу ѕ непознато[1]
Земља з, ꙁ земля земја з Земја[1]
Иже і ижє кој ј Веројатно од грчката буква јота.[1]
И и и/ижеи и и Непознато[1]
Ѓерв ћ дєрвь дрво ѓ, ќ Непознато
Како к како како к Веројатно од хебрејската буква коф ק.[1]
Људи л людиѥ луѓе л Веројатно од грчката буква ламбда. [1]
Мислете м мыслитє мисли м Од грчката буква му.
Наш н нашь наш н Непознато.[1]
Он о онъ тој о Непознато[1]
Покои п покои мир, почива, покој п Веројатно можна варијанта од грчката буква пи.[1]
Рци р рьци зборувај, изговарај р Веројатно грчка буква ро.[1]
Слово с слово збор с Непознато[1]
Тврдо т тврьдо тврдо т Непознато.[1]
Ук оу, ꙋ оукъ ука, знаење у Лигатура на „он“ и „ижица“.[1]
Фрт ф фрьтъ н/п ф Веројатно од грчката буква фи.[1]
Хер х хѣръ н/п х Непознато[1]
От ѡ отъ од о Лигатура на „он“ и превртено он, се користи само за транскрипција од грчки.[1]
Шта щ шта штo шт Лигатура на „ша“ врз „тврдо“.[1]
Ци ц ци н/п ц Веројатно од хебрејското цаде צ.[1]
Черв ч чрьвь црв ч Непознато[1]
Ша ш ша н/п ш Најверојатно од хебрејската шин ש.[1]
Јер ъ ѥръ н/п Непознато[1]
Јери ы ѥры н/п ји Комбинација на иже и јер.[1]
Јерј ь ѥрь н/п Можна варијација на он.[1]
Јат Ѣ ять н/п ја Можеби од епиграфската грчка алфа Α .[1]
GlagolitsaJo.gif јо Јо н/п јо Хипотетичка буква, не е сигурно дали постоела како посебна.[1]
Ју ю ю н/п ју Непознато[1]
Мал јус ѧ ѧсъ н/п ен Веројатно од грчката буква епсилон.[1]
Јенс ѩ ѩсъ н/п јен Лигатура на „јест“ и назалност.[1]
Голем јус ѫ ѫсъ н/п он Лигатура на „он“ и назалност.[1]
Јонс ѭ ѭсъ н/п јон Лигатура од непозната буква (веројатно јо) и назалност.[1]
Фита ѳ фита н/п θ Веројатно од грчката буква тета. Се користела само за транскрипција од грчки.[1]
Ижица ѵ ѵжица н/п и Лигатура од „иже“ и „јер“.[1]

Уникод[уреди]

Глаголицата е додадена во Уникод-от во верзијата 4.1. Кодпоинт-опсегот е U+2C00 – U+2C5E. Видете исто така:

Наводи[уреди]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 1,19 1,20 1,21 1,22 1,23 1,24 1,25 1,26 1,27 1,28 1,29 1,30 1,31 1,32 1,33 1,34 1,35 1,36 1,37 1,38 Schenker, Alexander M. (1995). „Early Writing“. „The dawn of Slavic: an introduction to Slavic philology“. New Haven and London: Yale University Press. стр. 168–172. ISBN 0-300-05846-2. 

Користена литература[уреди]

  • Fucic, Branko: Glagoljski natpisi. (In: Djela Jugoslavenske Akademije Znanosti i Umjetnosti, knjiga 57.) Zagreb, 1982. 420 p.
  • Fullerton, Sharon Golke: Paleographic Methods Used in Dating Cyrillic and Glagolitic Slavic Manuscripts. (In: Slavic Papers No. 1.) Ohio, 1975. 93 p.
  • Gosev, Ivan: Rilszki glagolicseszki lisztove. Szofia, 1956. 130 p.
  • Jachnow, Helmut: Eine neue Hypothese zur Provenienz der glagolitischen Schrift - Überlegungen zum 1100. Todesjahr des Methodios von Saloniki. In: R. Rathmayr (Hrsg.): Slavistische Linguistik 1985, München 1986, 69-93.
  • Jagic, Vatroslav: Glagolitica. Würdigung neuentdeckter Fragmente, Wien, 1890.
  • Kiparsky, Valentin: Tschernochvostoffs Theorie über den Ursprung des glagolitischen Alphabets In: M. Hellmann u.a. (Hrsg.): Cyrillo-Methodiana. Zur Frühgeschichte des Christentums bei den Slaven, Köln 1964, 393-400.
  • Miklas, Heinz (Hrsg.): Glagolitica: zum Ursprung der slavischen Schriftkultur, Wien, 2000.
  • Steller, Lea-Katharina: A glagolita írás In: B.Virághalmy, Lea: Paleográfiai kalandozások. Szentendre, 1995. ISBN 963-450-922-3
  • Vais, Joseph: Abecedarivm Palaeoslovenicvm in usum glagolitarum. Veglae, [Krk], 1917. XXXVI, 74 p.
  • Vajs, Josef: Rukovet hlaholske paleografie. Uvedení do knizního písma hlaholskeho. V Praze, 1932. 178 p, LIV. tab.

Поврзано[уреди]