Лексика според степенот на употреба во македонскиот јазик
Лексиката според степенот на употреба во македонскиот јазик ја проучува македонската лексика според фреквентноста на употреба на зборовите. Овој вид лексика е една четирите поделби на речничкиот состав на македонскиот јазик.
[уреди] Карактеристики
Во секојдневната комуникација секој човек употребува далеку помалку зборови отколку што реално знае од одредениот јазик, во овој случај Македонскиот. Според истражувањата од областа на лексикологијата, нормално за секој човек е да користи околу 6000 збовори во секојдневниот лексикон. Оваа бројка всушност го застапува активниот речник на еден поединец. Активниот речник е всушност збирот зборови кои еден поединец ги користи во секојдневната комуникација. Спротивно на активниот е пасивниот речник. Пасивниот речник е збир на зборови кои зборувачот на јазикот ги знае, но ги распознава само тогаш кога ќе се сретне со истите, односно кога зборува или чита. Овој пасивен речник не се користи често и редовно.[1]
[уреди] Наводи
- ↑ (на македонски) „Македонски јазик за средно образование“. Скопје: Просветно Дело АД. 2001. стр. 221.