Хебрејска азбука

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Хебрејска азбука
Тип Абџад
Јазици хебрејски, Јидиш, Ладино, и Јудејско-арапски јазици (види Еврејски јазици)
Временски период 3 в. п.н.е. до денес
Матични писма Египетски хиероглифи
 → Прото-синаитски писма
  → Прото-кананитски писма
   → Феникиска азбука
    → Арамејска азбука
     → Хебрејска азбука
Сродни писма набатаеанска
сириска
палмиренска
мандајско
брахмиско
пахлависко
согдиско
Уникоден опсег U+0590 to U+05FF,
U+FB1D to U+FB40
ISO 15924 Hebr
Белешка: Оваа страница може да содржи МФА фонетски знаци во Уникод.


Хебрејската азбука (алеф-бет, на хебрејски: אָלֶף-בֵּית עִבְרִי‎ /алефбет 'иври) се состои од 22 букви и се користи за пишување на хебрејскиот јазик. Пет од овие букви имаат различна форма кога се појавуваат на крај од зборот. Хебрејските букви се користат за пишување и на неколку хебрејски јазици во дијаспората како на пример јидиш, ладино и јудејско-арапски јазик. Писмото се пишува од десно кон лево.

Хебрејскиот збор за „азбука“ е אלפבית (alephbet), именуван според називот на првите две букви од азбуката. Оваа азбука е абџад азбука, што значи користи симболи само за согласки, но подоцна се создале средства за означување на самогласките со додавање на посебен самогласен знак наречен никуд.

Бројот на букви, редоследот на буквите и фонетичката вредност на буквите од хебрејскиот јазик се горе долу исто со арамејскиот јазик, бидејќи двата јазика го превзеле феникиското писмо за пишување.

Според современите лингвисти, модерното писмо (наречено и како квадратесто писмо или блоковно писмо) еволуирало во 3 милениум п.н.е. од арамејското писмо кои се користело од евреите за пишување на нивниот јазик од 6 век п.н.е. Пред тоа, евреите користеле писмо настанато од феникиското писмо и тоа писмо се користи и денес самариќаните го користат тоа писмо за религиски потреби[1].

Содржина

[уреди] Букви

Хебрејската азбука се состои од следните букви, од кои пет имаат посебна форма кога се на крајна позиција.

Алеф Бет Гимел Далет Хе Вав Зајин Хет Тет Јод Каф
א ב ג ד ה ו ז ח ט י כ
ך
Ламед Мем Нун Самех Ајин Пе Цаде Коф Реш Шин/ син Тав
ל מ נ ס ע פ צ ק ר ש ת
ם ן ף ץ

Забелешка: Табелата се чита од десно кон лево..

[уреди] Референци

  1. A History of the Hebrew Language. Cambridge, England: Cambridge University Press. 1993. ISBN 0-521-55634-1. 

[уреди] Библиографија

Корените на хебрејската азбука:

[уреди] Надворешни врски

Тастатури