Ономастика на македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Macedonian language in old cyrillic.svg
„Слогница речовска“

Македонистика
Знаковен јазик
Историја
Книжевност
Регулаторно тело
Дијалекти
Граматика:

Правопис и правоговор:

Ономастиката на македонскиот јазик по дефиниција е наука која ги проучува сопствените имиња. Самиот збор ономастика потекнува од грчкиот глагол „onomadzo“ што во превод значи „именувам“. Ономастиката е релативно нова лингвистичка дисциплина. Во Македонија и македонистиката почнала да се развива и да бележи конкретни резултати во 19 век. Самата научна дисциплина долго време се сметала за дел од останати науки како на пример географија, историја, етнографија и слично.

Поделба[уреди]

Ономастиката се дели на две големи подгрупи кои пак опфаќаат различни ономастички дисциплини. Двете големи подгрупи на ономастиката се[1]:

Македонска топономастика[уреди]

Топономастиката е гранка на ономастиката која се занимава со изучување на топонимите, односно имињата на местата или на географските имиња и нивното настанување. Во зависност од видот на топонимот кој се проучува, топономастиката може да се подели на[1]:

  • хидрономастика, која ги проучува хидронимите т.е. имињата на водните површини како на пример хидронимите „Вардар“, „Треска“, „Црна Река“, „Лагадинско Езеро“ и слично.
  • орономастика, која ги проучува оронимите т.е. имињата на планините, ридовите, висорамнините, долините, котлините или полјаните како на пример оронимите „Шар Планина“, „Полог“, „Малешевски Планини“, „Пирин“ и слично.
  • ојкономастика, која ги проучува ојкономите т.е. имињата на населбите, населените места како на пример „Костур“, „Горна Џумаја“, „Тетово“, „Куманово“ и слично.

Топономастиката во своите проучувања се користи со топономастичка стратиграфија. Таа ги проучува разните слоеви на имиња на места што настанале поради менување на јазикот и народот во дадена територија, а кои при тоа се отсликуваат во географското име. Самата стратиграфија се потпира на принципот дека јазиците и народите можат да исчезнат од дадената територија, но имињата што ги дале исчезнатите народи на географските објекти можат да се одржат во народот кој го заменил исчезнатиот народ. Во ова голем придонес има и археологијата[1].

Македонска антропономастика[уреди]

Антропономастиката е втората подгрупа на ономастиката која ги проучува антропонимите, односно сопствените имиња на луѓето. Антропономастиката всушност се занимњава со проучување на сопствените имиња, презимиња и прекари.[1]

  • Сопствените имиња се оздраз на минатите цивилизации, па неретко се и живи сведоци на некогашните верувања и сфаќања. Сопствените имиња можат да бидат прости како на пример името „Драги“ или сложено како а пример името „Драгомир“. Личното име од секогаш се добивало според вкусот на луѓето, начинот на живеење или пак спорд условите на живеење. Личните имиња се доста важни за ономастиката бидејќи од нив се добиваат презимињата или семејните прекари.
  • Презимињата во македонскиот јазик најчесто се добиваат со додавање наставки -ски, -вски, -ов, -ев и слично на одредено име. Понекогаш е доста тешко да се објасни потеклото на одредени презимиња.
  • Прекарите најчесто се даваат според видот на занимањето, според некоја физичка или карактерна особина или пак според некој недостаток.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 (на македонски) „Македонски јазик за средно образование“. Скопје: Просветно Дело АД. 2001. стр. 254 - 256. 

Видете исто така[уреди]