Удвоени согласки во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонска фонетика и фонологија
Македонската буква и глас „ѕ“.
Гласови
Писмо
Поврзано

Удвоените согласки во македонскиот јазик се две согласки едноподруго во префиксирани зборови, во членувани именки, како и во формите за суперлатив.

Како удвоени се јавуваат: т, д, с, з, ј, л, м, в и р.

Удвоени т и д[уреди | уреди извор]

Согласките т и д се пишуваат удвоено во префиксирани зборови кога основниот збор почнува со т или д, а пред него стојат претставките од-, под- и над-.

Примери: оттука, оттаму, поттик, поттикнува, оттогаш, оттуши, поттури, наттрча, оттиши, оттурне; одделно, оддели, оддалеку, одделение, оддел, оддава, оддалечен, оддаде, оддене, оддесно, оддивне, оддив, поддава, поддржи, поддршка, поддувне, наддаде, наддава, наддавач, наддели.

Согласката т се пишува удвоено и во членуваната форма кај именките од женски род на .

Примери: смртта, потта, пролетта.

Исто така две т се пишуваат и во членуваната форма на простите броеви, како и бројните придавки образувани од броеви што завршуваат на .

Примери: деветте, седумнаесетте, деветти, деветтиот, осумнаесеттиот, седумнаесетти.

На истиот начин се пишуваат и бројните форми со значење на дропка.

Примери: една деветтина, една петтина.

Удвоени с и з[уреди | уреди извор]

Согласките с и з се пишуваат удвоено во префиксирани зборови кога основниот збор почнува со с или з, а претставката е: из-, без- или раз-.

Примери: бессонен, бессоница, бессолен, бессочен, бессочност, нессемеен, бессилен, бессемен, рассили, обессили, безземјен, беззаконие, беззаконик, беззабен, раззелени, раззаби, разземе, раззори, иззавитка, иззаклучи, иззабради, иззакрпи, иззапали, иззаврзе, иззавитка.

Удвоено м[уреди | уреди извор]

Удвоено м се пишува во бројните форми за лица.

Примери: осуммина, седуммина, дваесет и осуммина.

Удвоено ј[уреди | уреди извор]

Удвоено ј се пишува во суперлативот од придавки што започнуваат со ј.

Примери: јасен - најјасен, јужен - најјужен, јадар - најјадар, јак - најјак, јуначен - најјуначен, јаростен - најјаростен.

Удвоено в[уреди | уреди извор]

Удвоено в се пишува во случај кога имаме префиксиран збор кој почнува со в, а претставката завршува со в.

Примери: противвредност, противвоздушен, противвоен.

Удвоено л[уреди | уреди извор]

Удвоено л се пишува во зборовите: абдаллак, бакаллак, ѕвездаллија, јамболлија, каллив, овтикаллија, параллија.

Удвоено п[уреди | уреди извор]

Удвоено п се пишува во зборот: супполарен.

Удвоено р[уреди | уреди извор]

Удвоено р се пишува во странски сложени зборови.

Примери: суперревизија, суперрадио.

Извор[уреди | уреди извор]

  • Круме Кепески, Граматика на македонскиот литературен јазик: за училиштата за средно образование, Просветно дело, Скопје, 1990.
  • Цветковски, Живко; Веновска-Антевска, Снежана. Правопис на македонскиот јазик (Второ издание. изд.). Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ - Скопје. ISBN 978-608-220-042-2. Посетено на 19 ноември 2020.