Глаголска л-форма во македонскиот јазик
Глаголската л-форма е една од повеќето прости глаголски форми во македонскиот јазик. Глаголската л-форма го има добиено својот назив по основната карактеристика, односно според завршетокот на глаголите.
Содржина |
[уреди] Карактеристики
Како што веќе е напоменато, името на простата глаголска л-форма е добиено по карактеристичната наставка -л. Оваа глаголска л-форма има промена само по род и по број[1].
Кај глаголите од а-група постои само една форма како на пример „копал“. Глаголите од е-група и и-група често образуваат по две л-форми како на пример „станал/станел“ или „паднал/паднел“. Од примерите може да се дојде до заклучок дека постојат свршени и несвршени л-форми од несвршени и свршени глаголи. Едната л-форма изразува свршено дејство (пр. станал) додека другата несвршено дејство (пр. станел).[2]
[уреди] Образување
Според образувањето на л-формата се изделуваат глаголи од е-група со о-раздел. Тука се јавуваат[2][1]:
- редување на согласки - пр. текол, течел
- испуштање на самогласки -пр. текол, текла
- скратување - пр. јадел, јал
- неправилно образување - пр. дојдел, дошол
Во однос на употребата се изделуваат несвршени л-форми од свршени глаголи (пр. дојдел). Тие не се самостојни туку одат со некои сврзници и партикули како на пример со ако, да ќе и слично. Така се образува фраза „ако дојдел“, а не „јас дојдел“. [1]
Покрај основната функција, со оваа глаголска форма се градат и одредени сложени глаголски форми како на пример минато неопределено време, предминато време, идно прекажано време и можен начин.[2]
[уреди] Наводи
- ↑ 1,0 1,1 1,2 Бојковска, Стојка; Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски (декември 2008). Саветка Димитрова. уред (на македонски). „Општа граматика на македонскиот јазик“. Скопје: АД Просветно Дело. стр. 196-197. ISBN 978-9989-0-0662-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 (на македонски) „Македонски јазик за средно образование“. Скопје: Просветно Дело АД. 2001. стр. 222 и 224.