Заповеден начин во македонскиот јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонски глаголски форми
Буква глагол на глаголица.
Општо


Прости глаголски форми
Сложени глаголски форми
Поврзано

Заповедниот начин во македонскиот јазик се посебни глаголски форми со кои се искажува одредена заповед и се дел од групата на прости глаголски форми. Карактеристично за заповедниот начин е тоа што заповеден начин има само за трето лице еднина и множина. Оваа ситуација е така бидејќи заповед се искажува во директен дијалог со соговорникот и при тоа соговорникот го претставува второто лице. Покрај оваа одлика, заповедниот начин може да се сретне во две форми и тоа во директна и индиректна форма.[1]

Директни и индиректни форми[уреди | уреди извор]

Директната и индиректната заповед се разликуваат по тоа за кому и како наредбата е упатена. Ако наредбата е искажана во директен дијалог со соговорникот тогаш говорникот претставува второ граматичко лице. Кога заповедта е искажана во второ лице еднина или множина тогаш станува збор за директна заповед.[1]

пр: Оди и среди ја собата!

Од другата страна пак е индиректната форма која се распознава по користењето на честиците да или нека или формите на сегашното време како на пример да оди, нека оди, нека одат. Со индиректната заповед се дава наредба на некое трето лице или лица или повик на заедничка наредба. Иако на прв поглед овие форми наликуваат на заповедни, сепак не се.[1]

пр: Нека купи светилки во продавницата!

Сложени форми со заповедно значење можат да се искажат и во второ лице, како на пример:

Да одиш на факултет од следната година!

Образување[уреди | уреди извор]

Заповедните форми за второто лице еднина и множина во македонскиот јазик се образуваат преку:

  • користење на наставките - ј за еднина и - те за множина за глаголите од е и и групата. Кај а групат наставките се додаваат на основната самогласка, додека од е и и групата на општиот дел од глаголот.
пр: гледа - гледај, пие - пијте, стои - стој
  • користење на наставките во еднина и -те во множина кај глаголите од е и и групата. Наставката се додава на општиот дел од глаголот, додека наставката -те на основната самогласка.
пр: каже - кажи, молчи - молчете

При искажување на заповеден начин со негативно значење, тогаш се употребуваат зборовите не, немој, немојте и да конструкцијата пред глаголот. Во негативните форми најчесто се користат несвршените глаголи.

пр: не оди, немој да одиш

Овие негативни форми имаат значење на забрана, ако се користат свршени глаголи тогаш значењето е во вид на закана или забрана.

пр: Не појди, па ќе видиш!

Од некои глаголи не може да се образи заповеден начин како што е на пример глаголот може и други слични на него.

Значење[уреди | уреди извор]

Основна функција на заповедните форми се давање заповед, наредба или забрана. Покрај овие првостепени значења, заповедните форми можат да искажат и[1] :

  • повторливост во минатото
  • севременост, пр. Двапати мери, еднаш сечи.
  • услов, пр. Покажи му малку страв и веднаш ќе те нападне.
  • личен став, пр. Види го ти него, знае и да навредува!

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Стојка Бојковска, Димитар Пандев, Лилјана Минова - Ѓуркова, Живко Цветковски (2001). Македонски јазик за средно образование. Скопје: Просветно Дело АД. стр. 194 и 195. Недостасува |author1= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]