Македонски знаковен јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Macedonian language in old cyrillic .svg
„Слогница речовска“

Македонистика
Знаковен јазик
Историја
Книжевност
Регулаторно тело
Дијалекти
Граматика:

Правопис и правоговор:

Македонскиот знаковен јазик е јазичен систем за комуникација на глувите и наглувите лица во Македонија. Јазикот се базира на гестикулации како основни елементи на комуникација, со развиена знаковна азбука и има специјален заштитен законски статус во Македонија. Македонската знаковна азбука може да биде изведена со една или со две раце. Точната бројка на корисници на овој јазик не е сосема позната, но се проценува дека е над 6.000 лица.[1]

Општи карактеристики[уреди]

Основна карактеристика на глувите и наглувите лица во Македонија и светот е тоа што имаат развиен знаковен систем со кој се комуницира. Тој јазичен систем е природен систем на комуникација и е на исто рамниште со вербалната комуникација. Говорот со знаковен јазик е намерно свесно изразување на внатрешната состојба или секој вид на изразување на мисли со цел да меѓусебно се разберат корисниците на знаковниот јазик преку специфично изграден јазичен систем на движења и поставеност на рацете. Овој јазик е систем на договорени движења на делови на телото. Основно средство за комуникација е раката, нејзината поставеност, движење, позиција и ориентација. Сите овие елементи се важни при пренесување на замислената мисла на соговорникот. Покрај рацете, за искажување на мисли, опстојуваат движења на главата, фацијална експресија, движење на устата и движење на телото.[2]

Азбука[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Македонска знаковна азбука.

Македонската знаковна азбука е азбука со која се служи македонскиот знаковен јазик. Азбуката се состои од 31 знак што е еднакво на 31 глас во македонскиот јазик. Секоја буква има посебен знак и со нив се изразуваат основните елементи на знаковниот јазик. Карактеристично за знаковната збука е тоа што таа има два вида, односно знаковна азбука со една рака и знаковна азбука со две раце.[3]

Законска регулатива[уреди]

Македонскиот знаковен јазик и неговата употреба се регулирани со „Законот за употреба на знаковниот јазик“ во Македонија. Законот бил донесен на 21 август 2009 година кога истиот бил објавен во Службениот весник на Република Македонија. Со самиот закон се „уредува правото на употреба на знаковниот јазик, правото на глувите лица на знаковен јазик, изучување на знаковниот јазик, толкување на знаковниот јазик, задачите на Националниот сојуз на глуви и наглуви на Македонија, финансирањето на Сојузот, остварувањето на правата на лицата и прекршочните санкции.“[4]

Знаковниот јазик, според Законот, се смета за природен начин на комуникација и е на исто рамниште со говорната комуникација. Овој јазик е јазик со кој се разбираат лицата со оштетен слух. Јазикот е дефиниран како визуелно- знаковен јазичен систем „кој подразбира одредена поставеност, позиција, насоченост и движење на рацете и на прстите и мимика на лице.“[4]

Со законот на Македонија, секоја државна и општествена институција е должна да обезбеди толкувач на знаковен јазик ако одредено лице има потреба од истото. Обука за изучување на знаковниот јазик во Македонија врши Сојузот на глуви и наглуви на Македонија и Институт за дефектологија во Скопје. Толкувачите кои ја поминале обуката се стекнуваат со сертификат за овластен толкувач на територијата на Македонија. [4]

Јазикот и медиумите[уреди]

Знаковниот јазик во македонските медиуми не е доволно присутен и не ги задоволува потребите на граѓаните. Денес постојат едвај неколку емисии, од кој било вид, на македонски знаковен јазик. До денес, на македонските медиуми се забележани кратки вести за лица со оштетен слух на националната телевизија МТВ и на истата телевизија долго време опстојува и образовно-забавната емисија „Светот на тишината“, која е специјално дизајнирана емисија за лица со оштетен слух. На останатите медиуму воопшто нема емисии за лица со оштетен слух, а нема ни приспособување на одредени емисси со толкувачи. Иако општата ситуација во овој поглед не е како што треба, сепак се забележува некој мал напредок. Така на пример, емисијата „Не си сам“, која се прикажува на А1 ТВ, каде има и толкувач за лицата со оштетен слух.

Наводи[уреди]

  1. Околу 6.000 глуви лица бараат од МТВ вести со знаковен јазик
  2. Македонскиот знаковен јазик
  3. „Знаковната македонска азбука на страницата на НСГНМ“. http://www.deafmkd.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=58&Itemid=83&lang=mk. конс. 14 октомври 2010. 
  4. 4,0 4,1 4,2 Закон за употреба на знаковниот јазик, Службен весник на Република Македонија, број 105, 21 август 2009, Скопје

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]