Македонска азбука
|
|
| Македонистика Знаковен јазик Историја Книжевност Регулаторно тело Дијалекти Граматика: |
Македонската азбука е официјално писмо на територијата на Република Македонија. Се заснова на кирилицата со одредени модификации приспособени на македонскиот фонетски систем. Современата македонска азбука се темели на кириличната азбука на Крсте Петков Мисирков, а некои ортографски знаци се преземени од азбуката на Вук Караџиќ иако Крсте Петков Мисирков користел знаци за истите тие гласови. Од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени графовите за буквите љ, њ и џ, а сите останати специфичности се според препораките на Мисирков. Истите букви присутни се и во азбуката на Крсте Петков Мисирков, но со графички симболи л' и н'.
Важно е да се напомне дека од азбуката на Вук Караџиќ се прифатени само графовите за буквите, но не и гласовите кои на овие графови им соодветствуваат во истата азбука.
Содржина |
Историска позадина [уреди]
Македонскиот книжевен јазик е јужнословенски јазик со една од најстарите книжевнојазички традиции и службен јазик во Македонија. Спаѓа во групата на јужнословенски јазици со околу 3 милиони говорници во Македонија, Грција, Албанија, Бугарија, САД, Канада, Австралија и други земји. Македонскиот јазик станал официјален јазик на Социјалистичка Република Македонија во 1944.
Од крајот на XVI век говорниот македонски јазик почнал да се јавува во пишана форма, иако неговата современа стандардна верзија е утврдена дури во 1945. Низ историјата македонскиот јазик се запишувал со следните писма:
- Глаголица - ранохристијанска азбука,
- Кирилица - или позната како старомакедонска азбука или црковномакедонска азбука,
- Илинденска азбука - кирилична поупоростена верзија,
- Македонска преродбеничка азбука - кирилична упоростена верзија,
- Македонска абецедарска азбука - латинична македонска азбука.
Азбука [уреди]
Во следниве таблици се дадените големите и малите букви:
| Големи букви | ||||||||||||||||||||||||||||||
| А | Б | В | Г | Д | Ѓ | Е | Ж | З | Ѕ | И | Ј | К | Л | Љ | М | Н | Њ | О | П | Р | С | Т | Ќ | У | Ф | Х | Ц | Ч | Џ | Ш |
| Мали букви | ||||||||||||||||||||||||||||||
| а | б | в | г | д | ѓ | е | ж | з | ѕ | и | ј | к | л | љ | м | н | њ | о | п | р | с | т | ќ | у | ф | х | ц | ч | џ | ш |
Оваа азбука претставува печатен облик на писмото, додека ракописното писмо е многу поразлично.
Освен вообичаените звуци на буквите ѓ и ќ, во некои наречја овие букви звучат како /ʥ/ и /ʨ/, соодветно. Според истражувањата на Американското криптограмско здружение, најчеста македонска буква е „а“, меѓу трите најчести се и „о“ и „и“.[1]
Уникатни букви [уреди]
Македонскиот јазик содржи ред посебни фонеми (споредено со соседите); затоа, се јавува потреба од посебни македонски букви. Историски гледано, овие букви потекнуваат од 19-тиот век. Во своето дело За македонцките работи, македонистот Крсте Петков Мисирков користи комбинации од г' и к' за да ги претстави фонемите /ѓ/ и /ќ/. Покрај тоа, буквата i тогаш се користела каде што денес се користи ј.
Буквите љ, њ и џ гледани по облик се од српско потекло, но нивните предци се јасно илустрирани во Мисирковата книга како л' и н', а во порани текстови како ль и нь (како во делата на Марко Цепенков), кои очигледно служеле како инспирација за современите адаптации. Изненадувачки, сè до крајот на Втората Светска војна, овие букви спарени со меки знаци се користеле наместо денес утврдените облици. Постојат индикации дека денешниот изговор на гласот љ како лј, всушност е наметнат од северните македонски дијалекти, додека оригиналниот изговор на гласот е мекото л, односно ль, како во централно-западните дијалекти. Така во Мијачијата сѐ уште се пишува и се изговара Лубе наместо Љубе.
Денес, буквата ѕ е единствена на македонскиот јазик, но мора да се спомене дека истата е многу постара, бидејќи постоела во старословенското писмо.
Акцентираните букви „è“, „ѝ“ не се сметаат за посебни букви, ниту за вистински акцентирани букви (како во францускиот, на пример), туку тие се стандардните букви „е“, „и“ кои се одбележуваат со надреден знак во зборови кои имаат хомографи, за нивно разликување.
Видете исто така [уреди]
- Развојот на македонската азбука
- Македонски јазик
- Македонско ракописно писмо
- Романизација на македонскиот јазик
- Македонска транскрипција на странски јазици
- Македонска латиница
- Старомакедонска азбука
- Црковномакедонска азбука
- Глаголица
- Македонска преродбеничка азбука
- Илинденска азбука
- Македонска абецедарска азбука
- Македонски писма
- Историја на македонскиот јазик
Надворешни врски [уреди]
|
|||||
|
||||||||||||||
Грешка во наводот: Статијата има ознаки <ref>, но не ја најдов потребната ознака {{наводи}} (или <references/>).