Белоруска азбука
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Белоруска азбука |
|
| Тип | Азбука |
|---|---|
| Јазици | Белоруски |
| Врем. период | 1918 до денес |
| Матични системи |
Кирилица
|
| Сродни системи | Белоруска латиница Белоруска арабица Руска Украинска |
| Уникоден опсег | подмножество на Кирилица (U+0400...U+04F0) |
| Напомена: Страницава може да содржи фонетски симболи од МФА. | |
| Белоруски јазик Беларуская мова |
|---|
|
|
|
|
Белоруската азбука (белорус. Беларускі алфавіт) е кирилична азбука која води потекло од старословенската азбука. Во денешниот современ облик постои од 1918 година и се состои од 33 букви. Се користи за пишување на белорускиот јазик, јазик од групата источнословенски јазици. Видете и Белоруска латиница и Белоруска арабица.
Содржина |
Букви [уреди]
| Буква | Назив со мак. изгов. | Макед. транскр. | МФА |
|---|---|---|---|
| А а | а (а) | а | /a/ |
| Б б | бэ (бе) | б | /b/ |
| В в | вэ (ве) | в | /v/ |
| Г г | гэ (ге) | г | /ɣ/ |
| Д д | дэ (де) | д | /d/ |
| Е е | е (је) | је | /je, /ʲe/ |
| Ё ё | ё (јо) | јо | /jo/, /ʲo/ |
| Ж ж | жэ (же) | ж | /ʒ/ |
| З з | зэ (зе) | з | /z/ |
| І і | і (и) | и | /i/, /ʲi/, /ji/ |
| Й й | і нескладовае (и кратко) | ј | /j/ |
| К к | ка (ка) | к | /k/ |
| Л л | эл (ел) | л | /l/ |
| М м | эм (ем) | м | /m/ |
| Н н | эн (ен) | н | /n/ |
| О о | о (о) | о | /o/ |
| П п | пэ (пе) | п | /p/ |
| Р р | эр (ер) | р | /r/ |
| С с | эс (ес) | с | /s/ |
| Т т | тэ (те) | т | /t/ |
| У у | у (у) | у | /u/ |
| Ў ў | у нескладовае / у кароткае (у неслогово) / (у кратко) |
в | /w/ |
| Ф ф | эф (еф) | ф | /f/ |
| Х х | ха (ха) | х | /x/ |
| Ц ц | цэ (це) | ц | /ts/ |
| Ч ч | чэ (че) | ч | /tʃ/ |
| Ш ш | ша (ша) | ш | /ʃ/ |
| Ы ы | ы (’и) | и | /ɪ/ |
| Ь ь | мяккі знак (мек знак) |
ј | /ʲ/ |
| Э э | э (е) | е | /e/ |
| Ю ю | ю (ју) | ју | /ju/, /ʲu/ |
| Я я | я (ја) | ја | /ja/, /ʲa/ |
| ’ | апостраф (апостроф) |
’ |
Подробности [уреди]
Официјално, буквата <г> се чита и како /ɣ/ и како /ɡ/, иако втората варијанта се среќава само во заемки и мимеза. Буквата „ґ“ некои ја користат за вториот глас, но таа никогаш немала место во стандардната кодификација на велоруската азбука.
Комбинациите „дж“ и „дз“ се совпаѓаат со гласовите на македонските букви „џ“ и „ѕ“.
„Ў“ не е засебна фонема, туку неутрализација на „в“ и „л“ кога не се проследени од самогласка, како да речеме пред согласка или на крајот на зборот.
Палатализацијата на согласките главно се означува со избор на самогласна буква, како што може да се види подолу во примерот за /p/ и /pʲ/, кои обете се пишуваат со буквата „п“:
-
-
Палатализација /p/ /pʲ/ крајна п пь пред а па пя пред е пэ пе пред и пы пі пред о по пё пред у пу пю
-
Кога согласката не е палатализирана и му претходи на гласот „ј“, тогаш се користи апостроф (’) за одвојување на јотираната самогласка: „п’я“, „п’е“, „п’і“, „п’ё“, „п’ю“ (пја, пје, пи, пјо, пју) („І“ е палатизирана верзија на „ы“ и претставува една едиствена фонема). Апострофот не се смета за буква, па така не се користи при азбучни редења.
Историја [уреди]
Средновековната кирилица (XI век) имала 43 букви. За време на еволуирањето на белоруската азбука биле исфрлени 15 букви, од кои последните четири биле исфрлени со воведувањето на официјалната белоруска граматика во 1918. Биле додадени 4 букви, и така била создадена денешната белоруска азбука.
Додадените букви биле:
- „э“, која се појавила во белоруските текстови кон крајот на XV век.
- „й“, која еволуирала од „и“, комбинирана со дијакритички знак кон крајот на XVI век (споредба: во руската азбука од 1735).
- „ё“, која била преземена од руската азбука кон средината на XIX век (споредба: во руската азбука од 1797).
- „ў“ („кратко у“), по предлог на рускиот лингвист Петар Александрович Бессонов во 1870 год.
Наводи [уреди]
- Да рэформы беларускай азбукі. // Працы акадэмічнае канферэнцыі па рэформе беларускага правапісу і азбукі. – Мн. : [б. м.], 1927.
- Ян Станкевіч. Які мае быць парадак літараў беларускае абэцады [1962] // Ян Станкевіч. Збор твораў у двух тамах. Т. 2. - Мн.: Энцыклапедыкс, 2002. ISBN 985-6599-46-6
- Б. Тарашкевіч. Беларуская граматыка для школ. - Вільня : Беларуская друкарня ім. Фр. Скарыны, 1929 ; Мн. : <Народная асвета>, 1991 [факсімільн.]. - Выданьне пятае пераробленае і пашыранае.
- Што трэба ведаць кожнаму беларусу. Выданне „Вольнае Беларусі“. - Менск : друк-ня А. Я. Грынблята, 1918 ; Менск : Беларускае коопэрацыйна-выдавецкае таварыства ″Адраджэньне″, 1991 [факсімільн.]. - Зборнік артыкулау розных аутарау: М. Міцкевіча, Я. Лёсіка, В. Ластоўскаго, М. Багдановіча, Пётр[?] з Арленят і інш.
Видете исто така [уреди]
Надворешни врски [уреди]
- Вовед во белоруската азбука (англиски)
- Вовед во белоруската латиница (англиски)
- Белоруски јазик пишуван со арабица (англиски)
- Честота на буквите во белорускиот и рускиот јазик (англиски)
- Белоруската азбука (белоруски)
|
||||||||||||||