Бранислав Тарашкиевич

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Портрет на Б. Тарашкиевич.

Бранислав Адамавич Тарашкиевич (белоруски: Браніслаў Адамавіч Тарашкевіч, Branisłaŭ Adamovič Taraškievič, руски: Бронислав Адамович Тарашкевич, полски: Bronisław Adamowicz Taraszkiewicz; 20 јануари 1892 – 29 ноември 1938) бил белоруски јазичар, политичар и општественик.

Кариера[уреди]

Тарашкиевич е славен по тоа што тој е создавачотна првата стандардизирана формана белорускиот јазик. Првиот обид за стандардизација Тарашкиевич го извршил во почетокот на 20 век.[1] Оваа стандардна форма која ја задал во својата книга, подоцна била „русизирана“ за време на советскиот период. Како резултат на тоа, белорускиот јазик има две стандардни форми: современ белоруски (т.н. русизиран) и класичен белоруски (т.н. тарашкевица). Тарашкевицата сè уште се користи од одрдена група интелектуалци и од страна на белоруската дијаспора.

Тарашкиевич бил член на Комунистичката Партија на Западна Белорусија (Камуністычная партыя Заходняй Беларусі, КПЗБ) во Полска и поради тоа бил затворен од властите (1928 - 1930). Како член на Белорускот претставнички клуб, тој бил пратеник во полскиот парламент во 1922 и 1927. Меѓу другото, тој го превел Господин Тадија на белоруски.

Во 1933 година Тарашкиевич бил ослободен од казната затвор поради полско-рускиот договор за замена на затвореници, поточно Тарашкиевич за Францишак Алахнович. Тарашкиевич умрел во 1930-те како жртва на Големата чистка.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]