Виртуелна меѓународна нормативна податотека

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Виртуелна меѓународна нормативна податотека
Virtual International Authority File
(VIAF)
URL VIAF.org
Комерцијално? no
Тип пребарувач, електронски каталог
Регистрација не
Расположиви јазици англиски
Сопственик OCLC
Творец заеднички проект на 4 библиотечни организации
Тековен статус активно

Виртуелната меѓународна нормативна податотека (англ. Virtual International Authority File, крат. VIAF) е меѓународна нормативна податотека, заеднички проект на неколку национални библиотеки кој го води електронскиот библиотечен центар OCLC.[1] Негови иницијатори се Германската национална библиотека и Конгреснатата библиотека на САД.

Целта на системот е поврзување на националните нормативни податотека (како што е германската Називна нормативна податотека) во една виртуелна нормативна податотека. Така, истоветните записи се спојуваат во единствена евиденција, и секој од нив добива стандарден број, основни записи за алтернативни и застарени називи преземени од изворната евиденција, кои се однесуваат на таа база. Сите овие информации се достапни на интернет за истражување, споделување и размена на податоци. Заемното подновување го користи протоколот OAI.[2]

Библиотеки-учеснички[уреди]

Назив Изворен назив Град Земја
Централен институт за обединет каталог Istituto Centrale per il Catalogo Unico Рим  Италија
Германска национална библиотека Deutsche Nationalbibliothek Франкфурт  Германија
Истражувачки институт „Гети“ Getty Research Institute Лос Анџелес  САД
Библиотека и архив на Канада Library and Archives Canada Отава  Канада
Александриска библиотека Bibliotheca Alexandrina Александрија  Египет
Конгресна библиотека Library of Congress Вашингтон  САД
Национална библиотека на Австралија National Library of Australia Канбера  Австралија
Национална библиотека на Франција Bibliothèque nationale de France Париз  Франција
Национална библиотека на Израел הספרייה הלאומית Ерусалим  Израел
Национална библиотека на Португалија Biblioteca Nacional de Portugal Лисабон  Португалија
Национална библиотека на Шпанија Biblioteca Nacional de España Мадрид  Шпанија
Кралска библиотека Kungliga Biblioteket Стокхолм  Шведска
Народна библиотека на Чешка Národní knihovna České republiky Прага  Чешка
Национална библиотека „Сечени“ Országos Széchényi Könyvtár Будимпешта  Унгарија
Библиотечна мрежа на западна Швајцарија Réseau des bibliothèques de Suisse occidentale или
Westschweizer Bibliothekverbund
 Швајцарија
Универзитетски документациски систем Système universitaire de documentation (Sudoc)  Франција
Швајцарска национална библиотека Schweizerische Nationalbibliothek
Bibliothèque nationale suisse
Biblioteca nazionale svizzera
Rete delle bibliotheche della Svizzera occidentale
Берн  Швајцарија
Заеднички каталог на полските научни библиотеки NUKAT: katalog zbiorów polskich bibliotek naukowyc  Полска
Ватиканска библиотека Bibliotheca Apostolica Vaticana Ватикан  Ватикан

Библиотеки додадени за проби[уреди]

Назив Изворен назив Град Земја
Фламански јавни библиотеки (BIBNET) Брисел  Белгија
Руска државна библиотека Российская государственная библиотека Москва  Русија
BIBSYS  Норвешка

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Kelley, Michael; Schwartz, Meredith (2012). „VIAF service transitions to OCLC“. „Library Journal“ (Media Source Inc.) 137 (8): 16. 
  2. Open Archives Initiative

Надворешни врски[уреди]