Александрија
Од Википедија, слободна енциклопедија
Александрија (на арапски الإسكندرية, ал-искандарија, на грчки: Αλεξάνδρεια) е вториот по голмина град во Египет, и најголемото морско пристаниште на Средоземното море, кој во 331 година п.н.е. го основал Александар Македонски. Градот има 4 000 000 жители. Градот се простира на 32 километри на афричкото средоземноморие во северен Египет.
Александрија најмногу е позната по старата и новата Александриска библиотека, потоа градот е важно седиште поради нафтоводот и плинот.
Во античко време, најмногу градот бил познат по Светилникот кој претставува едно од седумте светски чуда.
Содржина |
[уреди] Име
Името на овој град произлегува од војсководецот Александар Македонски. Градот бил седиште на птоломеовата филозофија и многу брзо по неговото основање станал еден од најголемите градови во еленистичкиот период, а по големина и богатство зад Рим. Само што муслиманските владетели го основале градот Каиро, и со тоа го прогласиле за главен град, важноста на градот започнала да опаѓа.
[уреди] Основање
Како главен архитект при основањето на градот од страна на Александар Македонски бил прогласен Динократ. Постојат многу митови и легенди за периодот сврзан со самото основање на градот, неговото креирање се до борбите со морските чудовишта. Самиот основач на градот само по неколку месеци си отишол од градот и тргнал кон нови предизвици и никогаш повеќе не се вратил. Неговиот заменик Клеомен продолжил да го развива градот. Алесандрија била многу важно место и град од тој период бидејќи многу блиску до градот се наоѓа реката Нил. Околу градот се наоѓале пет доморотски села.
[уреди] Историја
Кога на 26 септември 642 година, арапите ја превземале Александрија, Амр ибн ал Ас, војсководецот на победоносната војска, му потскажал на својот господар, халифот Омар, дека во градот има 4 000 дворци, 4 000 општествени бањи, 400 театри и сали и 1 200 градини. Во тие времиња Александрија веќе преживеала едно пустошење од страна на персијците околу 619 година, била разрушена Евреиската населба по заповед на патриархот Кирил (во 415 година) и разрушавањето на редица храмови и споменици, во резултат на декретите поставени од страна на император Теодосиј I (во 383 г.).
Со зазимањето на градот од страна на арапите Александрија престанал да биде составен дел од Византија, со кое и самото значење на градот се намлило. Во 1517 година турците го зазеле Египет. Во тоа време областа околу Нил, исто како и во времето на Месопотамија и Грција, била управувана од многу неискусни раководители. Градот уште повеќе пропаѓал кога бил откриен поморкиот пат кон истокот. На крајот песоците ги затрупиле напуштените пристаништа и остатоците од древните објекти.
[уреди] Модерната историја на градот
Самиот град започнал многу да се развива повторно во рамките на воените операции на Наполеон Бонапарта до Египет во текот на 1798 година. Градот од страна на францзите бил превземен на 2 јули 1798 година и под нивна власт останал се до пристигање на британската експедиција во 1801 година. Британците ги победиле на французите во битката за Александрија на 21 март 1801 година.Мухамед Али, османлискиот гувернер на Египет започнал повторно да го гради градот и да го развива по 1810 година, но тоа не траело многу бидејќи во 1882 година градот бил бомбардиран од страна на британските морски сили а со тоа и окупиран. Во 1954 година градот бил бомбардиран од страна на армијата на Израел.
[уреди] Седиште на егзархиската школа
Градот е многу попознам според алегориските методи на учењата според Библијата. Имал претставници како што се Филон, Св. Климент Александријски и Ориген. Под притисок на филозофијата на Платон која била многу застапена во 2 век и 3 век, оваа школа прераснува.
[уреди] Население
Со 3,87 милиони жители(од пописот на населението од 2006 година) градот го зазима второто место по големина во Египет и десетото во Африка.
[уреди] Развој на населението
Година Население
1976 (попис) 2.318.655
1986 (попис) 2.917.327
1996 (попис) 3.328.196
2006 (попис) 3.865.502
[уреди] Градот според Страбон
Страбон за градот Александрија напишал: "Многу поволна местоположба и тоа поради многу причини . Од две страни се граничи со вода: на север со Египетското море, а на југ со Маторското езеро. Во езерото се влива реката Нил по многу канали, по кои се пренесува повеќе стока, отколку по море. Ивозот од морските пристаништа е многу поголем, отколку вносот. Градот се разположил врз плоштина, која наликува на наметка. Долга е триесетина стадии и е широка седум или осум. Надалеку се наоѓаат улиците, по кои може да мунуваат коњите, а две од нив се особено широки. Улиците се пресекуваат под прав агол. Во градот има многу општествени згради и царски дворци, кои зазимаат една четвртина, а можеби и една третина од неговата плоштина...
Сите згради се взаемно поврзани, поврзани се и со пристаништето, кое се наоѓа од надворешната страна на градот. Во еден дел од царскиот двор се наоѓа музеј. До него пак се наоѓа една зграда каде е трпезаријата за просветителите, кои работат во музеот. Блиску до големото пристаниште се наоѓа остров од десната страна. Од лево пак се подводните скали и полуостровот Лохиј со тврдината. При влегување во пристаништето со брод, од левата страна се гледаат царските дворци кои се сврани со тврдината на истиот полуостров. Зад нив се наоѓа пристаништето кое било користено само за царовите но сега е затворено. Понатаму се гледа и малиот остров Антиродос каде исто така се наоѓа уште еден царски двор...''
[уреди] Личности
[уреди] Родени во Александрија
o Константинос Кавафис (1863-1933), поет
o Клеопатра VII (69 пр.н.е.-30 пр.н.е.), владетелка
o Ориген (182-253), теолог
o Омар Шариф (р. 1932), актер
[уреди] Починале во Александрија
o Константинос Кавафис (1863-1933), поет
o Клеопатра VII (69 пр.н.е.-30 пр.н.е.), владетелка
o Лукиан од Самосата (120-192), писател
o Марк Антониј (83 пр.н.е.-30 пр.н.е.), римски политик

