Русија
Од Википедија
| Российская Федерация
Руска Федерација
|
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Химна: Государственный гимн Российской Федерации (руски) Државна химна на Руската Федерација |
||||||
| Главен град | Москва |
|||||
| Најголем град | главниот град | |||||
| Официјални јазици | Руски | |||||
| Етнички групи | 79.8 % руси 3.8 % татари 2.0 % украинци 1.2 % башкири 1.1 % чуваши 12.1 % други |
|||||
| Демоним | русин | |||||
| Општествено уредување | федерација полу-претседателскa република | |||||
| - | Претседател | Димитриј Медведев | ||||
| - | Премиер | Владимир Путин | ||||
| - | Претседател на Совет | Сергеј Миронов | ||||
| - | Претседател на Думата | Борис Гризлов | ||||
| Основана | 862. Призвање на варјаги во Русија | |||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупно | 17.075.400 km² (1-ва) | ||||
| - | Вода (%) | 13 | ||||
| Население | ||||||
| - | проценка за 2008 | 142,008,838 (9-та) | ||||
| - | попис од 2002 | 145,166,731[1] | ||||
| - | Густина | 8.3/km² (209-та) | ||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупен | $2.285 трилиони[2] (7-ма) | ||||
| - | На жител | $16,161[2] (53rd) | ||||
| БДП (номинален) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупен | $1.778 трилиони[2] (8-ма) | ||||
| - | На жител | $12,579[2] (52-та) | ||||
| Џини (2005) | 40.5[3] | |||||
| ИЧР (2005) | ▲ 0.806 (high[4]) (73-та) | |||||
| Валута | Рубља (RUB) |
|||||
| Временска зона | (UTC+2 to +12) | |||||
| - | Лето (ЛСВ) | (UTC+3 to +13) | ||||
| Се вози од | right | |||||
| Интернет домен | .ru, .su, .рф (биде имплементиран) | |||||
| Повикувачки број | +7 | |||||
Руската Федерација (руски: Российская Федерация) или Русија (руски: Россия) е земја која се простира на огромни пространства од источна Европа и северна Азија. Со површина од 17,075,400 km², Русија е најголемата земја во светот (околу 11,5 % од вкупната светска површина), покривајќи скоро двапати поголема територија од Канада, Кина или Соединетите Американски Држави. По бројот на население (144,526,378 жители) Русија е седма во светот, по Кина, Индија, САД, Индонезија, Бразил и Пакистан.
Порано доминантна република во Сојуз на Советските Социјалистички Републики (СССР), Русија сега е независна земја и влијателен член на Заедницата на Независни Држави (ЗНД) од распадот на СССР во декември 1991 година. За време на Советската ера, Русија официјално се виката Руската Федеративна Социјалистичка Република (РФСР). Русија се смета за надледник на Советскиот Сојуз како во економски, така и во дипломатски рамки.
Поголемиот дел од површината, популацијата и индустриското производство на Советскиот Сојуз, еден од двете суперсили, се наоѓаат во Русија. После распадот на Советскиот Сојуз, глобалната улога на Русија во светот во голем дел исчезна. Во октомври 2005 година, федералната агенција за статистика објави дека руската популација се намалила за повеќе од 500.000 луѓе таа година, со што целосната бројка изнесувала 143 милиони иако Русија е втора држава по светот по бројот на имигранти во светот.
Најголемата површина, население и индустриско производство на некогашниот СССР, некогашната светска суперсила, отпаѓа на Русија. Поради тоа, и по распадот на Советскиот Сојуз, Русија игра значајна улога на светската сцена. Оваа улога, иако значајна, е далеку од улогата на некогашниот СССР. Денес Руската Федерација е земја која прави големи чекори во сите области од општественото живеење. Се забележуваат големи стапки на раст во сите државни сфери од која највлијателна е економската сфера каде за 4 години е забележан раст од околу 25 %. Руската Федерација денес е блиску до точката на економска активност од 1989 година.
Русија се граничи со Норвешка, Финска, Естонија,Латвија, Литванија, Полска (со последните две преку Калининградска област), Белорусија, Украина, Грузија, Азербејџан, Казахстан, Кина, Монголија и Северна Кореја. Русија се доближува до САД, кај Беринговиот Премин. Северна и источна граница ѝ се Атлантски, Северен Леден, и Тихи Океан. Русија истотака има излез на Црно, Балтичко и Касписко Езеро.
Главен град на Русија е Москва, официјален јазик е рускиот јазик.
Содржина |
[уреди] Етимологија
[уреди] Историја
[уреди] Рана историја
За време на праисториската епоха, огромните степи во јужна Русија биле населени номадски племиња. Во класичната антика, народите на Понтиските степи биле познати како Скити.[5] Градот Гелон бил опишан од страна на Херодот како еден од најголемите во тоа време во Европа. Помеѓу 3 век п.н.е. и 6 век п.н.е., на овие простори опстојувало Боспорското царство,[6] управувано главно од грчките колонии. Царството се растурило по инвазијата на Номадите [7]. Туркскиот народ хазари владееле на територијата помеѓу Касписко море и Црно Море до 8 век.[8]
Предците на Русите биле Словенските племиња, чија прататковина (според некои научници) се смета дека се Припјатските блата.[9]Раните источни словени постепено се населиле во Западна Русија две насоки: првите се населиле од Киев кон денешниот град Суздал и Муром а другите од Полоцк кон Новгород и Ростов.[10] Од 7 век па натаму, источните словени конструирале дел од населението во денешна Западна Русија[10]
[уреди] Киевска Русија
Скандинавските Викинзи, познати и како Варјаги[11] во Северна Европа создале една од најцивилизираните општества во тоа време. Во средината на 9 век, тие започнале да се упатуваат од Балтичко до Црно и Касписко Море.[12] Според Првиот руски летопис, викинзот Рурик бил избран за првиот владетел (Голем кнез) на Новгород во околу 860 година,[13] пред неговите наследници да се преселат на југ кон Киев,[14]каде претходно веќе доминирале Хазарите.[15]
Така во текот на 9 век била создадена првата источнословенска држава која се викала Киевска Русија[13], која се наоѓала по должината на река Дњепар. До крајот на 10 век, нордиското малцинство се соединило со словенското, [16]. Киевска Русија одиграла голема улога за воведувањето на христијанското православие на овие простори,[13] издвојувајќи ја византиската од словенската култура. Христијанството официјално било воведено во 988 година, односно по официјалното крштевање на Кнез Владимир.[17] Периодот на владеење на Владимир I Велики (980-1015.) и Јарослав I Мудриот (1019-1054) го претставува периодот на Златното владеење на Киевска Русија.
Киевска Русија како држава се распаднала во 1240 година, главно поради меѓусебната војна помеѓу членовите на кралското семејство околу тронот. Киевската доминација слабеела во корист на Владимирско-Суздалското кнежество на северо-исток, Новогордска република на север, и Галициско-Волнското кнежество во југо-запад. Оваа територија конечно била заземена од страна на Монголците по нивната инвазија во Русија, каде на овие простори била формирана т.н. Златна Орда. [18]
[уреди] Големо московско кнежество
Даниел Московски, најмладиот син на Александар Невски, го основал Московското кнежество [19] , по кое ги протрал Татарите оде земјата. Кнежеството дополнително ги затегнало своите позиции кога градот станал центар на Руската Православна Црква. До средината на 14 век, моќта на Монголците била во опаѓање, а Русите ја согледувале можноста од протерување на истите. Во 1380 година, во Куликово, Монголците биле поразени,[20]. Во текот на 15 век, големите кнезови на Москва се обиделе целата популација на кнежеството да го стават под своја контрола. Најуспешен кнез од овој процес е Иван III[19] кој ги удрил темелите на новата руска национална држава. Големото Војводство Москва во рамките на неговото владеење било зголемено три пати повеќе за разлика од неговиот претходник.[19] Одбивајќи понатамошна соработка со Татарите, Иван III во својата кампања целосно ја поразил Златната Орда. Иван и неговите наследници се обиделе да ги заштитат јужните граници од нападите против Кримските Татари и другите орди.[21]
[уреди] Руско царство
Развојот на царскиот автократски апсолутизам својот врв го достигнал за време на владеењето на Иван IV (1547-1584), познат и како Иван Грозни. Тој е првиот владетел што се прогласил за цар на цела Русија, во 1547 година. Тој ја зајакнел позицијата на монархот до највисоко ниво.[19] Исто така, во негово време биле направени едни од најголемите реформи на Русија. Иван Грозни успеал да ги зазеде Казанското ханство, Астраханското ханство и Сибирското ханство.[22] Овие освојувања ја прекинала постојаната до тогаш миграција на азиските народи до Европа преку Волга и Урал.
По смртта на Иван Грозни, негов наследник станал синот му Фјодор I. Во текот на неговото владеење следувал период на граѓански војни и „странска“ интервенција позната како „Време на проблемите“ (1606–1613).[19]. Екстремно ладните лета (1601-1603),[23] довеле до голем глад во периодот од 1601 до 1603 година и зголемување на социјалната неорганизираност. Владеењето на Борис Годунов, било проследено со големи бунтови и востанија, и покрај тоа што тој извршил големи реформи во Русија. Борис Годунов на престолот го наследил неговиот син Фјодор II којшто владеел само неколку месеци, бидејќи и тој бил убиен од противниците на својот татко. Претходно, од 1610 година до 1612, војниците на Полско-литванскат унија ја окупирале Москва. Тие не успеале да ја заземат, но сепак Москва била во голем дел опожарена[24][25][26] Во 1612 година, народот од Нижни Новогород и други градови предводени од Дмитриј Позхарски и Кузма Минин успеале да ги протерат полските влијанија од градот Москва. [27][28][29]
Во февруари 1613 година, Полјаците пбиле протерани од Москва, а Национално собрание, кое било составено од претставници од педесет градови, па дури и некои села, го избрале Михаил Романов за нов цар на Русија.
[уреди] Руска империја
Руската империја е наследник на т.н. Руско или Московско царство, владеена од наследниците на Иван IV како цареви. Иако империјата била официјално прогласена во 1721 година од страна на цар Петар I, таа навистина се родила кога Петар станал цар во 1682. Петар I извршил реформи и во војската, според западните стандрди, земјоделството и индустријата. [30][31]. Црквата, исто така претрпела промени. Патријархот на руската црква бил заменет со синод, кој бил под директна контрола на царот[30]. Во 1699, Петар го напуштил традиционалниот руски календар, во кој годината започнувала на 1 септември и го прифатил јулијанскиот календар, каде годината започнува на 1 јануари. Од доаѓањето на власт, па сѐ до неговата смрт, Петар без прекин водел војни, од кои зависела целата негова политика. Тој војувал против Османлиското царство во 1695, 1696 и 1711. Во 1696, Петар го освоил пристанишниот град Азов и на Русија ѝ осигурил излез на Црното Море, за подоцна во 1711 да се изгуби во мировни преговори со Османлиското царство. Тој војувал и против Персија, со што освоил и територии на западниот и јужниот брег на Каспиското езеро. Тие територии, Русија ги загубила многу бргу по неговата смрт. Меѓутоа најважна од сите војни кои ги водел, била онаа против Шведска, која траела 21 година (1700-1721)[31].
Речиси педесет години биле потребни да поминат пред да се појави на рускиот престол амбициозен и безмилосен владетел. Екатерина II била германска принцеза која се оженила на рускиот наследник на престолот. Кога се открило дека тој бил неспособен, таа издала дозвола за негово убиство. Тогаш било најавено дека тој починал од "аполексија. Екатерина II имала голем успех во Руско-турските војни во периодот од 1768-1774 година [32]. По договорот од 1774 година, Русија добила право да ги заштитува интересите на христијаните во Османлиската империја, а Кримското ханство добило независност од султанот. До нејзината смрт во 1796 година, Екатерина својата земја ја претворила во една од најсилните и најголемите во Европа и светот. Територијалните проширувања продолжиле во времето на нејзините наследници Александар I, кој ја зазел Финска од ослабнатата Шведска во 1809 година и Бесарабија од Османлиската империја во 1812 година.
Наполеон Бонапарт направил голема грешка, кога, по конфликтот со цар Александар I појдел во освојување на Царска Русија во 1812 година. Оваа кампања на воени походи на крајот била катастрофална за Наполеон, најмногу бидекќи руската армија постојано го избегнувала директниот удар на Наполеон и тактиката. Поради страшно студената руска зима, илјадници француски војници умреле од студ во снегот. Спроведувајќи герилски начин на војнување, Русите ги натерале Французите да се повлечат, а по најавеното повлекување, руските војски отишле до таму што ги гонеле низ цела централна и западна Европа, додека не престигнат во Париз.
Иако Руската империја одиграла водечка политичка улога во текот на 19 век, која и овозможила голема победа над Наполеон Бонапарта, задржувањето на феудалните односи во земјата го оневозможил економскиот напредок. Додека економскиот развој во Западна Европа бил во подем во времето на т.н. Индустриска револуција, Русија се повеќе заостанувала зад Европа кое допринесело за создавање на се поголеми проблеми во нејзиното општество. Иако Русија била голема сила, нејзината влада на различни полиња била доста неефикасна. Народот бил сиромашен а економијата неразвиена. [33] По победата на Александар над Наполеон, царот имал план за спроведување на одреден број на реформи. Иако царот се обидел да ги воведе па и да ги спроведе, сепак најглавните не биле ниту допрени.[34] Со релативно либерални убедувања бил Николај I (1825—1855), ко во почетокот на своето владеење бил соочен со избувнување на востание. Позадината на овој бунт лежела во Наполеонските војни, кога голем број на руски офицери и војници скоро ја обиколиле Европа по време на руските походи и нивниот контакт со либерализмот во Западна Европа им дал можност да побарат промени во Русија. Како резултат на тоа избувнало т.н. Декемвриско востание во 1825 година. На чело на востанието застанале мал дел од либералните роднини, офицери и војници кои сакале братот на Николај да биде монарх, а Николај да се тргне од тронот. Меѓутоа, востанието било многу бргу задушено, поради кое Николај морал да отстапи од програмата која била започната дури од времето на Петар Велики, а со тоа да ја заштити максималната автократија.[35] Рускиот император исто така морал да расчисти со востанијата и бунтовите кои се случувале во новоосвоените територии како Полска односно Ноемвриското востание во 1830 година и Јануарското востание од 1830 година. [36]
Царот Николај починал, оставајќи зад себе голем број на нерешени прашања. Кога Александар II дошол на власт во 1855 година, спроведил голем број на реформи. Една од најголемата реформа во руската историја во текот на 19 век била еманципацијата. Во 1876 година, во Османлиската империја избувнало востание на Bалканскиот полуостров. Руското население и власт застанале на страната над словенското население, па Русија повторно влегла во поредната Руско-турската војна. Влегувањето во војната дополнително ги изладило односите на Русија со Австро-Унгарија, која исто така имала територијални претензии на Bалканскиот полуостров. [37] По завршувањето на војната, Русија ги проширила своите територии во Централна Азија, поточно во регионот околу Касписко езеро. [38]
За разлика од својот татко, новиот император Александар III 1881. - 1894 година) се карактеризирал со голема националистичка политика.[39]. Најмоќниот советник на царот бил Константин Петрович Победоносцев. Еден од најголемите противници на демократијата, уставот и парламентарниот систем.[40]Под негово влијание, голем дел од револуционерите биле прогонети од земјата[41] а била спроведувана политика на русификација.[42].
Наследник на Александар станал неговиот син Николај II, последниот руски цар. Воениот неуспех во Руско-јапонската војна од 1904-1905 година, бил голем удар за царскиот режим во Русија. [43] Царот Николај и неговиот народ во Првата светска војна влегле со голем ентузијазам, како заштитници на своите српски браќа. Во август 1914 година, руските војски навлегла во Германија за да и даде подршка на Франција.[44] Во средината на 1915 година, војанта се проширила. Резервите на храна и гориво се намалувале, бројот на жртвите растел како и инфлацијата. Избувнале големи штрајкови помешу недоволно платените работници во фабриките. Од друга страна пак, земјоделците барале реформи. Во 1916 година бил убиен Грегориј Распучин, кој имал голема улога во политичкиот живот.[43] На 3 март 1917 година избиувнал штрајк во една фабрика во Петроград. Сите работници престанале со работа и излегле на улични протести. Кога царот го распуштил законодавното тело и наредил штрајкувачите да се вратат на своите работни места, започнала Февруарската револуција. Оргнизацијата Дума одбила да биде распуштена, штрајкувачите продолжиле со своите напори а војската застанала на страната на народот. За само неколку денови, организацијата прогласила привремена влада на чие чело застанал принот Лвов[45]. На следниот ден, царот абдицирал. Во меѓувреме, социјалистите во Петроград формирале работнички совет.[45]
Ленин се вратил во Русија од егзилот од Швајцарија со помош на Германија која се надевала Русија да се повлече од војната. Илјадници селани, работници и војници го дочекале Ленин на железничката станица. По големите маневри, советите во ноември 1917 година го протерале Керенски и неговата влада во егзил, по која започнала Октомвриската револуција.
[уреди] Советска Русија
Војската на контрареволуционерите, која во најголем дел била нарекувана Бела армија, започнала да прави план како да го ликвидира болшевичкото движење. Во исто време, сојузниците на Русија ги испратиле своите трупи за да ги подржат антикомунистичките сили. Црвената армија и Чека (тајна полиција) спровела терор чија цел била да ги ликвидира непријателите на револуцијата. Тие немале подршка од сите друштвени елементи во земјата, па морале да ја употребат својата еден вид владина сила за време на граѓанската војна. До 1920 година, целата војска била евакуирана, и во Белорусија, Украина и на Кавказ биле поставени комунистички влади, но по цена истите да го одржуваат моделот на автократија на власта.
Историјата на Русија во периодот од 1922 до 1991 година, всушност е историјата на Сојузот на Советските Социјалистички републики или историја на Советскиот сојуз. Уставот кој бил усвоен во 1924 година го дал почетокот на федералниот систем на власта кој се засновал на советот кој бил поставен низ селата, фабриките, градовите во поголемите делови на земјата. На врвот на оваа советска пирамида во секоја република стоел сојузен конгрес на советите. Иако изгледало дека конгресот ја спроведува својата суверена власт, сепак ова тело директно било управувано од страна на Комунистичката партија, која повторно го контролирала Политбирото на Централниот комитет КПСС од Москва, престолнината на Советскиот сојуз, која како престолнина била уште во времето на Царска Русија, до доаѓањето на Петар Велики на царскиот престол. Периодот од консолидацијата на револуцијата од 1917 до 1921 година е познат како Воен комунизам[46]. Земјата, индустријата, банките, железниците, бротскиот сообраќај и.т.н. виле потполно национализирани, а економијата ограничена. Режимот тотално ја напуштил царската политика на дискриминација. Режимот во голема мера придонел за унапредување на медицинските услуги. Биле спроведени голем број на кампањи против колерата, тифусот и маларијата. Бројот на докторите се зголемил, животниот век се зголемил а од друга страна пак се намалила смртта на новородените деца. Владата исто така го промовирала атеизмот и материјализмот, кои ги удриле темелите на марксистичката теорија.
Седумнаесет денови по почетокот на германската инвазија на Полска од 1939 година, кога германската војска била на само 150 километри од советската граница, советската војска го окупирала источниот дел на Полска кој бил главно населен со Украинци и Белоруси[47][48]. По пропаднатиот договор околу размена на територии, Советскиот сојуз започнал војна со Финска, позната како Зимска војна (1939 - 1940).на 22 јуни 1941 година, Германија го прекршила договорот и навлегла на територијата на Советскиот сојуз. До крајот на ноември истата година, Германија ја зазела Украина, а по ова ја започнала опсадата на Ленинград, по кој планот бил германската војска да се упати кон престолнината Москва[49][50][51]. Во битката кај Москва, германските сили биле одбиени од советските, по кое Германците се реорганизирале и главно се насочиле кон југоисточниот дел од земјата. Победите во Сталинградската битка и Курската битка го покажале идниот резултат од Втората светска војна. По овие порази, Германија не била повеќе во состојба да води офанзивна војна, па иницијативата преминала во рацете на Советите[52]. До крајот на 1943 година, Црвената армија ги разбила германските сили кај Ленинград, повратила голем дел од Украина и Западна Русија и навлегла во Белорусија [53]. До крајот на 1944 година, фронтот од Русија бил поместен во Источна Европа. Со огромна војска, советската армија се упатила кон територијата на Источна Европа, зазимајќи го Берлин во мај 1945 година[54] Нацистичка Германија била целосно поразена.
По издвојувањето на победата, избил конфликт помеѓу Советскиот сојуз и САД, позната како Студена војна која се проширила на меѓународна сцена. Студената војна бил период на конфликти, тензија и натпревар помеѓу САД и СССР и нивните сојузници од времето по Втората светска војна до раните 1990-ти. Во текот на овој период, ривалитетот помеѓу двете супер-сили се одвивал на повеќе полиња: воени сојузи, идеологија, психологија, шпиунажа, технолошка надмоќ, освојување на вселената, огромни трошоци за одбрана, огромни конвенционални и нуклеарни воени потенцијали, и многу посредни војни. Главна преокупација на Сталин била своето влијание да го прошири до самата Германија, од каде подоцна започнувала т.н. Железна завеса[55]. Во текот на април 1949 година, САД го основал Северно-атланскиот сојуз познат под името НАТО, пакт во меѓусебна заштита според кој било каков напад на некоја од членките на тој сојуз би значело напад врз сите останати. Во 1955 година, Советскиот сојуз основал еквивалентен сојуз на НАТО, познат под името Варшавски пакт [56][57][58]. Поделбата на Европа на Западна и Советска или Источна придобила глобален карактер, особено кога САД создал нуклеарен монопол за тестирање на советската бомба Џо-1 и доаѓањето на власт на Комунистичката партија во Кина.
Во борбата за власт која следувала по смртта на Сталин во 1953 година, неговите најблиски соработници ја изгубиле битката. Никита Хрушчов ја зацвтстил својата власт по говорот на дваесетиот конгрес на Комунистичлката партија на Русија во 1956 година, на кој конгрес ги изложил безбројните ѕверства кои биле направени во времето на неговиот претходник, Сталин [59]. Веднаш по конгресот, Хрушчов започнал да воведува големи реформи. Сталиновата ориентација кон тешката индустрија ја пренасочил кон производство на добра за широка потрошувачка и станбените објекти. Новите реформи довеле до подобрување на животниот стандард на населението, и покрај тоа што се јавувале се поголеми проблеми во економијата. Реформи имало и во правниот систем, и покрај тоа што целиот систем бил под контрола на Комунистичката партија, сепак интелектуалците се стекнале со поголема слобода за разлика од претходниот период.
Во 1989 година Советите се повлекле од Авганистан. Во декември 1989 Горбачов и Џорџ Буш постариот на самитот на Малта објавиле крај на Студената војна.[60]
До тогаш веќе и сојузниците на СССР слабееле - комунистичките режими во Источна Европа биле на заминување, а новите демократски власти биле повеќе заинтересирани за сојузништво со Западот отколку со СССР. И во самиот СССР, најпрво комунистичката власт била принудена да го напушти монополот на власта по 73 години во 1990. СССР официјално се распаднал на 25 декември 1991 година[61]. Конечниот чин било со предавање на власта на Советскиот сојуз и превземање на власта во Русија од страна на Борис Елцин. Русија официјално започнала да постои на 26 декември 1991 година[61].
[уреди] Руска федерација
Иако Елцин дошол на власт, неговата популарост помеѓу руското население никогаш не се повратила по потпишувањето на економските реформи по принципот на шок-терапија, кој бил предложен од страна на Јегор Гајдар. Реформите го уништиле животниот стандард на голем дел од населението, посебно на онаа група која претходно уживала некои благодети. Така, Русија во следните години влегла во период на голема економска криза, период кој претходно веќе поминал во САД или Западна Европа во времето на Големата депресија[62]. Во тој период земјата била опфатена од страна на различни олигарси и криминални групи. По препорака на западните влади, и пред се на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд, Русија започнала процес на брза приватизација чија цел била денацинализација на советските институции. Од средината на деценијата, трговијата, услугите и малата индустрија принадлеела во приватни раце. Повеќето големи претпријатија биле закупени од страна на нивните стари менаџери[63].
До средината на 1990-тите години, во земјата бил воспоставен повеќепартиски систем[64]. Сепак, најголемиот проблем во политиката на земјата претставувала незаедничкото дејствување на претседателот и премиерот на земјата и нивните различни гледишта. Од друга страна во политичкиот живот постоеле и анархистите, кои еден вид биле наследници на комунистите.
[уреди] Географија и клима
Русија се граничи со Норвешка, Финска, Естонија,Латвија, Литванија, Полска (со последните две преку Калининградска област), Белорусија, Украина, Грузија, Азербејџан, Казахстан, Кина, Монголија и Северна Кореја. Русија се доближува до САД, кај Беринговиот Премин. Северна и источна граница ѝ се Атлантски, Северен Леден, и Тихи Океан. Русија истотака има излез на Црно, Балтичко и Касписко Езеро.
На територијата на Русија се наоѓаат најразлични природни зони, од пустинските брегови на Касписко море до поларните ледови на Новаја земја и Новосибирските острови. Широко застапени се степите, тајгите и тундрите. Релефот на Русија е различен. Околу 70% од територијата на Русија е опфатен со рамнини. Најголема е Источноевропската рамнина. На нејзината источната страна се наоѓа планината Урал со највисок врв Народнаја (1895 метри). На исток од Урал се наоѓа Западносибирската рамнина, Средносибирското блато и Јакутската рамнина.
Планинските области се наоѓаат на источниот и јужниот дел од државата, северните делови од Голем Кавказ каде се наоѓа и најголемата точка во Русија, врвот Елбрус висок 5642 метри, Јужносибирските планини вклучувајќи го Алтај со највисокиот врв Белуха од 4506 метри, Западен и Источен Саја.
Климата во Русија е континентална, во северните делови умерено континентална, а на Далечниот исток умерена. Во јужните делови е топла. Средните температури во јануари се од 0 до -5°С во европскиот дел, до -40 С и -50° С во Јакутија. Во јули температурите се од 5 С во Северен Сибир до 24-25°С во Прикасписката низина.
Врнежи- до 2000 мм во Алтај и Северен Кавказ, до 1000 мм во Далечниот исток, 700 мм во европските рамнини. Најголемите реки во Русија се Северна Двина, Печора, Енисеј, Лена, Индигирка, Амур, Анадир, Дон, Кубан, Нева и други. Основните езера во Русија се Касписко море, Бајкал, Ладошко езеро.
[уреди] Политички систем
[уреди] Административна поделба
[уреди] Економија
[уреди] Население, јазик и религија
[уреди] Култура во Русија
[уреди] Религија
Предците на голем дел од денешните Руси го примиле христијанство во 10 век. [65] Околу 100 милиони граѓани се сметаат себеси за православни христијани, кое во процент е околу 70% од вкупниот борј на население во земјата. Сепак црквата тврди дека тој број е околу 80 милиони [66][67]. Исто така, според една анкета која била спроведена од страна на рускиот Центар за истражување на јавното мислење, 63% од испитаниците сметаат себеси за православни верници, 6% од испитаниците за муслимани и помалку од 1% за протестанти, будисти, евреи и слично. [68] Други 12% рекле дека веруваат во Бог, а 16% изјавиле дека се неверници[68].
Денеска, се проценува дека Русија е дом на околу 23 000 000 луѓе од муслиманска вероисповед, од кој само 1 500 000 живеат во Москва.[69][70]Според Православната црква пак, бројот на муслиманските верници е околу 20 000 000, додека пак според официјалниот попис, нивниот број е околу 15 000 000[71]. Во Русија исто така има населено околу 4 000 000 муслимани кои биле раселени во за времето на Советскиот сојуз.[72] Најголемиот дел од муслиманското население во Идел-Урал, како и во Северен Кавказ, Москва, Санкт Петербург и Западен Сибир[73] .
Будизмот е традиционален за три региони на Руската Федерација: Бурјатија, Тува и Калмикија.[74] Некои жители на сибирски региони и Далечниот Исток, Јакутија, Чукотски, итн, се припадници на помали религиозни организации.
[уреди] Музика во Русија
[уреди] Спорт во Русија
[уреди] Референци
- ↑ „Russian Census of 2002“. Federal State Statistics Service. http://www.perepis2002.ru/ct/html/TOM_01_01.htm. Пребарано на 2008-04-05.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Russia“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2008/02/weodata/weorept.aspx?sy=2004&ey=2008&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=922&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=66&pr.y=11. Пребарано на 2008-10-09.
- ↑ Грешка во цитирање: Погрешна
<ref>ознака; нема текст за наводот означен какоcia. - ↑ „The Human Development Index—Going Beyond Income“. Human Development Report 2007. United Nations Development Program. http://hdrstats.undp.org/countries/country_fact_sheets/cty_fs_RUS.html. Пребарано на 2008-01-27.
- ↑ Belinskij, Andrej; H. Härke (March/April 1999). „The 'Princess' of Ipatovo“. Archeology 52 (2). http://cat.he.net/~archaeol/9903/newsbriefs/ipatovo.html. Пребарано на 2007-12-26.
- ↑ Gocha R. Tsetskhladze (ed), The Greek Colonisation of the Black Sea Area: Historical Interpretation of Archaeology, F. Steiner, 1998, p. 48. ISBN 3-515-07302-7.
- ↑ Peter Turchin, Historical Dynamics: Why States Rise and Fall, Princeton University Press, 2003, pp. 185–186. ISBN 0-691-11669-5.
- ↑ David Christian, A History of Russia, Central Asia and Mongolia, Blackwell Publishing, 1998, pp. 286–288. ISBN 0-631-20814-3.
- ↑ For a discussion of Slavic origins, see Paul M. Barford, The Early Slavs, Cornell University Press, 2001, pp. 15–16. ISBN 0-8014-3977-9.
- ↑ 10,0 10,1 David Christian, op cit., pp. 6–7.
- ↑ See, for instance, Viking (Varangian) Oleg and Viking (Varangian) Rurik at Енциклоепдија Британика.
- ↑ Dimitri Obolensky, Byzantium and the Slavs, St Vladimir's Seminary Press, 1994, p. 42. ISBN 0-88141-008-X.
- ↑ Грешка во цитирање: Погрешна
<ref>ознака; нема текст за наводот означен какоCurtis. - ↑ James Westfall Thompson, and Edgar Nathaniel Johnson, An Introduction to Medieval Europe, 300–1500, W. W. Norton & Co., 1937, p. 268.
- ↑ David Christian, Op cit. p. 343.
- ↑ Particularly among the aristocracy. See World History. Retrieved 22 July 2007.
- ↑ See The Christianisation of Russia, an account of Vladimir's baptism, followed by the baptism of the entire population of Kiev, as described in The Russian Primary Chronicle.
- ↑ In 1240. See Michael Franklin Hamm, Kiev: A Portrait, 1800–1917, Princeton University Press, 1993. ISBN 0-691-02585-1
- ↑ Грешка во цитирање: Погрешна
<ref>ознака; нема текст за наводот означен какоCurtis2. - ↑ Грешка во цитирање: Погрешна
<ref>ознака; нема текст за наводот означен какоKulikovo. - ↑ The Tatar Khanate of Crimea
- ↑ Janet Martin, Medieval Russia, 980–1584, Cambridge University Press, 1995, p. 395. ISBN 052136832.
- ↑ Borisenkov E, Pasetski V. "The thousand-year annals of the extreme meteorological phenomena", ISBN 5-244-00212-0, p.190
- ↑ George Vernadsky, "A History of Russia", Volume 5, Yale University Press, (1969). Russian translation
- ↑ Mikolaj Marchocki "Historia Wojny Moskiewskiej", ch. "Slaughter in the capital", Russian translation
- ↑ Sergey Solovyov. History of Russia... Vol. 8, p. 847
- ↑ Chester S L Dunning, Russia's First Civil War: The Time of Troubles and the Founding of the Romanov Dynasty, p. 434 Penn State Press, 2001, ISBN 0-271-02074-1
- ↑ Troubles, Time of." Encyclopædia Britannica. 2006
- ↑ Pozharski, Dmitri Mikhailovich, Prince", Columbia Encyclopedia
- ↑ Грешка во цитирање: Погрешна
<ref>ознака; нема текст за наводот означен какоHyV. - ↑ 31,0 31,1 Петар Велики. Создавање на Руската имоерија. -{www.znanje.org}-
- ↑ „History“. Parallel 60. http://www.parallelsixty.com/history-russia.shtml. Пребарано на 2007-07-23.
- ↑ Riasonovsky A History of Russia (fifth ed.) pp.302-3; Charques A Short History of Russia (Phoenix, second ed. 1962) p.125
- ↑ Riasonovsky p.302-307
- ↑ Riasonovsky p.324
- ↑ See Norman Davies: God's Playground: A History of Poland (OUP, 1981) vol. 2, pp.315-333; and 352-63
- ↑ Riasonovsky pp.386-7
- ↑ Riasonovsky p.349
- ↑ Orthodoxy, Autocracy, and Nationality, Encyclopædia Britannica
- ↑ Hugo S. Cunninggam, Konstantin Petrovich Pobedonostsev (1827-1907): Reactionary Views on Democracy, General Education. Retrieved 21 July 2007.
- ↑ Robert F. Byrnes, "Pobedonostsev: His Life and Thought" in Political Science Quarterly, Vol. 85, No. 3 (September, 1970), pp. 528–530.
- ↑ Arthur E. Adams, "Pobedonostsev's Religious Politics" in Church History, Vol. 22, No. 4 (December, 1953), pp. 314–326.
- ↑ 43,0 43,1 The Last Years of the Autocracy, excerpted from Glenn E. Curtis (ed.), Russia: A Country Study, Department of the Army, 1998. ISBN 0-16-061212-8.
- ↑ Keegan, 139.
- ↑ 45,0 45,1 The Russian Revolution in the History Channel Encyclopedia.
- ↑ Richman, Sheldon (1981). „War Communism to NEP: The Road to Serfdom“ (PDF). The Journal of Libertarian Studies 5 (1): 89–97. http://www.mises.org/journals/jls/5_1/5_1_5.pdf.
- ↑ Gross, Jan Tomasz. Revolution from Abroad: The Soviet Conquest of Poland's Western Ukraine and Western Belorussia. Princeton: Princeton University Press, 2002. 2nd ed. ISBN 0-691-09603-1.
- ↑ Zaloga, Steven & Victor Madej. The Polish Campaign 1939. 2nd ed. New York: Hippocrene Books, 1991. ISBN 0-87052-013-X.
- ↑ Gilbert, Martin. The Second World War: A Complete History. 2nd ed. New York: Owl Books, 1991. ISBN 0-8050-1788-7.
- ↑ Thurston, Robert W. & Bernd Bonwetsch (ed.). The People's War: Responses to World War II in the Soviet Union. Urbana: University of Illinois Press, 2000. ISBN 0-252-02600-4.
- ↑ Clark, Alan. Barbarossa: The Russian-German Conflict, 1941-1945. New York: Harper Perennial, 1985. ISBN 0-688-04268-6.
- ↑ Beevor, Antony. Stalingrad, The Fateful Siege: 1942-1943. New York: Viking, 1998. ISBN 0-670-87095-1.
- ↑ Glantz, David M. & Jonathan M. House. When Titans Clashed: How the Red Army Stopped Hitler. Lawrence: University Press of Kansas, 1998. ISBN 0-7006-0717-X.
- ↑ Beevor, Antony. Berlin: The Downfall, 1945. 3rd ed. London: Penguin Books, 2004. ISBN 0-14-101747-3.
- ↑ Gaddis, John (1990). Russia, the Soviet Union, and the United States: An Interpretive History. McGraw-Hill. стр. 176. ISBN 0075572583.
- ↑ Mastny, Vojtech, Malcolm Byrne & Magdalena Klotzbach (eds.). Cardboard Castle?: An Inside History Of The Warsaw Pact, 1955-1991. Budapest: Central European University Press, 2005. ISBN 963-7326-08-1.
- ↑ Holloway, David & Jane M. O. Sharp. The Warsaw Pact: Alliance in Transition? Ithaca: Cornell University Press, 1984. ISBN 0-8014-1775-9.
- ↑ Holden, Gerard. The Warsaw Pact: Soviet Security and Bloc Politics. Oxford: Blackwell, 1989. ISBN 0-631-16775-7.
- ↑ „Nikita Sergeyevich Khrushchev“. CNN. http://www.cnn.com/SPECIALS/cold.war/kbank/profiles/khrushchev/. Пребарано на 2007-07-22.
- ↑ "Cold War," A Dictionary of World History. Oxford University Press, 2000. Oxford Reference Online. Oxford University Press.
- ↑ 61,0 61,1 „Timeline: Soviet Union“. BBC. http://news.bbc.co.uk/1/hi/world/europe/1112551.stm. Пребарано на 2007-07-22. „1991 25 December - Gorbachev resigns as Soviet president; US recognises independence of remaining Soviet republics“
- ↑ Peter Nolan, China's Rise, Russia's Fall. Macmillan Press, 1995. pp. 17–18.
- ↑ See Fairbanks, Jr., Charles H. 1999. "The Feudalization of the State". Journal of Democracy 10(2):47–53.
- ↑ „Russian president praises 1990s as cradle of democracy“. Johnson's Russia List. http://www.cdi.org/russia/johnson/9176-3.cfm. Пребарано на 2007-07-20.
- ↑ Microsoft Encarta Online Encyclopedia 2007. „Russia“. http://encarta.msn.com/encyclopedia_761569000_6/Russia.html. Пребарано на 2007-12-27.
- ↑ http://www.timesonline.co.uk/tol/news/world/article551693.ece
- ↑ Russia
- ↑ 68,0 68,1 „(руски)Опубликована подробная сравнительная статистика религиозности в России и Польше“. religare.ru. 6 June 2007. http://www.religare.ru/article42432.htm. Пребарано на 2007-12-27.
- ↑ „Fact Box: Muslims In Russia“. Radio Free Europe. http://www.rferl.org/features/features_Article.aspx?m=07&y=2005&id=B7D5E783-749F-4E6A-B77E-8932ECE7AD53. Пребарано на 2007-12-27.
- ↑ Page, Jeremy. „The rise of Russian Muslims worries Orthodox Church“. http://www.timesonline.co.uk/tol/news/world/article551693.ece. Пребарано на 2007-12-27.
- ↑ http://www.danielpipes.org/blog/2005/08/predicting-a-majority-muslim-russia.html
- ↑ „Russia's Islamic rebirth adds tension“. Financial Times. http://www.ft.com/cms/s/0/3f3fba2c-474f-11da-b8e5-00000e2511c8.html. Пребарано на 2007-12-27.
- ↑ Mainville, Michael (November 19, 2006). „Russia has a Muslim dilemma“. Page A - 17. San Francisco Chronicle. http://sfgate.com/cgi-bin/article.cgi?f=/c/a/2006/11/19/MNGJGMFUVG1.DTL. Пребарано на 2007-12-27.
- ↑ Nettleton, Steve. „Prayers for Ivolginsky“. CNN. http://www.cnn.com/SPECIALS/2000/russia/story/train/ivolginsky.monastery/. Пребарано на 2007-12-27.
[уреди] Надворешни врски
[уреди] Видете исто така
|
||||||||
|
|||||
| Заедница на независни држави |
|---|
|
Азербејџан | Белорусија | Грузија | Ерменија | Казахстан | Киргистан | Молдавија | Русија | Таџикистан | Туркменистан | Узбекистан | Украина |