Меѓународен ден на трудот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Меѓународен ден на трудот
Меѓународен ден на трудот
Шведската социјалдемократска партија во демонстрации за први мај во Стокхолм, Шведска, во 2006
Назив Меѓународен ден на трудот
Го слави Работничка класа и нивни приврзаници
Датум 1 мај
Прослава улички протести

Меѓународниот ден на трудот е меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени.

Од прославата на 1 мај во Куманово во 1909 година за која се смета дека е првата прослава на празникот во Куманово. Поголемиот дел од луѓето биле членови на Кумановската револуционерна организација, а меѓу нив има шивачки работници, чевларски работници, интелектуалец, калајџија, млекар и др.

Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, пред се во комунистичките и бившите комунистички земји. И во Република Македонија, Меѓународниот ден на трудот има статус на празник. До 2006 година тој се празнуваше 2 дена, на 1 и 2 мај, а од 2007 година се празнува само еден ден. Во Македонија главно празникот не се одбележува политички и, наместо тоа, се користи како ден за екскурзии во природа.

Надворешни врски[уреди]


Државни празници во Република Македонија

Нова ГодинаПрв ден БожиќПрв ден ВелигденВтор ден ВелигденДен на трудотСв. Кирил и МетодијИлинденДен на независностаДен на востаниетоДен на револуционерната борбаСвети Климент ОхридскиРамазан Бајрам