Чикаго

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Воздушната линија на Чикаго

Чикаго (англиски: Chicago) е голем град во Илиноис, САД и метрополитенска област која го вклучува градот и околните области. Градот Чикаго е најголемиот град на средниот исток на САД и третиот најнаселен град во САД, со околу 2,9 милиони жители. Метрополитенската област на Чикаго, понекогаш неформално именувана како Чикаголенд, има население од 9,4 милиони жители во Илиноис, Висконсин и Индијана, правејќи го третиот најголем во Соединетите Држави. Чикаго се наоѓа на југозападниот брег на езерото Мичиген и е транспортен, индустриски, политички, финансиски, медицински и високообразовен центар. Чикаго е неформално наречен и „Вториот Град“, „Ветровитиот Град“, „Градот на Големите Рамења“, „Чи-Сити“ и „Чи-Таун“. Се наоѓа во Среден Запад во САД.

Чикаго бил основан во 1833 како град кој ги поврзува Големите езера со системот на реката Мисисипи. Наскоро тој станал транспортниот центар на стариот северозапад со главни водни врски, канали и од 1855 со железница. Од 1890 тој бил еден од десетте највлијателни светски градови[1]

По малку збунува ова со бројот на жителите бидејќи околу 3 милиони жители има само областа Cook County која се смета за централна област на градот, меѓутоа има уште неколку други области кои се надоврзани и кои исто така припаѓаат кон градот давајќи една бројка над 10 милиони жители од кои негде околу 35% припаѓа на луѓе од бела раса исклучувајќи ги тие од Шпанско или Латинско потекло на кои припаѓа околу 25%(најмногу од нив се од соседно Мексико). Од преостанатите околу 35% отпаѓаат на црната раса и останатите се жители од сите краеви на светот меѓу кои има голем број на Италјанци, Бугари, Срби и Грци.

Интересно е и да се напомене дека има специфична клима која изобилува со ветар во текот на целата година и е еден од најветровитите градови во светот. А прекарот "ветровитиот град" не доаѓа поради климата туку поради честото менување на страната на чикашките политичари.

Наводи[уреди]

  1. The World According to GaWC (2006). Globalization and World Cities Study Group and Network.

Надворешни врски[уреди]

History Emeritus