Чикаго (филм)
| „Чикаго“ | |
Филмскиот плакат |
|
| Режирано од | Роб Маршал |
|---|---|
| Продуцент | Боб Вејнстејн Харви Вејнстејн Крег Зедан Мартин Ричардс |
| Сценарист | Маурин Ваткинс Боб Фоси Бил Кондон |
| Настапуваат | Рене Зелвегер Кетрин Зета-Џонс Ричард Гир Квин Латифа Џон Рејли Кристин Барански Тај Дигс Луси Лу |
| Музика | Дени Елфмен |
| Кинематографија | Дион Биби |
| Монтажа | Мартин Валш |
| Дистрибутер | „Miramax Films“ |
| Премиера | 27 декември, 2002 |
| Времетраење | 113 минути |
| Држава | |
| Јазик | Англиски |
| Буџет | $45 милиони |
| Бруто заработка | $306.776.732[1] |
Чикаго (англиски: Chicago) е мјузикл од 2002 година издаден од издавачката куќа „Miramax Films“. Филмот првпат почнал да се прикажува на 27 декември, 2002 во ограничен број на градови, а пошироко почнал да се прикажува на 24 јануари, 2003. Филмот е адаптација на сатиричниот театарски мјузикл, истражува теми на гламурот и скандалот во Чикаго во ерата на џезот. Режисер и кореограф на филмот е Роб Маршал, а адаптацијата за филм е напишана од Бил Кондон. Филмот Чикаго има освоено шест Оскари во 2003 вклучувајќи и оскар за најдобар филм. Овој филм е првиот мјузикл што ја добил наградата најдобар филм по филмот Оливер! во (1968).
Дејствието на Чикаго се врти околу Велма Кели и Рокси Харт, двете осудени за убиство кои чекаат смртна казна во Чикаго од 1920-тите. Велма, која професионално игра во водвиљ, и Рокси, домаќинка со аспирации да биде ѕвезда, се борат за слава која ќе ги држи подалеку од гилотината. Во филмот глумат Кетрин Зета-Џонс, Рене Зелвегер и Ричард Гир.
Приказна [уреди]
Чикаго, околу 1920 година. Наивната Рокси Харт (Рене Зелвегер) оди во посета на ноќен клуб каде Велма Кели (Кетрин Зета-Џоунс) настапува, во надеж дека нејзиното момче Фред Касли ќе и најде ангажман како ѕвезда во водвиљ („Сиот тој џез“). По настапот, Велма е уапсена за убиство на нејзиниот неверен сопруг бидејќи спиел со нејзината сестра Вероника. Откако Рокси сфаќа дека Фред нема да и помогне да влезе во шоубизнисот, во момент на бес таа го убива и се обидува дека го намести нејзиниот простодушен сопруг Ејмос. И покрај ова, полицијата не наседнува на трикот и Рокси е уапсена и испратена во затворот на округот Кук.
Наводи [уреди]
- ↑ „Top Grossing Movies That Never Hit #1 at the Box Office“. Box Office Mojo. http://www.boxofficemojo.com/alltime/domestic/never1.htm. проверено на July 18, 2010.
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Чикаго“ |
- Чикаго на Интернет филмска база на податоци (англиски)
- Чикаго на TCM Movie Database
- Чикаго на Box Office Mojo