Вљубениот Шекспир
| „Вљубениот Шекспир“ | |
Филмскиот плакат |
|
| Режирано од | Џон Маден |
|---|---|
| Продуцент | Дејвид Парфит Дона Џиглиоти Харви Вејнстејн Едвард Звик Марк Норман |
| Сценарист | Марк Норман Том Стопард |
| Настапуваат | Гвинет Палтроу Џозеф Фајнс Џефри Раш Колин Фитр Бен Афлек Џуди Денч |
| Музика | Стивен Варбек |
| Кинематографија | Ричард Грејтрекс |
| Монтажа | Дејвид Гембл |
| Дистрибутер |
(САД) (Кан) |
| Премиера |
(САД) |
| Времетраење | 123 минути |
| Држава | |
| Јазик | Англиски |
| Буџет | $25 милиони[1] |
| Бруто заработка | $289.317.794[1] |
Вљубениот Шекспир е американско-британски драма филм од 1998, режиран од Џон Маден, а продуциран од Марк Норман. Во филмот е опишана љубовната афера на Вилијам Шекспир (Џозеф Фајнс) во периодот кога ја пишувал трагедијата „Ромео и Јулија“. Приказната во филмот е фиктивна, иако некои од улогите се засновани на вистински луѓе.
„Вљубениот Шекспир“ освоил седум оскари, меѓу кои оскар за најдобар филм, оскар за најдобра актерка (Гвинет Палтроу) и оскар за најдобра актерка во споредна улога (Џуди Денч).
Содржина |
Историска точност [уреди]
Филмот не претендира на историска точност и вклучува многу комични анахронизми (како психотерапефт, Шекспир како скока на фери и вели „Следи го тој чамец!“, и Хенслоу како ја предвидува фразата „Шоуто мора да продолжи!“ (анг. „The show must go on!“). Сепак, костимите и прикажувањето на некои познати ликови, посебно Кралицата Елизабета Прва, всушност се многу добро направени, и прецизно го прикажуваат расположението и модата на тоа време.
Дејствие [уреди]
Филмот се занимава со забранетата љубов помеѓу Шекспир и Виола која е благородничка.
За да го подмири својот долг кон бизнисменот Хју Фенимем, шекспировиот патрон Хенслоу му нуди на Фенимен партнерство во најновата продукција на последната шекспирова комедија која се вика Ромео и Етел - ќерката на пиратот. Оваа драма подоцна ќе биде преименувана во Ромео и Јулија.
Писателот Вилијам Шекспир има писателска блокада и бара нова муза. Ја наоѓа во Виола де Лесепс, млада девојка која е инспирирана од неговата работа и вљубена во неговите рими. Иако е забрането од законите и обичаите во 16-тиот век, Виола се облекува како маж и оди на аудиција за улога во неговата нова драма.
Наводи [уреди]
- ↑ 1,0 1,1 „Вљубениот Шекспир“ (1998). Box Office Mojo. IMDb. Проверено на 19 февруари, 2012.
Надворешни врски [уреди]
- Вљубениот Шекспир на Интернет филмска база на податоци (англиски)
- Вљубениот Шекспир на Allmovie
- Вљубениот Шекспир на Box Office Mojo
- {{{title}}} на Rotten Tomatoes