Дождовен човек

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Дождовен човек“
Дожден човек - плакат.jpg
Филмскиот плакат
Режирано од Бери Левинсон
Продуцент Марк Џонсон
Настапуваат Дастин Хофман
Том Круз
Валерија Голино
Музика Ханс Зимер
Кинематографија Џон Сили
Монтажа Стју Линдер
Дистрибутер United Artists
Премиера 16 декември, 1988
Времетраење 133 минути
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик Англиски
Италијански
Буџет $25 милиони
Бруто заработка $354.825.435

Дождовен човек е американски драма филм од 1988, режиран од Бери Левинсон. Филмот ја раскажува приказната за себичниот јапи Чарли Бабит, кој отркива дека неговиот татко го оставил сиот свој повеќе милионски имот на неговиот аутистичен брат Рејмонд, кој тој не знаел дека постои.

Во филмот глуми Дастин Хофман како Рејмонд, Том Круз како Чарли Бабит и Валерија Џолино како девојката на Чарли - Сузана.

Филмот е добитник на четири Оскари, вклучувајќи и Оскар за најдобар филм, најдобро сценарио, најдобар режисер и најдобар актер во главна улога за Хофман. Целата екипа доби дополнителни четири номинации.

Заплет[уреди]

Чарли Бабит (Круз), дилер на автомобили од Лос Анџелес во своите средни дваесети годни, е на средина на преговори за четири луксузни спортски автомобили. Зделката е загрозена од EPA: ако Чарли не може да ги достигне барањата ќе изгуби многу пари. После краток разговор со еден од вработените, Чарли оди на викенд во Палм Спрингс со својата девојка Сузана.

Патувањето на Чарли е расипано од неочекуваните вести за смртта не неговиот отуѓен татко Стенфорд Бабит. Чарли патува во Синсинати, Охајо за да се погрижи за имотот. Таму дознава дека непознат наследник добива 3 милиони долари, додека тој добива само класичен Бјуик автомобил. Подоцна дознава дека парите се насочени кон ментална институција, за која открива дека е дом на неговиот аутистичен брат Рејмонд (Хофман).


Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: