16 декември
Од Википедија, слободната енциклопедија
16 декември е 350-иот ден во годината според григоријанскиот календар (351-и во престапна година). Остануваат 15 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1946 | Започнува со работа Филозофскиот факултет - прва високошколска институција на идниот македонски универзитет. |
| 1993 | Со размена на официјални документи, во Скопје, шест земји членки на ЕУ - Велика Британија, Германија, Франција, Италија, Холандија и Данска - воспоставија целосни дипломатски односи со Република Македонија. |
| 1945 | Во Костур, Егејска Македонија, започна судскиот процес против 106 Македонци од гратчето Хрупишта, костурско, обвинети за соработка со окупаторот и покрај тоа што повеќето од нив беа борци на ЕЛАС. Некои од нив беа осудени на казна доживотен затвор, а други на временски казни. |
Родени:
| 1485 | Катерина Арагонска, кралица на Англија. |
| 1790 | Леополд I, крал на Белгија. |
| 1912 | Коле Неделковски, истакнат македонски поет и револуционер. |
| 1869 | Д-р Христо Татарчев, основоположник и претседател на Македонската револуционерна организација во Солун. |
| 1888 | Александар I Караѓорѓевиќ, крал на Србија. |
| 1902 | Рафаел Алберти, шпански поет, драматург, сликар, графичар. |
| 1908 | Ремедиос Варо, шпанска надреалистка. |
| 1928 | Филип Дик, американски писател. |
| 1988 | Матс Хумелс, германски фудбалер. |
Починале:
| 882 | Јован VIII, римски папа. |
| 1072 | Алп Арслан, султан на Селџуците. |
| 1933 | Јанаки Паскалев, македонски револуционер. |
| 1949 | Трајчо Костов, бугарски комунист. |
| 1965 | Вилијам Сомерсет Мом, англиски писател. |
| 1969 | Васил Хаџиманов, македонски етномузиколог и педагог. |
| 1965 | Вилијам Сомерсет Мом, англиски писател. |
| 1974 | Костас Варналис, грчки писател. |
| 2009 | Јегор Гајдар, руски економист. |