Холандија

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај

Холандија (холандски: Nederland) е европскиот дел од Кралството Холандија (холандски: Koninkrijk der Nederlanden). Холандија е парламентарна демократија со уставен монарх, лоцирана во северо-западна Европа. Се граничи со Северното Море на север и запад, со Белгија на југ и со Германија на исток. Холандија е административно поделена на 12 провинции. Денешните граници на Холандија се утврдени во 1839 година.

Холандија е една од најгусто населените и географски најниско позиционираните земји во светот, позната по своите брани, ветерници, кломпи, лалиња, велосипеди и толеранција.


Земји кои го образуваат Бенелукс

Белгија | Луксембург | Холандија

Лични алатки
Други јазици