Главен град

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Главниот град е административен центар на една држава којшто се одликува со неколку главни карактеристики:

  • Обично во главниот град се наоѓа владата на државата. Но тој може да се разликува од вистинското седиште на владата. Например во Холандија главниот град е Амстердам, додека седиштето на владата е во Хаг.
  • Во монархиите главниот град најчесто е таму, каде се наоѓа кралскиот двор (може да се мести од едно во друго место).
  • Обично главниот град е запишан во Уставот на државата.
  • Често главниот град е центар на важни дејности - администрација, образование, наука.

Ва повеќето случаи главниот град е најголемиот град во земјата, но има многу исклучоци. Например во Швајцарија главниот град е Берн, a најголемиот град е Цирих; во САД главниот град е Вашингтон, најголемиот град е Њујорк и слични други вакви случаи.

Некои држави имаат повеќе од еден главен град. На пример ЈАР има 3 главни градови – Собранието заседава в Кејптаун, владата е во Преторија, судот се наоѓа во Блумфонтејн. Најголемиот град во ЈАР е Јоханесбург.

Исто така, автономните области имаат главни градови (провинциите во Германија и Австрија, кантоните во Швајцарија, државите во САД и слично).

Видете исто така[уреди]