Блумфонтејн

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Блумфонтејн (Bloemfontein) е еден од трите главни градови на Јужноафриканската Република, заедно со Преторија и Кејптаун. Името на овој град произлегува од истоимениот холандски збор кој значи "фонтана од цвеќиња". Блумфонтејн служи како судски главен град, како и седиште на покраината Фристејт. Името на градот на јазикот сото е Mangaung, што значи "местото каде што живеат Читасите". Џ.Р.Р. Толкин е роден во Блумфонтејн на 3 јануари 1892 г.

Локација[уреди]

Градот се наоѓа на сув предел, со надморска височина од 1.395 м. Блумфонтејн е дом на 369.568 жители, додека општината Мангаунг има 645.455 жители. Блумфонтејн има и свој аеродром. Во 1890 година беше изградена железница која го поврзува овој град со Кејптаун.


Историја[уреди]

Во 1899, градот бил местото каде се одвивала блумфонтејнската конференција, која не успеа да ја спречи Англо-Бурската војна.

На 13 март, 1900 година, за време на Англо-бурската војна, британските сили го освоиле градот и изградиле концентрационен логор кадешто ги чувале бурскитежени и деца. На 45.000 жени и деца (вклучувајќи 17.000 црнци) кои умреле во овие логори им е оддадена почит од народниот женски паметник.

Јужноафриканскиот народен конгрес (АНК - сегашната владеачка партија) бил основан за да ги брани правата на црнечкото мнозинство на 8 јануари, 1912 во Блумфонтејн, а ги вбројувал и Џон Дјуб (првиот претседател на конгресот) и поетот и автор Зол Плаатје меѓу неговите први членови.

Клима[уреди]

Блумфонтејн се наоѓа во централна ЈАР, на јужниот раб на Хајвелд, на возвишение од 1400 m. Градот граничи со полусувиот регион Кару. Областа е главно рамнина со неколку ридчиња, а општата вегетација е претставена со хајвелдска трева. Како резултат на високото возвишение и оддалеченоста од морето, Блумфонтејн има континентална клима со жешки летни денови (Јан.: max:31 °C min:15 °C) и попладневни грмежи и студ, суви зими, а често и мраз (Јули: max:17 °C min:-2 °C).

Родно место на[уреди]

-Џ.Р.Р. Толкин-британски писател