Фристејт
| Фристејт Vrystaat Foreistata |
|
|---|---|
| Површина | 129,480 km² |
| Население | 2.706.776 |
| Јазици: | сото (62%) африканс (14%) коса (9,5%) |
| Раси: | Црнци (88,0%) Кавкази (8,8%) Обоени (3,1%) Азијати (0,1%) |
| Главен град: | Блумфонтејн |
| Најголем град: | Блумфонтејн |
| Премиер: | Беатрис Маршоф (АНК) |
Фристејт (англиски: Free State) е покраина во Јужноафриканската Република. Претходното име на оваа покраина било Оринџ Фристејт (Orange Free State). Седиште на Фристејт е Блумфонтејн, кој е исто така и судскиот главен град на ЈАР. На 9 јуни, 1995 година, името на покраината беше сменето од Оринџ (Орање) Фристејт во Фристејт. Сегашните граници на Фристејт се од 1994, кога Бантустанците беа приклучени кон покраините на Јужна Африка.
Фристејт е сместен на рамнина, во срцето на Јужноафриканската Република. Почвата е плодна, а климата поволна, дозволувајќи солиден развој на земјоделска индустрија. Покраината е позната како "корпата за леб" на ЈАР, бидејќи постојат над 30.000 фарми кои произведуваат преку 70% од вкупното производство на пченица во земјата. Во овој дел од ЈАР се наоѓаат некои од најпродуктивните рудници за злато и дијаманти во светот.
|
|
|||||||

