Коса (јазик)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Коса
isiXhosa
Застапен во Јужноафриканска Република, Лесото
Подрачје Источен Кејп, Западен Кејп
Народ Коса, Бака
Говорници 7.6 милиони  (2007)[1]
Јазично семејство
Статус
Службен во  ЈАР
Јазични кодови
ISO 639-1 xh
ISO 639-2 xho
ISO 639-3 xho
Linguasphere 99-AUT-fa вклуч.
варијанти од 99-AUT-faa
до 99-AUT-faj +
99-AUT-fb (isiHlubi)
Гатриев код S.41[2]
South Africa 2011 Xhosa speakers proportion map.svg
Географска распространетост на коса во ЈАР
  0–20%
  20–40%
  40–60%
  60–80%
  80–100%
Јазикот коса
 лице  umXhosa
 народ  amaXhosa
 јазик  isiXhosa
 држава  kwaXhosa

Коса (isiXhosa) е еден од официјалните јазици на Јужноафриканската Република и дел од групата на нгунски јазици. Коса е зборуван од околу 7,9 милиони луѓе или 18% од вкупното население на државата. Како и останатите банту-јазици, коса е тонски јазик, односно истата согласка или самогласка може да има различно значење ако се каже со повисок или понизок тон. Една од најголемите карактеристики за овој јазик е присуството на чкрапави согласки. Самите согласки при изговор звучат како кликнивање или чкрипење во устата, така што и самиот збор „коса“ на почетокот е проследен со кликачки звук.

Коса јазикот се пишува со латинична азбука. Во јазикот постојат три кликачки звуци, односно се бележат со следните букви: „c“ го претставува забниот кликачки звук, „X“ го претставува страничниот кликачки звук и „q“ го претставува непчаниот кликачки звук. За разлика од останатите тонални јазици во светот, во коса не се бележат тоновите при пишување.

Карактеристики и класификација[уреди]

Народот Коса ги неселувале крајбрежните територии на Јужна Африка уште пред 16 век. Самите себеси се нарекуваат „amaXhosa“, а нивниот јазик „isiXhosa“. Скоро сите коисански јазици имаат согласки наречени кликови. Околу 15% од зборовниот фонд е од коисанско потекло.[3] Во современиот период јазикот има позајмено зборови од африканс и англиски.

Коса е најјужниот јазик на нгунските јазици, каде се и свазискиот, севернондебелски јазик[4] и зулу. Исто така има одредена сличност и разбирливост со останатите нгунски јазици. Нгунски јазици се дел од банту-јазиците.[5]

Коса е најрспространет јазик африкански јазик во Јужна Африка, додека зулу е најзборуван.[5] Коса е втор најчест јазик кој се користи по дома во ЈАР. Според податоците од 2003 година, поголемиот дел од народот Коса, околу 5.3 милиони живееле во покраината Источен Кејп, околу 2 милиони во Западен Кејп, околу 671.045 во Гаутенг, во Фри Стејт околу 246.192 жители, во Квазулу-Натал 219.826, во Северозападната покраина 214.461, во Мпумаланга 46,553, во Северен Кејп 51,228 и во Лимпопо 14,225.[6] Мал број Коса-говорници (18,000) има во Лесото.[3]

Дијалекти[уреди]

Коса има неколку дијалекти, меѓу кои најголемите се:

Јазикот денес[уреди]

Улогата на африканските јазици во Јужна Африка (ЈАР) е сложена. Нивната употреба во образованието била управувана со легислатива, започнувајќи со Актот за банту-образование од 1953.[5]

Денес, коса се користи како главен јазик во многу основни училишта во ЈАР, како и во некои средни учулишта. Сепак, после основното образование, учениците во добар дел продолжуваат да се образуваат на англиски. Јазикот се изучува и како училишен предмет. Високообразовните институции во државата се на англиски и африканс, а коса се изучува како предмет.

На коса има објавено поезија и проза, како и весници и списанија. Првиот превод на Библијата на коса бил од 1859 година и бил подготвен од Хенри Хер Дагмор.[3] На коса има и телевизиски и радио емзии, како и филмови, драми, музика и слично. Најпознат изведувач на коса-песни е Миријам Макеба. Писменоста кај луѓето чиј мајчин јазик е коса се проценува на 50% (според податоците од 1996 година), но ова може да е доста променео особено по апертхајтот.[3]

Примери[уреди]

Јазик коса
Писмо латиница
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Bonke abantu bazalwa bekhululekile belingana ngesidima nangokweemfanelo. Bonke abantu banesiphiwo sesazela nesizathu sokwenza isenzo ongathanda ukuba senziwe kumzalwane wakho.
Македонски Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст.
Портал: Јазици
Molo - здраво (за еден човек)
Molweni - здраво (за повеќе луѓе)
Unjani? - Како си?
Ninjani? - Како сте?
Ndiphilile - Јас сум добро.
Siphilile - Ние сме добро.
Ngubani igama lakho? - Како се викаш?
Unangaphi? - Колку си стар?
Malini na? - Колку пари?
Yintoni le? - Што е ова?
Ngubani ixesha? (Nguban'ixesha) - Колку е часот?
Kuyabanda ngaphandle! - Надвор е ладно!
Enkosi - благодарам
Uxolo - ивинете
Ngxesi - извини
Nceda - молам
Andiqondi/Andikuva - не разбирам
Andiyazi - не знам
Ndithetha isiXhosa kancinci nje - Јас зборувам само малку коса.
Ndiyagoduka ngoku - Сега јас одам дома.
Intwasahlobo ifikile - Дојде пролетта.
Ndihamba ngebhasi - Јас одам со автобус.
Ndingakwenzela ntoni? - Што можам да сторам за вас?
Vula iincwadi zakho - Отвори ги книгите.
Vulani iincwadi zenu - Отворете ги книгите.

Наводи[уреди]

Поврзано[уреди]

Портал „Јазик

Надворешни врски[уреди]