Дијамант
| Дијамант | |
Приближно осумстран груб дијамант |
|
| Општо | |
|---|---|
| Категорија | елементарни минерали |
| Хемиска формула | C |
| Штрунцова класификација | 01.CB.10a |
| Распознавање | |
| Моларна маса | 12,01 g·mol-1 |
| Боја | обично жолт, кафеав, сив или безбоен. поретко син, зелен, црн, проѕирно бел, розов, виолетов, портокалов, пурпурен и црвен. |
| Хабитус | осумстраничен |
| Кристален систем | изометриски-четириесетиосумстраничен (кубен) |
| Цепливост | 111 (совршено во четири насоки) |
| Прелом | школкест |
| Цврстина на Мосовата скала | 10 |
| Сјај | адамантен |
| Трага | безбојна |
| Проѕирност | проѕирен до потпроѕирен до полупроѕирен |
| Специфична тежина | 3,52±0,01 |
| Густина | 3,5–3,53 g/cm3 |
| Измазнет сјај | адамантна |
| Оптички својства | изотропна |
| Показател на прекршување | 2,418 (при 500 нм) |
| Двојно прекршување | нема |
| Плеохроизам | нема |
| Распрснување | 0,044 |
| Точка на топење | зависно од притисокот |
| Наводи | [1][2] |
Дијамант е алотропска модификација на јаглерод. Тоа е најтврдиот минерал во природата. Затоа се користи за сечење, брусење и полирање на други помеки материјали.
На Мосовата скала исто така зазема највисоко место со тврдост број 10.
Јаглеродните атоми во дијамантот заземаат тетраедарска структура.
Со сечење и полирање на дијамантот се добива брилијант кој се користи како украс. Полирањето се изведува со дијамантска прашина.
Бидејќи се знае дека настанува во атмосфера со висок притисок и температура, денес е усовршено производството на вештачки дијаманати кои се користат само во индустријата. Постапката се изведува во челични контејнери со експлозија. Русија има развиено технологија да произведуваат дијаманти со различна боја. Индустриските дијаманти не се така крупни како некои дијаманти кои може да се најдат во природата.
Се копаат во рудници и најголеми светски производители на дијаманти се Русија, ЈАР ...
Мерка за тежина на дијамантот е каратот. Еден карат = 0,2 грама.
Наводи[уреди]
- ↑ „Дијамант“. WebMineral. http://webmineral.com/data/Diamond.shtml. проверено на 7 јули 2009. (англиски)
- ↑ „Дијамант“. Mindat. http://www.mindat.org/min-1282.html. проверено на 7 јули 2009. (англиски)

