Премиер

Од Википедија — слободната енциклопедија

Овој серијал е дел од
темата „Политика

Системи

Портал „Политика“


Премиерите на нордиските и балтичките држави во 2014 г.

Премиер или претседател на владата е личноста која е на чело на владата. Во зависност од моделот на организација на власта во дадена земја, овластувањата на премиерот можат да бидат широки или релативно ограничени. Обично премиерот нема конкретен ресор, но понекогаш се случува тој, истовремено со премиерската функција да ја врши функцијата министер на одредено министерство. При таков случај најчесто се работи за министерството за одбрана.