Министер

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Овој серијал е дел од
серијалот „Политика

Системи

Портал „Политика“


Министер или секретар е политичар кој има важна управна улога во рамките на една национална или регионална влада на една држава. Тие се членови на кабинетот, обично под водство на монарх, генерален гувернер или претседател. Во уставните монархии суверениот или вицекралот, и во полупретседателските земји, претседателот го има премиерот како главен советник.

Потекло[уреди]

Поимот „министер“ води потекло од средноанглиски израз, кој пак влече корени од старофранцускиот збор ministre, од латински: minister, што значи 'слуга' [1]. Во некои земји (како САД, Хонг Конг, Филипините и Обединетото Кралство), таквото лице се нарекува секретар. Овој поим е користен и сѐ уште се користи во дипломатијата за второстепени дипломати (шефови на пратеништво).

Избор[уреди]

Кај многу парламентарни системи на управување, особено оние со Вестминстерски модел како Обединетото Кралство, Канада и Австралија, мнистрите мораат да бидат избрани од законодавно тело. Кај претседателските системи на управа како САД и Мексико, министрите ги назначува претседателот, и не се избираат од парламентот.

Видови на министри[уреди]

Видете и[уреди]

Наводи[уреди]

  1. [http://www.answers.com/minister&r=67 „министер“: дефиниција, синоними и многу повеќе од Answers.com (англиски)