Политика
Од Википедија, слободна енциклопедија
| Серијал за Политика: |
|---|
| Подсерии од Политика |
Политиката е процес и метод на донесување одлуки во рамките на една група. Иако генерално се однесува на власта, политика како концепт се среќава во сите форми на меѓучовечки односи вклучувајќи ги и корпорациските, академските и религиозните односи.
Политичките науки го проучуваат политичкото однесување при што во прв ред се проучува стекнувањето и спроведувањето на власта, т.е. способноста да се наметне волјата на еден над друг.
Теоретичарот, Харолд Ласвел, ја дефинира политиката како „кој добива што, кога и како“.

