Аристотел
| Дел од серијата за |
| Аристотел |
|
|
Идеи
|
|
Влијанија и следбеници
|
Аристотел (старогр. Ἀριστοτέλης) (384 п.н.е., Стагира – 7 март 322 п.н.е., Халкида) е еден од највлијателните философи и мислители во античката и светската философија и еден од најистакнатите старомакедонски дејци во историјата.
Во неговите многубројни дела се опфатени речиси сите области од философијата. Тој е творец на повеќе науки, како: логика, психологија итн. Напишал многу книги од интерес за логиката, физиката, поезијата, реториката, политиката, зоологијата и биологијата. Позначајни дела му се: „Органон“, „Физика“, „Метафизика“, „Никомахова етика“, „Политика“, „Реторика“, „Поетика“, „Механика“, „Метеорологија“ и други.
Содржина |
[уреди] Живот
Татко му Никомах бил личен лекар на македонскиот крал Аминта III. Подоцна, и Аристотел служел на македонскиот двор, но како воспитувач и учител на Александар Македонски.
Во 335 п.н.е. се враќа во Атина и формира своја школа наречена Ликеј. Со тоа тој и формално раскрстил со учењето на Платон, велејќи: „Платон ми е драг, но вистината подрага“.
Кон крајот на животот на Александар, Александар почнува да се сомнева во заговори против него и му се заканува на Аристотел во своите писма. Аристотел не го крие својот презир кон Александровите претензии да го сметаат за бог, па вториот го убива Аристотеловиот внук Калистен како предавник.
[уреди] Философија
Аристотел е ученик на Платон, но за разлика од него, Аристотел одбивал да признае какво и да е наднебесно царство на идеите. Општото и поединечното се во единство. Тој забележал, ако идеите се совршени и најубави, што со таквите идеи како ѓубре и сл., а ако идеите се сосредоточеност на битието, што станува со негативните идеи, на пример, нечовекот? итн.
Аристотел ја определува философијата како наука за постојното како постојно (онтологија). Таа треба да го опише постојното независно од ваквите или онакви негови пројави, а потоа да го објасни.
За Аристотел сè што постои претставува единство на материја и форма. Меѓутоа, Аристотел апстрахира материја без форма или, како што тој ја вика прва материја. Таа е општ материјал од кој се гради сè. Кога првата материја на некој начин ќе се оформи тогаш се добива втора материја. Секоја втора материја (секое постојно), како единство на материја и форма, може да биде материја за некоја друга форма, на пример, глина за тула, тула за куќа, куќа за улица, улица за град итн. Колку е пооформена некоја ствар, таа има помалку материја, а повеќе форма. Чистата форма е без материја. Таа форма е всушност Бог, прв двигател, во исто време неподвижен двигател, зашто ако се движи не ќе биде прв, туку ќе има некој попрв од него кој ќе го движи што е противречно на прв двигател. Чистата форма е исполнета со некаква нематеријална содржина, имено со мисла која себеси се мисли. Аристотел смета дека познанието нужно почнува со сетилното восприемање, па преку претставување и искуство оди до научното познание. Меѓутоа, за да ја реши тешкотијата што се појави и кај мислителите пред Платон, имено онаа за единството на општото и поединечното, Аристотел направи скок: општото и нужно знаење, како што е научното, тој го става во врска со неподвижниот двигател (чистата форма, Бог) преку рационалната душа, која му е својствена само на човекот. А постои и растителна и анимална (животинска) душа, кои, за разлика од рационалната душа која е чисто духовна, се телесни, па зависат од состојбата на телото на растенијата и животните.
За Аристотел слободниот човек наоѓа врвна потврда на себеси во политичката дејност каде се здобива со слава и признанија, а најдобра форма на политичко водство е политејата во која владеат најспособните и морално најиздигнати граѓани од средниот слој на населението.
[уреди] Видете исто така
[уреди] Наводи
[уреди] Останати наводи
- Учебник по философија за четврта година по гимназиско образование.
[уреди] Надворешни врски