Сократ

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Socrates Louvre.jpg

Сократ (4 јуни, 470 п.н.е. - 399 п.н.е), (грчки: Σωκράτης, Сократис) е старогрчки (атински) философ и една од најзначајните икони на Западната философска традиција.

Сократ е родум од Атина. Го напуштил занаетот на татка си (каменорежач) и сиот свој живот го посветил на философијата. Тој одел меѓу луѓето, разговарал со нив, ги терал на размислување, едностојно им поставувал прашања, а на одговорите други прашања. За него основен проблем е човекот, пред сѐ; неговото однесување во етичката сфера и во политичката. Тој решително им се спротиставувал на софистите, а пред сѐ; на нивниот реализам и субјективизам, сметајќи дека човекот можел да пронајде знаења кои важат општо и нужно. Сократовата основна поставка била „Јас знам дека ништо не знам!“

[уреди] Сократовски метод

За повеќе информација види Сократика

Уникатниот метод на подучување на учениците на Сократ се состоел во тоа што ученикот преку прашања и одговори доаѓал до сопствени заклучоци. При тоа Сократ играл улога на „акушер“ кој помагал да се раѓаат здрави духовни деца.

[уреди] Филозофија

Сократ сметал дека знаењето е добро а незнаењето е зло. Тој бил противник на демократијата и остар критичар на нејзините недостатоци. Тој сметал дека само најспособните треба да бидат на власт. Тој велел дека човекот е родно место на вистината, дека треба да ја бара во себеси. Човекот треба да вложи напор, да ризикува и да се жртвува за да дојде до вистината. Тоа е она епохалното што Сократ го придонел во филозофијата.

Други јазици