Еразмо Ротердамски
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Еразмо Ротердамски (28 октомври 1466 во Ротердам - 12 јули 1536 во Базел) бил истакнат холандски хуманист. Вистинското име му е Герхард Герхардс. Бил ракоположен за свештеник, но живеел како самостоен учен човек.[1]
Поради големото влијание врз своите современиците наречен е крал на хуманистите. Имал големо влијание на германската реформација, а реформата на црквата ја замислувал како реформа на клерот и на црковните општини, а не како реформа на догмата.
Негово најпознато дело е „Пофалба на глупоста“, напишана во 1509 година. Во него ја критикува корупцијата во Црквата, залагајќи се за живот во кој човек ќе се раководи според постојните морални и религиозни начела. Делата на Еразмо биле меѓу првите печатени книги што имале голема читателска публика и секако придонеле за отворање на патот на протестанската реформација.[2]
Наводи [уреди]
| Оваа биографска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |