28 октомври
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | октомври | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
28 октомври е 301-иот ден во годината според григоријанскиот календар (302-и во престапна година). Остануваат 64 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1492 | На првото патување преку Атлантикот, во потрага по нов пат до Индија, Кристофер Колумбо ја откри Куба. |
| 1947 | Во Скопје, во киното „Култура“, филмските работници на Македонија го организираа првиот филмски преглед. Во него е прикажан секојдневниот живот во Републиката, активностите на градежништвото, прославата на деветти септември во Пиринска Македонија и бербата на памукот во Струмичко. Сниматели беа Трајче Попов и Благоја Дрнков. |
| 1992 | Во Собранието на Република Македонија, пратениците го изгласаа Законот за државјанство. Услов за добивање на државјанство е 15-годишен престој. |
Родени:
| 1466 | Еразмо Ротердамски, холандски хуманист. |
| 1697 | Џовани Антонио Канал, повеќе познат како Каналето - венецијански сликар. |
| 1818 | Иван Сергеевич Тургенев, руски писател, еден од најзначајните претставници на рускиот реализам. |
| 1910 | Френсис Бејкон, англиски сликар. |
| 1936 | Предраг Угрински, специјалист по патолошка анатомија и поранешен редовен професор на на Медицинскиот факултет во Скопје од 1986 година. |
| 1937 | Зоран Стојановски, македонски психолог и универзитетски професор. |
| 1956 | Махмуд Ахмадинежад, претседател на Исламската Република Иран. |
| 1955 | Бил Гејтс, американски програмер, и ко-основач на компанијата Мајкрософт. |
| 1963 | Ерос Рамацоти, италијански пејач и композитор. |
| 1967 | Џулија Робертс, американска актерка. |
| 1980 | Алан Смит, англиски фудбалер. |
| 1981 | Милан Барош, чешки фудбалер. |
Починале:
| 312 | Максенциј, римски император. |
| 1703 | Џон Волис, англиски математичар. |
| 1704 | Џон Лок, англиски философ. |
| 1740 | Ана Руска, руска императорка. |
| 1923 | Стојан Протиќ, српски политичар. |
| 1935 | Џими Макулис, грчки пејач. |
| 1969 | Корнеј Чуковски, руски писател. |
| 1989 | Димитар Гешовски, еден од најпознатите македонски артисти. |
| 1999 | Рафаел Алберти, виден член на Генерацијата '27, еден од најзначајните шпански поети на 20 век. |
| 2005 | Љуба Тадиќ, југословенски и српски актер. |
| 2006 | Тревор Бербик, боксер од Јамајка. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |