10 октомври
Од Википедија, слободната енциклопедија
10 октомври е 283-иот ден во годината според григоријанскиот календар (284-и во престапна година). Остануваат 82 денови до крајот на годината.
| << | октомври | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | ||
Настани:
| 1582 | Поради воведувањето на Грегоријанскиот календар во оваа година, овој ден не постоел во Италија, Полска, Португалија и Шпанија. |
| 1631 | Саконската војска ја зазема Прага. |
| 1889 | Формиран колеџот Бернард. |
| 1944 | Во селото Жегљане, кумановско, е формирана Кумановската дивизија, во чиј состав влегоа Шеснаесеттата, Седумнаесеттата и Осумнаесеттата македонска НО бригада. Имаше околу 5.500 борци. |
| 1946 | Во Скопје, во црквата „Свети Спас“, со сите државни почести и пред повеќе илјади граѓани од цела Македонија, беа положени моштите на истакнатиот македонски револуционер и идеолог Гоце Делчев, кои два дена порано македонската делегација ги донесе од Софија. |
| 1967 | Во Скопје, на свечената седница на Собранието на СР Македонија, е извршено свечено отворање на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). |
| 1991 | Предадено е во употреба студиото на ТВ Прилеп. |
| 1993 | Андреас Папандреу победи на претседателските избори во Грција. |
Родени:
| 1813 | Џузепе Верди, италијански композитор (п. 1901). |
| 1892 | Иво Андриќ, српски писател. |
| 1904 | Сотир Ставридис, македонски хирург и уролог, прв асистент во Хируршката клиника во Скопје. |
| 1923 | Николас Парсонс, англиски глумец. |
| 1930 | Харолд Пинтер, англиски драматург - добитник на Нобеловата награда за литература. |
| 1946 | Наото Кан, јапонски политичар. |
| 1966 | Тони Адамс, англиски фудбалер. |
| 1969 | Илија Зимбо, македонски солист, камерен музичар и прв флејтист во оркестарот на Македонската опера и балет. |
| 1983 | Никос Спиропулос, грчки фудбалер. |
Починале:
| 426 | Атик Константинополски, Патријарх на Константинопол. |
| 1359 | Хуго IV, крал на Кипар. |
| 1674 | Томас Трахерн, англиски поет. |
| 1837 | Шарл Фуриер, француски философ. |
| 1930 | Адолф Енглер, германски ботаничар. |
| 1983 | Ралф Ричардсон, англиски актер. |
| 2004 | Кристофер Рив, американски актер. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |