Антонио Пједра

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Антонио Пједра
Лични податоци
Цело име Антонио Пједра Перез
Роден 10 октомври 1985 (1985-10-10) (29 г.)
Севилја, Шпанија
Висина 1,78 м
Маса 61 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Каха Рурал-Сегурос РГА
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Аматерски клубови
2002
2003
2004
2005–2006
Ситроен Мартос Тобало (јуниор)
UCOP (јуниор)
Кордоба Патримонио де ла Хуманидад
Комунитат Валенсијана
Професионални клубови
2007
2008–2011
2012–
Фуертевентура-Канаријас
Андалусија-Кахасур
Каха Рурал-Сегурос РГА
Значајни победи
Гранд Тур
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2012)

Еднодневни трки и класици

ГП Рогаланд (2012)
Последна промена
6 февруари 2014

Антонио Пједра Перез (шпански: Antonio Piedra Pérez; р. 10 октомври 1985) — шпански професионален и друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Каха Рурал-Сегурос РГА.[1]

Роден во Севилја, Пједра настапува како професионалец од 2007, натпреварувајќи се за екипите Фуертевентура-Канаријас и Андалусија-Кахасур, пред да се приклучи на екипата Каха Рурал-Сегурос РГА за сезоната 2012. Пједра однел престижна победа на Рогаланд ГП во мај 2012, победувајќи сам со предност од 35 секунди од најблискиот ривал.[2] Учествувал на Вуелта а Еспања 2012, неговата екипа добила специјална покана и освоил голема победа на етапата 15, планинска етапа со завршница на нагорнина над Езерото Ковадонга. Пједра го следел потегот на неколку возачи, кои се одвоиле на првото искачување на етапата и се одвоил од нив на последното искачување на трката, првото искачување од „екстра“ категорија на Вуелта. Имал 2 минути и 2 секунди предност пред најблискиот ривал, возачот на Еускалтел-Еускади Рубен Перез.[3]

Достигнувања[уреди]

2006
2. Краен пласман Вуелта а Сеговија
1. Етапа 3
3. Краен пласман Вуелта а Паленсија
1. Етапа 2 (ТТТ)
2009
1. Етапа 5 Волта а Португал
2011
8. Краен пласман Тур де Сан Луис
9. ГП де Љодио
2012
1. Рогаланд ГП
1. Етапа 15 Вуелта а Еспања
2013
Вуелта а Еспања
Награда за борбеност на етапа 5

Наводи[уреди]

  1. „Каха Рурал-Сегурос РГА (CJR) - ШПА“. „UCI Continental Circuits“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://62.50.72.82/UCIBWS/(S(uxddm1cd0ye0s5qoo5za0nie))/Teams/detail/en/ROA/3014. конс. 19 јануари 2014. 
  2. Пједра сам до победа во Норвешка“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 13 мај 2012 (конс. 14 мај 2012).
  3. Сузан Вестемајер. „Пједра победи на етапа на Вуелта а Еспања по целодневно бегство“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 2 септември 2012 (конс. 2 септември 2012).

Надворешни врски[уреди]