Вуелта а Еспања 2012

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вуелта а Еспања 2012
Светска турнеја UCI 2012, трка 22 од 28
Vuelta a España 2012.png
Карта на рутата на Вуелта а Еспања 2012
Детали за трката
Датум 18 август - 9 септември
Етапи 21
Должина 3.360,2 km (2,088 mi)
Време 84ч 59' 49" (24,5 mph/39.4 км/ч

)

Добитници на наградите
Победник  Алберто Контадор (ШПА) (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк)
Втор  Алехандро Валверде (ШПА) (Мувистар Тим)
Трет  Хоаким Родригез (ШПА) (Тим Катјуша)

Бодови  Алехандро Валверде (ШПА) (Мувистар Тим)
Планини  Сајмон Кларк (АВС) (Орика-ГринЕЏ)
Комбинација  Алехандро Валверде (ШПА) (Мувистар Тим)
Екипа Мувистар Тим
2011
2013

Вуелта а Еспања 2012 започнала на 18 август 2012 и било 67. издание на трката. Трката започнала во Памплона со екипен хронометар, а завршила традиционално на 9 септември во Мадрид. Изданието во 2012 го одбележало враќањето на Бола дел Мунде, планинската завршница на една етапа. Тоа било местото на возбудливата битка помеѓу победникот Винченцо Нибали и второпласираниот Езекил Москера на изданието од 2010.[1][2] По првпат од 1994, трката го посетила регионот Навара. Памплона била посетена од некој Гранд Тур во 1996, кога градот бил домаќин на крајот на етапа на Тур де Франс 1996. На таа етапа, трката му оддала почит на Мигуел Индураин поминувајќи низ неговото родно село Вилава.

Трката по вторпат била освоена од Алберто Контадор од Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк, остварувајќи ја својата прва победа во генерален пласман по неговото враќање по суспензијата за допинг.[3] Контадор, кој ја освоил седумнаесеттата етапа на трката по соло нападот, го освоил генералниот пласман со 1' 16" пред второпласираниот Алехандро Валверде од екипата Мувистар Тим. Двократниот етапен победник Валверде исто така освоил и два секундарни пласмани на трката на последниот ден; освојувајќи го шестото место на етапата во Мадрид избил со бројот на бодови пред Хоаким Родригез (Тим Катјуша) во тој пласман и неговиот резултат ги заменил местата, притоа дозволувајќи му на Валверде да го преземе и комбинираниот пласман - каде се броел најнискиот вкупен резултат во сите пласмани.[4]

Заокружувајќи го потполно шпанскиот подиум,[5] Родригез ја завршил трката трет, 21 секунда зад Валверде и 1' 37" зад Контадор, притоа водејќи на трката 13 дена помеѓу четвртата и шеснаесетата етапа. Родригез исто така постигнал три етапни победи, веднаш зад спринтерот од Аргос-Шимано Џон Дегенколб, кои освоил пет етапи, најмногу од еден Германец на Вуелта.[6] Возачот на Орика-ГринЕЏ Сајмон Кларк станал вториот Австралиец, кој освоил планински пласман на некој Гранд Тур, додека Мувистар Тим удобно го освоиле екипниот пласман.[7]

Екипи[уреди]

Сите 18 UCI ProTour екипи биле автоматски поканети на трката, каде им се придружиле четири други екипи, кои добиле специјални покани на 1 март 2012[8]:

18 ProTour екипи:

Екипи кои добиле специјални покани:

За повеќе информации, видете Список на екипи и велосипедисти на Вуелта а Еспања 2012.

Фаворити пред трката[уреди]

Победникот на изданието на трката од 2008, Алберто Контадор, го направил своето прво појавување на Гранд Тур по неговата суспензија, откако се покажал дека бил позитивен за забранети супстанци на Тур де Франс 2010 и се сметал за еден од главните фаворити за освојување на трката. Друг фаворит бил Крис Фрум, кој завршил втор на Вуелта 2011 и Тур де Франс 2012 и ја предводел екипата Скај на трката, откако минатата година му помагал на Бредли Вигинс. Победникот на изданието од 2011, Хуан Хосе Кобо, се обидел да ја преслика победата од минатата година по разочарувачката сезона 2012 и бил колидер на екипата Мувистар, заедно со Алехандро Валверде.

Други кандидати за подиум билее Хоаким Родригез од Катјуша, кој завршил втор на Џиро д’Италиа 2012, Игор Антон од Еускалтел-Еускади, Јурген ван ден Брук од Лото-Белисол, Дамијано Кунего од Лампре и Роберт Гесинк од Рабобанк.

Возачи кои можат да дојдат до првите десет се и колегите на Фрум, Ригоберто Уран и Серхио Енао, возачот на Рабобанк Бауке Молема, возачот на РадиоШек Максим Монфор, возачот на Вакансолел Томас де Гент и Николас Роуш од Аг2р-Ла Мондијал.

Етапи[уреди]

Поврзано: Вуелта а Еспања 2012 - етапа 1 до етапа 11 и Вуелта а Еспања 2012 - етапа 12 до етапа 21


Етапа Датум Тек Растојание Вид Победник
1 18 август Памплона 16,2 км Екипен хронометар екипен хронометар Мувистар Тим
2 19 август Памплона - Вијана 180 км Plainstage.svg рамна етапа  Џон Дегенколб (ГЕР)
3 20 август Ојон - Ејбар 153 км Mediummountainstage.svg средно-планинска етапа  Алехандро Валверде (ШПА)
4 21 август Баракаљдо - Валдезкарај 155 км Mediummountainstage.svg средно-планинска етапа  Сајмон Кларк (АВС)
5 22 август Логроњо - Логроњо 172 км Plainstage.svg рамна етапа  Џон Дегенколб (ГЕР)
6 23 август Тарасона - Хака 174 км Mediummountainstage.svg средно-планинска етапа  Хоаким Родригез (ШПА)
7 24 август Хака - Моторланд Арагон 160 км Plainstage.svg рамна етапа  Џон Дегенколб (ГЕР)
8 25 август Љеида - Кол де ла Галина 175 км Mountainstage.svg планинска етапа  Алехандро Валверде (ШПА)
9 26 август Андора - Барселона 194 км Plainstage.svg рамна етапа  Филип Жилбер (БЕЛ)
27 август Ден за одмор
10 28 август Пуентеареас - Санхенхо 166 км Plainstage.svg рамна етапа  Џон Дегенколб (ГЕР)
11 29 август Камбадос - Понтеведра 40 км Екипен хронометар индивидуален хронометар  Фредрик Кесијакоф (ШВЕ)
12 30 август Вилагарсија - Ла Коруња 184,6 км Mediummountainstage.svg средно-планинска етапа  Хоаким Родригез (ШПА)
13 31 август Сантијаго де Компостела - Ферол 172,7 км Plainstage.svg рамна етапа  Стив Камингс (ВБР)
14 1 септември Палас до Реи - Лос Анкарес 152 км Mountainstage.svg планинска етапа  Хоаким Родригез (ШПА)
15 2 септември Ла Робла - Лагос де Ковадонга 186,7 км Mountainstage.svg планинска етапа  Антонио Пједра (ШПА)
16 3 септември Хихон - Суиту Негро 185 км Mountainstage.svg планинска етапа  Дарио Каталдо (ИТА)
4 септември Ден за одмор
17 5 септември Сантандер - Фуенте Де 177 км Mediummountainstage.svg средно-планинска етапа  Алберто Контадор (ШПА)
18 6 септември Агилар де Кампо - Валјадолид 186,4 км Plainstage.svg рамна етапа  Даниеле Бенати (ИТА)
19 7 септември Пењафиел - Ла Ластрилја 169 км Plainstage.svg рамна етапа  Филип Жилбер (БЕЛ)
20 8 септември Палацуело дел Ересма - Бола дел Мундо 169,5 км Mountainstage.svg планинска етапа  Денис Мењшов (РУС)
21 9 септември Серседилја - Мадрид 111,9 км Plainstage.svg рамна етапа  Џон Дегенколб (ГЕР)

Пласмани[уреди]

Етапа Победник Генерален пласман
Jersey red.svg
Бодовен пласман
Jersey green.svg
Планински пласман
Jersey blue dotted.png
Комбиниран пласман
Jersey white.svg
Екипен пласман Награда за борбеност
1 Мувистар Тим Џонатан Кастровјехо недоделена недоделена недоделена Мувистар Тим Иманол Ервити
2 Џон Дегенколб Џон Дегенколб Хавиер Чакон Хавиер Чакон Хавиер Арамендија
3 Алехандро Валверде Алехандро Валверде Алехандро Валверде Пим Лигтхарт Алехандро Валверде Алехандро Валверде
4 Сајмон Кларк Хоаким Родригез Сајмон Кларк Сајмон Кларк Хоаким Родригез Рабобанк Луис Анхел Мате
5 Џон Дегенколб Џон Дегенколб Хавиер Чакон
6 Хоаким Родригез Тим Скај Томас де Гент
7 Џон Дегенколб Хавиер Арамендија
8 Алехандро Валверде Алехандро Валверде Рабобанк Хавиер Арамендија
9 Филип Жилбер Хоаким Родригез Хавиер Чакон
10 Џон Дегенколб Џон Дегенколб Хавиер Арамендија
11 Фредрик Кесијакоф Фредрик Кесијакоф
12 Хоаким Родригез Хоаким Родригез Микел Астарлоза
13 Стив Камингс Хуан Антонио Флеча
14 Хоаким Родригез Сајмон Кларк Хуан Мануел Гарате
15 Антонио Пједра Мувистар Тим Антонио Пједра
16 Дарио Каталдо Дарио Каталдо
17 Алберто Контадор Алберто Контадор Алберто Контадор
18 Даниеле Бенати Гатис Смукулис
19 Филип Жилбер Ји Ченг
20 Денис Мењшов Сајмон Кларк
21 Џон Дегенколб Алехандро Валверде Алехандро Валверде недоделена
На крај Алберто Контадор Алехандро Валверде Сајмон Кларк Алехандро Валверде Мувистар Тим Алберто Контадор
Забелешки
  • На етапата 3, Хавиер Арамендија, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Хавиер Чакон (на првото место) ја носел сината точкаста маичка како предводник во планинскиот пласман на етапата.
  • На етапата 4, Џон Дегенколб, кој бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Алехандро Валверде (на првото (место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман на етапата. Исто така, Хоаким Родригез, кој е втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Валверде го држи водството и во овој пласман.
  • На етапата 5, Пим Лигтхарт, кој бил втор во планинскиот пласман, ја носел сината точкаста маичка, бидејќи Сајмон Кларк (на првото место) ја носел зелената маичка како предводник во бодовниот пласман на етапата. Исто така, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригез ја носел црвената маичка како предводник на генералниот пласман.
  • На етапите 6, 7 и 8, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригез ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман.
  • На етапата 9, 10 и 11, Крис Фрум, кој бил трет во комбинираниот пласман ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригез (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман, а Алехандро Валверде (на второто место) ја носел сината точкаста маичка како предводник во планинскиот пласман.
  • На етапата 10, Џон Дегенколб, кој бил втор во бодовниот пласман ја носел зелената маичка, бидејќи Хоаким Родригез (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман.
  • На етапата 12, 13 и 14, Алберто Контадор, кој бил трет во комбинираниот пласман ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригез (на првото место ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман, а Алехандро Валверде (на второто место) ја носел сината точкаста маичка како предводник во планинскиот пласман.
  • На етапата 13, Џон Дегенколб, кој бил трет во бодовниот пласман ја носел зелената маичка, бидејќи Хоаким Родригез (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман, а Алехандро Валверде (на второто место) ја носел сината точкаста маичка како предводник во планинскиот пласман. На етапата 14, Џон Дегенколб сè уште ја носел зелената маичка, но сега како втор во бодовниот пласман, по Хоаким Родригез.
  • На етапата 15, 16 и 17, Алехандро Валверде, кое бил втор во бодовниот пласман, ја носел зелената маичка, бидејќи Хоаким Родригез (на првото место) ја носел црвената маичка како предводник во генералниот пласман, а Алберто Контадор, кој бил трет во комбинираниот пласман ја носел белата маичка.
  • На етапата 18 и 19, Алехандро Валверде, кој бил втор во комбинираниот пласман, ја носел белата маичка, бидејќи Хоаким Родригез (на првото место) ја носел зелената маичка како предводник во бодовниот пласман.

Поредок[уреди]

Екипен пласман[уреди]

Место Екипа Време
1 Мувистар Тим 254ч 52' 49"
2 Еускалтел-Еускади + 9' 40"
3 Аг2р-Ла Мондијал + 20' 19"
4 Рабобанк + 23' 48"
5 Тим Скај + 26' 55″
6 Тим Катјуша + 36' 07"
7 Лампре-ИСД + 53' 00″
8 Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 1ч 01' 11"
9 РадиоШек-Нисан + 1ч 17' 34"
10 Каха Рурал-Сегурос РГА + 1ч 25' 10"

Наводи[уреди]

  1. „Вуелта а Еспања 2012 ќе започне во Памплона“. Cyclingnews.com. 8 септември 2011. http://www.cyclingnews.com/news/2012-vuelta-a-espana-to-start-in-pamplona. конс. 23 јули 2012. 
  2. „Вуелта а Еспања 2012 со екипен хронометар и Бола дел Мундо“. Cyclingnews.com. 5 ноември 2011. http://www.cyclingnews.com/news/vuelta-a-espana-2012-with-team-time-trial-and-bola-del-mundo. конс. 23 јули 2012. 
  3. Алберто Контадор го одбележа неговото враќање по суспензијата со победа на Вуелта“, „The Daily Telegraph“, Telegraph Media Group, 9 септември 2012 (конс. 9 септември 2012).
  4. Аткинс, Бен. „Џон Дегенколб дојде до број пет на последната етапа, додека Контадор победи“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 9 септември 2012 (конс. 9 септември 2012).
  5. Алберто Контадор ја освои втората титула на Вуелта а Еспања“, „BBC Sport“, BBC, 9 септември 2012 (конс. 9 септември 2012).
  6. Fotheringham, Alasdair. „High five for Degenkolb in Madrid“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 9 септември 2012 (конс. 9 септември 2012).
  7. Бенсон, Даниел. „Дегенколб ја однел петтата етапна победа на Вуелта во Мадрид“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 9 септември 2012 (конс. 9 септември 2012).
  8. „Првите четири покани одредени“. 1 март 2012. http://tourdepologne.pl/en/?showNewsLite=115. конс. 27 март 2012. 

Надворешни врски[уреди]