Дарио Каталдо

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дарио Каталдо

Каталдо вози на Критериум ду Дофине 2011
Лични податоци
Цело име Дарио Каталдо
Прекар Пикасо[1]
Роден 17 март 1985 (1985-03-17) (29 г.)
Ланчано, Италија
Висина 1,75 м
Маса 64 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач[1]
Професионални клубови
2007–2008
2009–2012
2013–
Ликвигас
Квик Степ
Тим Скај
Значајни победи
Гранд Тур
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2012)

Еднодневни трки и класици

Национален хронометарски првак (2012)
Последна промена
14 јануари 2014

Дарио Каталдо (италијански: Dario Cataldo; р. 17 март 1985 во Ланчано) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Скај.[2]

Кариера[уреди]

Ликвигас (2007-2008)[уреди]

По изненадувачката победа на Бебе-Џиро во 2006,[3] Каталдо потпишал како професионалец за Ликвигас за сезоната 2007.[4] Во јануари 2007, Каталдо бил удрен од автомобил додека тренирал.[5] Подоцна истата година, Каталдо освоил две етапи на Тур де л‘Авенир.[6] По разочарувачката година во 2008, Ликвигас не го обновил неговиот договор.[3]

Квик Степ (2009-2012)[уреди]

Така, во 2009, Каталдо се префрлил во екипата Квик Степ.[7] Првите две години Каталдо не успевал да го покаже својот талент, меѓутоа во 2012 ги покажал своите вештини. Победил на националното хронометарско првенство 2012 и завршил 12. на Џиро д’Италија. Каталдо ја освои „кралската“ етапа на Вуелта а Еспања 2012, етапата 16 завршувајќи прв на искачувањето, кое било возено по првпат на Вуела, Суиту Негру. Тој побегнал со Томас де Гент од Вакансолел-ДКМ на почетокот на етапата и тие никогаш не биле достигнати од групата. Каталдо се одвоил од Де Гент на помалку од 2 километри до целта на најстрмниот дел на етапата (повеќе од 20%). Успеал да ги подигне рацете кога поминал низ целта за победнички израз, пред да му паднат на дршките за раце на неговиот велосипед поради замор.[8] Каталдо го напуштил Омега Парма-Квик Степ на крајот на сезоната 2012 и се приклучил на Тим Скај за сезоната 2013.[2]

Тим Скај (2013–)[уреди]

Неговиот успех во 2012 го привлекло вниманието на прваците во Светската турнеја UCI Тим Скај, каде се очекува да има улога на суперпомошник за Бредли Вигинс на Џиро д’Италија или Крис Фрум на Тур де Франс.[2]

Достигнувања[уреди]

2006
1. Краен пласман Бебе-Џиро
2007
1. Етапа 1 (ТТТ) Сетимана Сиклистика Ломбарда
3. Трка околу Франкфурт на Мајна
4. Џиро дел Венето
10. Краен пласман Тур де л’Авенир
1. Етапа 2
1. Етапа 7
10. Копа Уго Агостони
2008
1. Етапа 1b (ТТТ) Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
2009
4. Трка околу Мисури
5. Гран Премио Бруно Бегели
2010
1. Гран Премио Бруно Бегели
2. Национални хронометарски првенства
2011
7. Трофео Магалуф-Палманова
9. Краен пласман Трка околу Пекинг
2012
1. MaillotItalia.svg Национален хронометарски првак
1. Етапа 2b (ТТТ) Тур де л’Ен
1. Етапа 16 Вуелта а Еспања
9. Краен пласман Волта а Каталуња
12. Краен пласман Џиро д’Италија
2013
1. Етапа 1b (ТТТ) Џиро дел Трентино
1. Етапа 2 (ТТТ) Џиро д’Италија

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Дарио Каталдо“. „Омега Парма-Квик Степ“. Decolef. http://www.omegapharma-quickstep.com/en/team/rider/dario-cataldo. конс. 28 април 2013. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Каталдо го напушта Омега Парма-КвикСтеп за Скај“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 5 септември 2012 (конс. 24 септември 2012).
  3. 3,0 3,1 Дарио Каталдо (холандски)
  4. „Ликвигас ја објави екипата за 2007“. „Cycling news“. 5 октомври 2006. http://www.cyclingnews.com/news/liquigas-announces-2007-roster. конс. 25 јануари 2010. 
  5. Браун, Грегор (31 јануари 2007). „Каталдо удрен од автомобил додека тренирал“. „Cycling news“. http://www.cyclingnews.com/news/cataldo-hit-by-car-while-training. конс. 25 јануари 2010. 
  6. „Младиот Италијанец во форма“. „Cycling news“. 13 септември 2007. http://www.cyclingnews.com/news/young-italian-on-a-roll. конс. 25 јануари 2010. 
  7. Прел, Моника (27 ноември 2009). „Каталдо му се придружи на Квик Степ“. „Cycling news“. http://www.cyclingnews.com/news/cataldo-joins-quick-step. конс. 25 јануари 2010. 
  8. Бен Аткинс. „Вуелта а Еспања: Дарио Каталдо ја однел историската победа додека водечките на трките се бореле зад него“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 3 септември 2012 (конс. 3 септември 2012).

Надворешни врски[уреди]