Ригоберто Уран

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ригоберто Уран

Уран на Критериум ду Дофине 2011
Лични податоци
Цело име Ригоберто Уран Уран
Прекар Риго[1]
Роден 26 јануари 1987 (1987-01-26) (27 г.)
Урао, Колумбија
Висина 1,73 м[1]
Маса 63 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Омега Парма-Квик Степ
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување и хронометри
Професионални клубови
2006
2007
2008–2010
2011–2013
2014–
Тенакс
Унибет.com
Кејс д’Епарњ
Тим Скај
Омега Парма-Квик Степ
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
Пласман за млад возач (2012)
1 индивидуална етапа (2013)

Еднодневни трки и класици

Џиро дел Пиемонт (2012)
Последна промена
21 ноември 2013

Ригоберто Уран Уран (шпански: Rigoberto Urán Urán; р. 26 јануари 1987 во Урао, Антиокија) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој моментално вози за UCI World Tour екипата [2]

На Летните олимписки игри 2012, го освоил сребрениот медал на друмската трка. Станал првиот Колумбиец кој некогаш бил на подиум на Џиро д’Италија, кога завршил втор зад Винченцо Нибали во изданието 2013 на трката, преземајќи го водството на Тим Скај по откажувањето на предводникот на екипата Бредли Вигинс. Исто така освоил етапа која завршувала на нагорнина на трката. Претходната година ја освоил белата маичка за најдобар млад возач и седмото место во генералниот пласман.

Ран живот[уреди]

Првата велосипедска трка му била на 14 години, три месеци пред неговиот татко да биде случајно убиен во пукање поврзано со мафијата во Колумбија.[3][4] Ригоберто го зазел неговото место како продавач на лото-ливчиња за да му помогне на неговото семејство и на возраст од 16 години станал професионалец и се преселил во Меделин да вози за Оргуло Паиса, колумбиски велосипедски тим.[5][6]

Велосипедска кариера[уреди]

Тенакс и Унибет (2006-07)[уреди]

На возраст од 19 се сели во Италија да вози за Тим Тенакс со неговиот сонародник Марлон Перез Аранго. Следната година тој потпишува за Унибет.com и го победува хронометарот на Еускал Бизиклета, кој беше стопиран со некои возачи сè уште останати на силниот дожд и ветар. Исто така, ја освои и осмата етапа на Тур де Свис и завршил деветти на крајот.[7] На Трката околу Германија тој беше заедно со крајниот победник на етапата Дамијано Кунего, кога паднал долу низ еден планински поток и се забил во камен ѕид. Тој имал фрактури на двете колена и десниот зглоб.[8]

Кејс д’Епарњ (2008-10)[уреди]

Во 2008 потпишал договор со Кејс д’Епарњ и завршил втор на Волта а Каталуња и трет на Џиро ди Ломбардија, престижен еднодневен класик. На Летните олимписки игри 2008, Уран се натпреварувал на друмската трка, но не ја заврши. Во 2009 завршил петти во крајниот пласман на Тур де Романди и го возел неговиот прв Тур де Франс и завршил 52.. Во 2010 возел на Џиро д’Италија и заврши 7. на крај на Тур де Свис 2010. Исто така, возел и на Вуелта а Еспања, но се здобил со пад со што се ставило крај на неговите желби за висок краен пласман, но сепак завршил на осмото место.[9]

Тим Скај (2011-до денес)[уреди]

Уран се приклучил на Тим Скај во сезоната 2011.[10] Тој завршил петти на Лиеж-Бастон-Лиеж,[11] и петти на крајот во Волта а Каталуња.[12]

На Тур де Франс, Уран станал водач на Скај откако Бредли Вигинс излетал на етапата 7. Тој завршил петти на етапата 14, преземајќи ја белата маичка и се искачил на 11. место во генералниот пласман.[13] Уран ја загубил белата маичка од Реин Тарамае на 18. етапа[14] откако се разболел,[15] и така завршил 24-ти на крајот.[16]

Во текот на Волта а Каталуња 2012, Уран ја освоил првата победа за Скај на етапата 4, победувајќи на спринтот по бегството од шест луѓе. Уран завршил втор на следната етапа и ја завршил трката на петтото место во генералниот пласман.

На Џиро д’Италија 2012 го освоил пласманот за млад возач и завршил седми во генералниот пласман, откако се нашол во водечката група на повеќето од планинските етапи. Тој немал еден резултат многу добар на индивидуалните етапи, туку завршувал во првите десет на етапите 10, 14, 17 (4.), 19 и 20, на кои сите важни планински искачувања. Завршил со пет минути и 57 секунди задоцнување зад победникот, Канаѓанецот Рајдер Хесједал од Гармин-Шарп.[17]

Го освоил сребрениот медал на друмската трка на Летните олимписки игри 2012, откако се одвоил од групата заедно со Александар Винокуров, на помалку од 10 километри пред крајот. На околу 200 метри од целта, кога победата била безбедна за еден од двајцата натпреварувачи, Уран погледнал назад да виде дали групата го загрозувала нивното водство. Но, тогаш Винокуров започнал да спринта, изненадувајќи го Урај, кој не можел да го стигне и да ја намали разликата, со што Казахстанецот стигнал до целта и до златниот медал.[18][19] Возел на Вуелта а Еспања како поддршка на неговиот водач Крис Фрум и завршил на 29. место.[20] Подоцна во есента, се натпреварувал на италијанскиот класик Џиро дел Пиемонт, Уран нападнал на последното искачување на денот, следен од Горка Вердуго (Еускалтел-Еускади). Двоецот вербално се согласил да соработуваат до последните 500 метри и Уран го започнал својот спринт на 300 метри пред крајот, победувајќи за шест секунди пред Лука Паолини од Тим Катјуша, кој се обидувал да дојде од позади.[21] Неколку дена подоцна, го освоил третото место на велосипедскиот монумент Џиро ди Ломбардија во тешки временски услови (студ и дожд). Ја поминал целта во Леко како дел од мала група, кои неуспешно се обиделе да го следат Хоаким Родригез од екипата Тим Катјуша.[22]

Уран бил избран за Џиро д’Италија 2013, првично како еден од планинските помошници на Бредли Вигинс. Уран бил петти во генералниот пласман откако Скај го освоил екипниот хронометар на втората етапа и се поместил на третото место на следната етапа. Се искачил до второто место во генералниот пласман, зад Лука Паолини, на четвртата етапа, откако Вигинс изгубил време зад несреќата. Меѓутоа, на седмата етапа, Уран бил присилен да го чека Вигинс откако се борел по падот на влажниот спуст и поради тоа излегол од првите десет. По индивидуалниот хронометар на осмата етапа, Уран бил десетти во генералниот пласман, две минути и 49 секунди зад новиот предводник Винченцо Нибали. На десеттата етапа, првата планинска етапа на трката, Уран започнал напад на последното искачување и ја освоил етапата со 20 секунди пред сонародникот Карлос Бетанкур. Исто така, Уран се поместил на третото место во генералниот пласман, 2 минути и 4 секунди зад Нибали и 1 секунда пред Вигинс. Вигинс се повлекол поради болест откако изгубил уште време на етапата 12, оставајќи го Уран како предводник на Скај. Уран бил петти на етапата 14 и го одржал третото место со една секунда предд Мауро Сантамброџо, но го потврдил своето место на етапата 16 откако Сантамброџо изгубил над две минути. Уран дошол шести на планинскиот хронометар на етапата 18 и ја намалил разликата со второпласираниот Кедел Еванс на само 12 секунди. На последната завршница на искачување на етапата 20, Уран дошол трет зад Нибали и Бетанкур и го прескокнал Еванс на второто место. Сигурно ја поминал последната етапа и завршил како втор во генералниот пласман на Џиро, 4 минути и 43 секунди зад Нибали, прв подиум на некоја голема трка.

Во август 2013 било објавено дека Уран ќе го напушти Тим Скај[23] на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Омега Парма-Квик Степ за сезоната 2014.[2]

Достигнувања[уреди]

2003
 Колумбија Хронометарски првак У17
 Колумбија Бодовен првак У17
2. Национален првак У17
3. Национален друмски првак У17
2005
 Колумбија Друмски првак У19
 Колумбија Првак У19
 Колумбија Бодовен првак У19
 Колумбија Првак У19
2007
1. Етапа 2б Еускал Бизиклета
2. Национален друмски првак
9. Краен пласман Тур де Свис
1. Етапа 8
2008
2. Краен пласман Волта а Каталуња
3. Џиро ди Ломбардија
7. Краен пласман Класика а Алкобендас
2009
5. Краен пласман Тур де Романди
2010
7. Краен пласман Тур де Свис
7. Класика Примавера
9. Џиро дел Пиемонт
2011
3. ГП Квебек
3. Џиро дел’Емилија
5. Лиеж-Бастон-Лиеж
5. Краен пласман Волта а Каталуња
Ја носел Jersey white.svg на етапите 14-17 на Тур де Франс
9. Класика де Сан Себастијан
2012
1. Џиро дел Пиемонт
2. Silver medal.svg Олимписка друмска трка за мажи
3. Џиро ди Ломбардија
5. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 4
7. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Jersey white.svg Пласман за млад возач
10. Краен пласман Трка околу Полска
2013
2. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 2 (ТТТ)
1. Етапа 10
10. Краен пласман Волта ао Алгарве
10. Трофео Платха де Муро

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 35 7 2
Jersey yellow.svg Тур 51 23
Jersey red.svg Вуелта 32 29 27

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Ригоберто Уран“. „Омега Парма-Квик Степ“. Decolef. http://www.omegapharma-quickstep.com/en/team/rider/rigoberto-uran. конс. 3 јануари 2014. 
  2. 2,0 2,1 ОПКС потпиша со Реншо и Уран“, „Омега Парма-Квик Степ“, Decolef, 1 август 2013 (конс. 6 август 2013).
  3. http://elpais.com/diario/2008/03/17/deportes/1205708427_850215.html
  4. http://www.marca.com/2011/07/17/ciclismo/tour_francia/1310924292.html
  5. „Un campeón nacido de la violencia (шпански). Ел Паис. http://www.elpais.com/articulo/deportes/campeon/nacido/violencia/elpepidep/20080317elpepidep_27/Tes/. конс. 9 октомври 2009. 
  6. „Urrao tiene niño mimado (шпански). Ел Коломбијано. http://www.elcolombiano.com/BancoConocimiento/U/urrao_tiene_nino_mimado_su_primera_bicicleta_fue_fiada_por_el_tio/urrao_tiene_nino_mimado_su_primera_bicicleta_fue_fiada_por_el_tio.asp. конс. 9 октомври 2009. 
  7. Шејн Стоукс. „Uran boosts Unibet morale, Efimkin still in pole position“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 23 јуни 2007 (конс. 12 ноември 2012).
  8. „Дојчланд Тур - повреди“. CyclingNews. http://www.cyclingnews.com/news/deutschland-tour-injury-update. конс. 9 октомври 2009. 
  9. Бери Рајан (13 септември 2010). „Антон оди на операција во Билбао“. „cyclingnews.com“. http://www.cyclingnews.com/news/anton-undergoes-surgery-in-bilbao. конс. 17 јули 2011. 
  10. Стефен Фаранд (28 септември 2011). „За Тим Скај потпишаа Досет, Уран и Зандио“. Cyclingnews.com. http://www.cyclingnews.com/news/team-sky-sign-dowsett-uran-and-zandio. конс. 18 јули 2011. 
  11. http://www.steephill.tv/classics/liege-bastogne-liege/
  12. http://www.teamsky.com/profile_news/0,27292,20180_6636475,00.html
  13. Брендан Галагер (16 јули 2011). „Тур де Франс 2011: Јеле Ванендерт ја освои етапата 14 додека Енди Шлек играше игра на чекање“. „telegraph.co.uk“. http://www.telegraph.co.uk/sport/othersports/cycling/tour-de-france/8642257/Tour-de-France-2011-Jelle-Vanendert-takes-stage-14-win-as-Andy-Schleck-plays-waiting-game.html. конс. 18 јули 2011. 
  14. Адријан Алсема (21 јули 2011). „Колумбиецот Уран ја загуби белата маица на Тур де Франс“. „Colombia Reports“. http://colombiareports.com/colombia-news/sports/17792-colombian-uran-loses-white-jersey-in-tour-de-france.html. конс. 23 август 2011. 
  15. Shane Stokes (16 август 2011). „Вигинс бара силни резултати на Вуелта а Еспања за да им се заблагодари на неговите фанови“. „Velonation“. http://www.velonation.com/News/ID/9420/Wiggins-wants-strong-Vuelta-a-Espana-performance-to-thank-his-fans.aspx. конс. 23 август 2011. 
  16. „Тур де Франс 2011 - Краен пласман“. „LeTour.fr“. http://www.letour.fr/2011/TDF/LIVE/us/2100/classement/index.html. конс. 23 август 2011. 
  17. Меклери, Џон. „Џиро д’Италија 2012: Рајдер Хесједал станал првиот канадски победник на Гранд Тур по возбудливиот завршен хронометар“, „The Telegraph“, Telegraph Media Group Limited, 27 мај 2012 (конс. 28 јули 2012).
  18. Винокуров го освои олимпискиот златен медал“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 28 мај 2012 (конс. 28 јули 2012).
  19. „Пропадна планот за олимписко злато на Марк Кевендиш, додека Александар Винокуров го освои златото“. http://www.bbc.co.uk/sport/0/olympics/18909585. конс. 28 јули 2012. 
  20. Краен поредок“, „Официјална страница на Вуелта а Еспања“, Unipublic (конс. 27 октомври 2012).
  21. Уран победи на Гран Пиемонт“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 27 септември 2012 (конс. 27 октомври 2012).
  22. Бен Аткинс. „Хоаким Родригез сам до победа на дождливата Ломбардија и го презема водството во Светската турнеја“, „CyclingNation“, CyclingNation LLC, 29 септември 2012 (конс. 27 октомври 2012).
  23. Sky Procycling (SKY) – GBR“, „Светска турнеја UCI“, Меѓународен велосипедистички сојуз (конс. 14 јануари 2013).

Надворешни врски[уреди]