Винченцо Нибали
Нибали на Трката околу Калифорнија 2009 |
|||
| Лични податоци | |||
|---|---|---|---|
| Цело име | Винченцо Нибали | ||
| Прекар | Lo Squalo (Ајкулата), Nibbles | ||
| Роден | 14 ноември 1984 Месина, Италија |
||
| Висина | 1,80 м | ||
| Маса | 63 кг | ||
| Податоци за клубот | |||
| Мом. клуб | Астана | ||
| Дисциплина | Друмски велосипедизам | ||
| Улога | Возач | ||
| Вид на возач | Универзален возач | ||
| Професионални клубови | |||
| 2005 2006– |
Фаса Бортоло Ликвигас Астана |
||
| Значајни победи | |||
|
|||
| Последна промена 21 мај 2013 |
|||
Винченцо Нибали (роден на 14 ноември 1984 во Месина) е италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Астана.[1]. Роден близу Месинскиот теснец, прекарот на Нибали е „ајкула на теснецот“[2] или едноставно „ајкула.“ [3] Неговата прва голема победа се случила на ГП Уест-Франција 2006, која е еднодневна трка. Меѓутоа, експерт како што е Мишел Бартоли кажал дека Нибали е спремен за учество на етапни трки.[4] Најголемата победа на Нибали е освојувањето на генералниот пласман на Вуелта а Еспања 2010.
Содржина |
Ран живот [уреди]
Винченцо Нибали бил роден во 1984 на 14 ноември, син на Салваторе и Џована. Со цел да стане велосипедист, заминал од неговиот роден град Месина и се преселил во Тоскана, на само 16 години. Десет месеци во годината живеел во куќата на поранешниот спортски директор, Карло Франчески, во Мастромарко, близу Лампорекио, каде сè уште живее.[5][6]
Кариера [уреди]
Рана кариера [уреди]
Нибали завршил трет на Светското јуниорско хронометарско првенство во 2002 и на Светското хронометарско првенство за под 23 години во 2004. Станал професионалец во 2005 со Фаса Бортоло. Во 2006, Нибали потпишал со Ликвигас. Истата година победил на францускиот класик ГП Уест-Франција на 21 година.[7] Исто така завршил втор во генералниот пласман на трката Сетимана интернационале ди Копи е Бартали, освојувајќи ја првата етапа.[8] Во 2007, Нибали возел на Џиро д’Италија за првпат и завршил 19. во генералниот пласман. Во 2008, Нибали завршил 10. на Лиеж-Бастон-Лиеж и успеал да влезе во првите 20 на двете трки, Џиро д’Италија и Тур де Франс.
2009 [уреди]
Во 2009 Нибали забележал победа на Џиро дел’Апенино, каде нападнал на скоро 50 километри пред целта и победил сам. Ја посветил победата на неговата баба.[9] Победа остварил и на Гран Премио Сита ди Камаиоре. Завршил шести во генералниот пласман на Трката околу Калифорнија, деветти во генералниот пласман на Вуелта ал Паис Васко и седми во генералниот пласман на Тур де Франс, неговиот најдобар пласман на Гранд Тур.
2010 [уреди]
Нибали ја започнал 2010 со освојување на генералниот пласман на Тур де Сан Луис. Ја облекол водечката розова маичка на Џиро д’Италија 2010, откако неговата екипа Ликвигас-Доимо го освоила екипниот хронометар на етапа 4, подоцна ја освоил и етапата 14 и така завршил трет зад неговиот колега Иван Басо и Давид Аројо. Во јуни, Нибали ја освоил Трката околу Словенија. Подоцна во сезоната, Нибали го освоил Трофео Мелинда. Нибали победил на Вуелта а Еспања без притоа да освои една етапа, благодарејќи на последователно високите места на етапите, кои завршувале на врв и двата хронометри во трката.[10] Тој го наследил водството во трката, откако Игор Антон бил принуден да се повлече по несреќата на етапа 14. Ова ја одбележала неговата прва Гранд Тур победа.
2011 [уреди]
Нибали ја започнал 2011 со солидна форма, заземајќи го петтото место во генералниот пласман на Тирено-Адријатико. Исто така имал и солидна сезона на класиците, забележувајќи осмо место на Милано-Сан Ремо и на Лиеж-Бастон-Лиеж. Нибали бил еден од фаворитите за Џиро д’Италија 2011, бидејќи Иван Басо не возел, давајќи му предност во Ликвигас. Завршил трет во генералниот пласман зад Алберто Контадор и Микеле Скарпони, а Нибали и Скарпони се бореле за секунди во последната недела, откако станало јасно дека јазот во времето на Контадор е преголем (На Контадор подоцна му била одземена титулата, со што Нибали станал втор).
Нибали исто така ги водел Ликвигас и на Вуелта а Еспања. На етапата 6, Ликвигас наредил бегство во близина на Кордоба, но недостигот на комуникација довело Нибали да заврши четврти, со што не успеал да освои бонус секунди. Тој се искачил на третото место по етапата 11, зад дуото од Скај, Бредли Вигинс и Крис Фрум. Следните неколку етапи, Нибали започнал да го намалува водството на Вигин со добивање временски бонуси од спринтовите. Меѓутоа на етапата 14 Нибали доживеал пад во формата, со што бил ставен надвор од борбата за подиум. Завршил седми во генералниот пласман.
2012 [уреди]
Нибали ја започнал сезоната 2012 со второ место во генералниот пласман на Трка околу Оман, една секунда зад Петер Велитс, победувајќи ја кралската етапа. Нибали го освоил генералниот пласман на Тирено-Адријатико, откако победил на етапата 5. Исто така, го освоил и бодовниот пласман. Во март, Нибали завршил трет на Милано-Сан Ремо, неговиот прв подиум на некоја монументална трка.
На Лиеж-Бастон-Лиеж, побегнал сам, кога нападнал на искачувањето Кот де ла Рош о Фокон и ги отфрлил неговите главни ривали на 20 километри пред крајот, но бил поминат од Максим Иглински (Астана), токму во последниот километар (flamme rouge). Стигнал до целта за второто место.[11]
Нибали одбрал да го насочи своето внимание на Тур де Франс, прескокнувајќи ја Џиро д’Италија со цел подобро да се подготви. По солидната прва недела, Нибали завршил четврти на првата завршница на нагорнина на етапата 7 и се искачил на третото место во генералниот пласман, шеснаесет секунди зад лидерот Бредли Вигинс и шест зад бранителот на титулата Кедел Еванс. Меѓутоа, Нибали задоцнил две минути зад Вигинс на хронометарот на етапата 9, каде бил осми, и паднал на четвртото место во генералниот пласман, зад колегата на Вигинс Крис Фрум. На етапата 10, Нибали нападнал на спустот на Кол ду Гран Коломбје и се поврзал со колегата Петер Саган, но двоецот бил достигнал од главната група предводена од Скај. Потоа Нибали го обвинил Вигинс на покажување недостиг на почит на крајот на етапата.[12] Нибали повторно нападнал на следната етапа, која завршувала на нагорнина во Ла Тусуар и добил време пред Вигинс и Фрум, но тандемот повторно стигнал до него, иако успеал да дојде до третото место откако Кедел Еванс изгубил доста време. Тој нападнал повторно на етапата 16 на Кол де Пересурд, каде само Вигинс и Фрум можеле да го следат. Го достигнале пред врвот, но Нибали повторно забрзал, но Вигинс го затворил јазот и тројцата завршиле заедно. Нибали изгубил време од Вигинс и Фрум на следната етапа, друга планинска етапа, овојпат со завршница на врв и две етапи подоцна на последниот индивидуален хронометар, кој Вигинс го освоил. Нибали завршил трет, единствен возач кој завршил во рамките на 10 минути од Вигинс и Фрум.
Нибали го напуштил Ликвигас-Канондале на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Астана на двегодишен договор од сезоната 2013.[1] Договорот вредел три милиони евра на година.[13]
2013 [уреди]
Нибали ја започнал сезоната во 2013 во добра форма, завршувајќи седми на Трката околу Оман и победувајќи на Тирено-Адријатико. Ја освоил водечката маичка на трката од рамениците на Крис Фрум на шестата етапа, кога побегнал со Петер Саган и Хоаким Родригез на краткото искачување со наклон од 30%.[14] Се одржал пред Фрум на последниот хронометар. Во април победил на Џиро дел Трентино на последната етапа со завршница на нагорнина. Го преземал водството од Максим Буе, кој бил предводник на трката од втората етапа. Нибали забрзал на последното искачување од екстра категорија, одвојувајќи се од ривалите Мауро Сантамброџо и Бредли Вигинс, кои имале механички проблеми и ја освоил етапата.[15]
Личен живот [уреди]
Нибали се преселил во Лугано во пролетта 2012 со неговата девојка. Се венчале на 13 октомври 2012.
Достигнувања [уреди]
- 2006
- 1. ГП Уест-Франција
- 2. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
- 1. Етапа 1
- 3. Краен пласман Енеко Тур Бенелукс
- 2007
- 1. Пласман за млад возач Џиро дел Трентино
- 1. ГП Индустрија е Артигијанато ди Ланчијано
- 1. Џиро ди Тоскана
- 1. Трофео Сита ди Боргоманеро
- 2. Краен пласман Трка околу Словенија
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 4
- 1. Бодовен пласман
- 2008
- 1.
Краен пласман Џиро дел Трентино
- 1. Етапа 3
- 3. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
- 10. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 2009
- 1. Џиро дел’Апенино
- 1. ГП Сита ди Камаиоре
- 6. Краен пласман Трка околу Калифорнија
- 7. Краен пласман Тур де Франс
- 9. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
- 2010
- 1.
Краен пласман Вуелта а Еспања
- 1.
Краен пласман Тур де Сан Луис
- 1. Етапа 4
- 1.
Краен пласман Трка околу Словенија
- 1. Етапа 3
- 1. Трофео Мелинда
- 3. Краен пласман Џиро д’Италија
- 1. Етапа 4 (ТТТ)
- 1. Етапа 14
- 3. Краен пласман Вуелта а Бургос
- 5. Џиро ди Ломбардија
- 2011
- 2. Краен пласман Џиро д’Италија
- 1. Етапа 16
- 5. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 7. Краен пласман Вуелта а Еспања
- 8. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 8. Милано-Сан Ремо
- 2012
- 1.
Краен пласман Тирено-Адријатико
- 1.
Краен пласман Џиро ди Паданија
- 2. Краен пласман Трка околу Оман
- 1. Етапа 5
- 2. Лиеж-Бастон-Лиеж
- 3. Милано-Сан Ремо
- 3. Краен пласман Тур де Франс
- 5. Краен пласман Тур де Сан Луис
- 2013
- 1.
Краен пласман Тирено-Адријатико - 1.
Краен пласман Џиро дел Трентино
- 7. Краен пласман Трка околу Оман
- 10. Краен пласман Тур де Сан Луис
Распоред на резултатите на Гранд Тур [уреди]
| Гранд Тур | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| - | 19 | 11 | - | 3 | 2 | - | |
| - | - | 20 | 7 | - | - | 3 | |
| - | - | - | - | 1 | 7 | - |
СО = се откажал
Наводи [уреди]
- ↑ 1,0 1,1 „Нибали потпиша двегодишен договор со Астана“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 2 август 2012 (проверено на 2 август 2012).
- ↑ „32. Џиро дел Трентоно, Етапа 3 – 24 април: Тори дел Бенако - Фолгарија, 173 км“. cyclingnews.com. 24 април 2008. http://autobus.cyclingnews.com/road.php?id=road/2008/apr08/trentino08/trentino083. проверено на 18 септември 2010.
- ↑ „Дневна група: 10ти Копи & Бартали – Етапа 3“. dailypeloton.com. 27 март 2008. http://www.dailypeloton.com/displayarticle.asp?pk=12410. проверено на 18 септември 2010.
- ↑ „Бартоли се задржува на класици“. cyclingnews.com. 18 март 2009. http://autobus.cyclingnews.com/features.php?id=features/2009/bartoli_classics. проверено на 18 септември 2010.
- ↑ „Нибали - млада сила за силен Ликвигас тим“. cyclingnews.com. 20 април 2009. http://www.cyclingnews.com/editions/latest-cycling-news-for-may-16-2007. проверено на 19 септември 2010.
- ↑ „Нибали е подготвен за тест-викендот“. cyclingnews.com. 14 мај 2010. http://www.cyclingnews.com/news/nibali-gets-ready-for-testing-weekend-in-pink. проверено на 19 септември 2010.
- ↑ Жан-Франсоа Кене. „Младата пушка Нибали стана убиец“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 27 август 2006 (проверено на 6 јануари 2013).
- ↑ „Сетимана интернационале ди Копи е Бартали 2006 (2.1)“, „Bike Race Info“, McGann Publishing, LLC, 25 март 2006 (проверено на 6 јануари 2013).
- ↑ Грегор Браун. „Nibali nails Appennino win“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 24 јуни 209 (проверено на 6 јануари 2013).
- ↑ „Вуелта а Еспања - Фарар победи на денот на Нибали“. „Eurosport“. 19 септември 2010. http://uk.eurosport.yahoo.com/20092010/58/vuelta-espa-farrar-wins-nibali-day.html. проверено на 20 септември 2010.
- ↑ „Максим Иглински со победа на Лиеж-Бастон-Лиеж“, „Velo News“, VeloNews.com, 22 април 2012 (проверено на 22 април 2012).
- ↑ http://www.nbcsports.msnbc.com/id/47998208/ns/sports/
- ↑ „Франческо Мозер вели дека Нибали и Вигинс сè уште не се прваци“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 3 октомври 2012 (проверено на 6 јануари 2013).
- ↑ „Саган победи, Нибали го презема водството на трката на Тирено-Адријатико“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 11 март 2013 (проверено на 21 мај 2013).
- ↑ Бен Аткинс. „Џиро дел Трентино: Винченцо Нибали дојде до завршната победа на стрмното искачување Сега ди Ала“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 19 април 2013 (проверено на 19 април 2013).
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Винченцо Нибали“ |
- Винченцо Нибали на Trap-Friis.dk
|
|||||
|
|||||
- Родени на 14 ноември 1984
- Родени во ноември 1984
- Родени во 1984 година
- Италијански велосипедисти
- Живи луѓе
- Луѓе од Месина
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2012
- Олимписки велосипедисти на Италија
- Италијански етапни победници на Џиро д’Италија
- Победници на Вуелта а Еспања