Вуелта а Еспања 2012 - етапа 12 до етапа 21

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Преглед на етапите; црвените линии ги означуваат растојание поминати на самите етапи, додека црните испрекинати линии ги означуваат растојанијата поминати во префрлувања помеѓу етапите.

Етапата 12 на Вуелта а Еспања 2012 се одржала на 30 август, а трката ќе заврши на 9 септември. Втората половина на трката е сместена целосно во Шпанија; започнувајќи со среднопланинска етапа од Вилагарсија де Ароуса до Мирадор де Езаро во Думбрија, по што следат четири етапи со завршници на нагорнина и на крајот вообичаената етапа, која завршува во Мадрид.

Одржувајќи го водството на Вуелта од четвртата етапа, Хоаким Родригез од Тим Катјуша продолжил со истото темпо и во втората половина на трката. На дванаесеттата етапа, Родригез ја постигнал својата втора етапна победа откако ги одминал неговите преостанати ривали за генералниот пласман на стрмното искачување Мирадор де Езаро во Думбтрија, додавајќи нови дваесет секунди на неговото водство во однос на возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Алберто Контадор. Откако бегството успеало наредниот ден, Родригез постигнал уште една етапна победа на четиринаесеттата етапа на Пуерто де Анкарес, каде започнувале да се појавуваат подолги искачувања на трката како дел од трите последователни етапи со завршници на нагорнина. Слично на потегот на Мирадор де Езаро, Родригез забрзал и го поминал неговиот најблизок ривал, Контадор, зголемувајќи го водството на трката на 22 секунди. Следниот ден, сите напади биле безуспешни и бегството било успешно повторно; Антонио Пједра ја освоил првата етапа за Каха Рурал-Сегурос РГА на Вуелта а Еспања, победувајќи ја етапата со предност од две минути.

Родригез и Контадор останале заедно во поголемиот дел од кралската етапа на трката, прва завршница на Суиту Негру; на наклоните кои достигнувале 25% на одредени места, Родригез направил разлика во однос на Контадор две секунди и со четирите секунди бонус на крајот ја зголемил разликата на 28 секунди по етапата и по вториот и последен ден за одмор на трката. По денот за одмор, Контадор ја свртел предноста во своја корист со изненадувачкиот напад на половина од етапата. Ги оставил ривалите за генерален пласман зад него и сам заминал кон етапна победа. Родригез се борел на етапата, но бил одминат и од уште еден ривал за генералниот пласман на трката, Алехандро Валверде (Мувистар Тим) и паднал на третото место во пласманот зад Контадор и Валверде. Контадор го одржал водството на трката до крајот, на крајот завршувајќи ја трката со предност од 1' 16" над Валверде. Родригез бил трет, дополнителна 21 секунда зад него, додека ниеден друг возач не бил во рамките на 10 минути од времето на Контадор на крајот на етапата. Валверде со добиените бодови на последниот ден ги презел бодовниот и комбинираниот пласман, додека Родригез во Мадрид втора година по ред ја изгубил борбата за бодовниот пласман.

Легенда[N 1]
  A red jersey   Го означува предводникот во генералниот пласман   A bluedotted jersey   Го означува предводникот во планинскиот пласман
  A green jersey   Го означува предводникот во бодовниот пласман   A white jersey   Го означува предводникот во комбинираниот пласман
  A jersey with a white rider number on a red background   Го означува возачот, кој е одреден како најборбен на денот и.в. Возачот кој ја поминал целта во иста група како оној кој го добил времето над него и затоа му се доделува истото завршно време.

Етапа 12[уреди]

30 август 2012 — Вилагарсија де Ароуса до Мирадор де Езаро, 190,5 км[1]

Втората половина на трката започнала со етапа од Вилагарсија де Ароуса до Мирадор де Езаро, притоа поминувајќи низ две провинции. И покрај тоа што не била највисока точка на етапата, Мирадор де Езаро обезбедувал силен тест за преостанатите членови на групата, бидејќи просечниот наклон на 1,9 километри долгото искачување било над 13%, додека одредени делови на искачувањето достигнале 20% или повеќе.[2] Како последица на краткото и стрмно искачување, Хоаким Родригез,[3] лидерот на трката за Тим Катјуша, бил сметан како главен фаворит за етапата - заедно со победникот од деветтата етапа Филип Жилбер (БМЦ Рејсинг Тим)[4] – бидејќи барал начин како да го зголеми водството по губењето на неговата разлика во однос на другите на хронометарот. Мали напади се случиле во почетокот на етапата, но групата останала целосна во првите два часа возење, откако неколку напади биле достигнати за неколку минути.

Сè до 75. километар не се создало бегство, кога за првпат на помала група возачи им било дозволено да направат поголема предност во однос на групата.[3] Четворица возачи – Камерон Мајер од Орика-ГринЕЏ, возачот на Еускалтел-Еускади Микел Астарлоза, возачот на БМЦ Рејсинг Тим Амаел Моанар и Кевин де Верт, претставувајќи ја екипата Омега Парма-Квик Степ[5] – биле првите на кои им било дозволено да создадат бегство и водство од околу седум минути на етапата,[3] но постепено биле достигнувани, но сепак сè уште имале предност од околу минута и половина до почетокот на Мирадор де Езаро.[5] И покрај нападот на колегата на Астарлоза Игор Антон,[3] Тим Катјуша успеала да го постави Родригез за негова втора етапна победа на трката,[6] додека Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк) завршил на целта осум секунди зад него,[5] воедно останувајќи последниот возач кој отпаднал од Родригез,[7][8] ограничувајќи го неговото задоцнување на 13 секунди зад водачот на трката.[5]

Резултат од етапа 12
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Тим Катјуша 4h 24' 32"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 8"
3  Алехандро Валверде (ШПА) Jersey blue dotted.png Мувистар Тим + 13"
4  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 20"
5  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 23"
6  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 23"
7  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 27"
8  Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал + 31"
9  Пшемислав Њемјец (ПОЛ) Лампре-ИСД + 33"
10  Горка Вердуго (ШПА) Еускалтел-Еускади + 36"
Генерален пласман по етапа 12
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Jersey green.svg Jersey white.svg Тим Катјуша 44ч 50' 35"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 13"
3  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 51"
4  Алехандро Валверде (ШПА) Jersey bluedots.svg Мувистар Тим + 1' 20"
5  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 2' 59"
6  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 3' 29"
7  Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал + 4' 22"
8  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 5' 17"
9  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 5' 18"
10  Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк + 6' 01"

Етапа 13[уреди]

31 август 2012 — Сантјаго де Компостела до Ферол, 172,8 км[9]

И покрај тоа што патеката од 172,8 километри се движела низ нерамен терен, тринаесеттата етапа била категоризирана како спринтерска етапа и се броела како нивна последна шанса за победа на етапа до крајот на неделата, во вториот де за одмор, бидејќи следните три етапи биле планински етапи со завршница на нагорнина.[10] Во текот на етапата имало два средни спринта, кои нуделе бодови за бодовниот пласман и бонус секунди за генералниот пласман и се наоѓале на 72,5 километри од почетокот на етапата и на 5 километри пред целта во Ферол. Ферол бил домаќин на завршница на етапа по првпат по 1993,[11] кога Џамолидин Абдужапаров ја освоил претпоследната етапа на тоа издание на трката. Како и претходните етапи, уште на почетокот се случиле мали напади, но групата останала целосна во првиот час возење, откако неколку напади биле достигнати за неколку минути.

Меѓутоа на ознаката за 40. километар,[12] една група се одвоила и ѝ било дозволено да направи предност во однос на главната група. Седум возачи претставувајќи шест екипи – Орика-ГринЕЏ била единствената екипа која имала двајца возачи во групата[13] – постигнале водство од четири минути на етапата,[14] бидејќи групата не сакала да им дозволи поголема предност од таа. Разликата било намалувана со побрзо темпо од нормалното, каде Аргос-Шимано и Лото-Белисол се спремале за поставување на чело за нивните спринтери Џон Дегенколб и Џани Мерсман соодветно.[14] Меѓутоа, групата никогаш не го достигнала бегството на етапата и по неколку потези на 5 километри пред крајот, возачот на БМЦ Рејсинг Тим Стив Камингс направил соло обид за победа,[12] и опстанал до крајот на етапата каде ја освоил својата прва Гранд Тур етапа[15] и негова прва победа за екипата.[14] Возачот на Орика-ГринЕЏ Камерон Мајер бил подобар од Хуан Антонио Флеча (Тим Скај) за второто место на целта, четири секунди зад Камингс,[12] додека група била доведена од Дегенколб, кој завршил четириесет секунди зад Камингс.[16]

Резултат од етапа 13
Возач Екипа Време
1  Стив Камингс (ВБР) БМЦ Рејсинг Тим 4ч 05' 02"
2  Камерон Мајер (АВС) Орика-ГринЕЏ + 4"
3  Хуан Антонио Флеча (ШПА) Тим Скај + 4"
4  Сајмон Кларк (АВС) Орика-ГринЕЏ + 14"
5  Линус Гердеман (ГЕР) РадиоШек-Нисан + 14"
6  Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 14"
7  Џон Дегенколб (ГЕР) Аргос-Шимано + 40"
8  Алан Дејвис (АВС) Орика-ГринЕЏ + 40"
9  Бен Свифт (ВБР) Тим Скај + 40"
10  Лојд Мондори (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 40"
Генерален пласман по етапа 13
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Jersey green.svg Jersey white.svg Тим Катјуша 48ч 56' 17"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 13"
3  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 51"
4  Алехандро Валверде (ШПА) Jersey bluedots.svg Мувистар Тим + 1' 20"
5  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 2' 59"
6  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 3' 29"
7  Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал + 4' 22"
8  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 5' 17"
9  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 5' 18"
10  Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк + 6' 01"

Етапа 14[уреди]

1 септември 2012 — Палас де Реи до Пуерто де Анкарес, 149,2 км[17]

Трката се вратила во планините на првата од трите последователни завршници на нагорнина, кои се очекува да ја зголемат борбата за поредокот во генералниот пласман. Наместо кратки стрмни искачувања кои ги имало на трката пред 14. етапа, на патеката на етапата од 149,2 километри биле вклучени подолги искачувања. Имало дури пет категоризирани искачувања,[18] додека пострмните искачувања се наоѓале кон крајот на етапата; во последните 35 километри на етапата имало две искачувања од прва категорија на Алто Фолгуеирас де Аигас - просечен наклон од 6,7% со вкупна должина од 9,7 километри – и последното искачување од 9,5 километри Пуерто де Анкарес, кое имало просечен наклон од 8,1%, но достигнувало 13% на одредени места,[19] и на крајот се стигнувало на височина од 1.470 метри.[20] Искачувањето исто така содржело спуст од околу еден километри, на половина пат до крајот.

Првично четворица возачи се одвоиле на воведните километри на етапите, но тие биле достигнати пред ознаката за 20 километри од патеката. Потоа, поголема група од шеснаесет возачи, вклучувајќи го и четирикраниот победник на планинскиот пласман Давид Монкутје (Кофидис) и победникот на четвртата етапа Сајмон Кларк од Орика-ГринЕЏ отишле напред.[21] Со членови од нивните екипи во бегството, екипата на Хоаким Родригез Тим Катјуша и екипата Мувистар Тим на Алехандро Валверде, се поставиле позади во групата и им допуштиле на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк и Тим Скај да го контролираат темпото за нивните лидери Алберто Контадор и Крис Фрум.[21] Водечките имале водство од три минути,[22] кога бегството се доближило до Алто Фолгуеирас де Аигас и на спустот Алберто Лосада[22] – колегата на Родригез во бегството – се одвоил од групата и продолжил сам. Главната група ја намалила разлика на две минути и постојано се доближувале до нив, кога се приближувале до последното искачување на етапата.

Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк го поставувал темпото на чело на главната група, додека пред Контадор се наоѓале тројца негови колеги,[21] а неговите ривали Родригез и Валверде се наоѓале близу него. Како се забрзувало темпото на чело на групата опстанале само кандидатите за победа на трката. Фрум имал проблеми на искачувањето, но успеал да се врати и да ѝ се приклучи на водечката група – кога го достигнале и поминале Лосада[21] – пред на крајот повторно да отпадне од групата,[22] на крајот губејќи 50 секунди, заостанувајќи 1' 41 за лидерот,[23] откако биле вклучени временските бонуси. Контадор отпочнал напад на 1,9 километри пред крајот,[24] и никој не можел веднаш да реагира; меѓутоа, Родригез на крајот со потера стигнал со него, достигнувајќи на ознаката за еден километар. Контадор го направил својот последен обид за победа, но Родригез бил сосем подготвен да реагира на потегот и на крајот забрзузал и се одвоил од него за победа на трета етапа на трката,[25] одвојувајќи се од Контадор за пет секунди,[26] и додал девет секунди кон неговото водство.[22]

Резултат од етапа 14
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Тим Катјуша 4ч 10' 28"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 5"
3  Алехандро Валверде (ШПА) Jersey blue dotted.png Мувистар Тим + 13"
4  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 35"
5  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 38"
6  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 44"
7  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 56"
8  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 1' 04"
9  Томаш Марчињски (ПОЛ) Вакансолел-ДКМ + 1' 13"
10  Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал + 1' 17"
Генерален пласман по етапа 14
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Jersey green.svg Jersey white.svg Тим Катјуша 53ч 06' 33"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 22"
3  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 1' 41"
4  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 1' 41"
5  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 4' 16"
6  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 5' 07"
7  Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал + 5' 51"
8  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 6' 13"
9  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 6' 34"
10  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 7' 16"

Етапа 15[уреди]

2 септември 2012 — Ла Робла до Лагос де Ковадонга, 186,5 км[27]

На втората од трите завршници на нагорнина, возачите имале да поминат две категоризирани искачување - како и некатегоризираното Пуерто де Пахарес - пред последното искачување од 13,5 километри,[28] категоризирано како искачување од „специјална“ категорија, до Лагос де Ковадонга. Иако последното искачување било помалку стрмно во наклонот споредено со тоа претходно, Алто дел Мирадор дел Фито - 7% споредени со 8,3%[29] – тоа достигнувало до 15% на одредени места. Но, исто така, имало и два дела со спусрт - секој од по 1 километар во должина - во последните 3 километри на искачувањето пред да има стрмнина за крајот. Во првите километри на етапата, група од деветнаесет возачи се впуштила во бегство,[30] пред на крајот да останат десет возачи во групата,[31] додека групата се справувала со силниот ветер на етапата.

Водечката група брзо направило водство кое постојано се движело нагоре, на крајот достигнувајќи максимални петнаесет минути на Алто дел Мирадор дел Фито; и покрај ова водство,[30] ниеден од десетте возачи не можел да направи удар врз генералниот пласман, бидејќи најдобро пласираниот возач во групата – Андреј Кашечкин од екипата Астана – имал над 22 минути доцнење зад лидерот Хоаким Родригез од Тим Катјуша.[30] Кашечкин се обидел да го отпочне првиот напад на искачувањето Ковадонга,[30] но бил достигнат од возачот на Мувистар Тим Пабло Ластрас; вториот обид на возачот на Каха Рурал-Сегурос РГА Антонио Пједра бил поуспешен,[31] и постојано се одвојувал од другите членови на бегството, на крајот победувајќи ја етапата – прва за неговата екипа на Вуелта[32] – со предност од над две минути.[31] Остатокот од водечката десеторка дошла на целта во индивидуална групи, додека водечките на трката Родригез, Алберто Контадор од Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк и колегата на Ластрас Алехандро Валверде доцнеле над девет минути.[31] Валверде се поместил на третото место во генералниот пласман,[33] додека возачот на Тим Скај Крис Фрум загубил 35 секунди од водечкото трио.[34]

Резултат од етапа 15
Возач Екипа Време
1  Антонио Пједра (ШПА) Каха Рурал-Сегурос РГА 5ч 01' 23"
2  Рубен Перез (ШПА) Еускалтел-Еускади + 2' 02"
3  Лојд Мондори (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 2' 02"
4  Давид де ла Фуенте (ШПА) Каха Рурал-Сегурос РГА + 2' 02"
5  Пабло Ластрас (ШПА) Мувистар Тим + 2' 07"
6  Зимон Гешке (ГЕР) Аргос-Шимано + 2' 12"
7  Кевин Селдрејерс (БЕЛ) Астана + 2' 25"
8  Андреј Кашечкин (КАЗ) Астана + 3' 35"
9  Висенте Реинес (ШПА) Лото-Белисол + 3' 49"
10  Сергеј Лагутин (УЗБ) Вакансолел-ДКМ + 6' 45"
Генерален пласман по етапа 15
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Jersey green.svg Jersey white.svg Тим Катјуша 58ч 17' 21"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 22"
3  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 1' 41"
4  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 2' 16"
5  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 4' 51"
6  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 5' 42"
7  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 6' 48"
8  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 7' 17"
9  Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал + 7' 21"
10  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 7' 39"

Етапа 16[уреди]

3 септември 2012 — Хихон до Валгранде-Пахарес, 183,5 км[35]

Последната етапа пред вториот и последен ден за одмор на трката, шеснаесеттата етапа на трката била сметана како најтежок ден за искачување на целата трка и затоа била наречена „кралска“ етапа на трката.[36][37] Во текот на патеката од 183,5 километри имало три категоризирани искачувања и четвртото на целта, Суиту Негру; искачувањата станувале потешки како етапата се одвивала, најпрвин со искачување од трета категорија Алто де ла Кабруџана, следено од искачувањата од прва категорија Пуерто де Сан Лорензо (8,5% наклон) и Алто де ла Коберторија, искачување со просечен наклон од 8,6%. Искачувањето Валгранде-Пахарес и зад него Суиту Негру - искачување од „специјална“ категорија како тоа од претходниот ден на Лагос де Ковадонга – просечен наклон од 6,9% на целата негова должина од 19,4 километри,[38] но било многу пострмно во последните километри.[39] За разлика од претходните години, етапата завршила на нова делница на пат,[40] уредена само за трката, отколку завршувајќи во Валгранде-Пахарес.[41]

Мали напади се случиле на патеката во првите километри на етапата, но групата останала заедно во првиот час од возењето, откако неколку напади биле достигнати за неколку минути.[42] Сè до спустот од првото искачување на денот, Алто де ла Кабруњана, не бил дозволен напад и создавање на бегство; возачите кои се обидувале да се впуштат во бегство, биле Томас де Гент од Вакансолел-ДКМ – победникт на кралската етапа на Џиро д’Италиа[43] – и возачот на Омега Парма-Квик Степ Дарио Каталдо. Де Гент и Каталдо брзо постигнале значајна предност над остатокот од групата, достигнувајќи максимална предност од четиринаесет и пол минути кога се спуштале од второто искачување на етапата Пуерто де Сан Лорензо.[44] додека групата се справувала со силниот ветер на етапата. Возачот на Орика-ГринЕЏ Сајмон Кларк го задржал неговото водство во планинскиот пласман, забрзувајќи и одвојувајќи се од групата за освојување на третото место и бодови на искачувањето.[42] Водечкиот двоец на подножјето на последното искачување имал предност од околу осум минути, додека групата била предводена од Еускалтел-Еускади,[44] кои се обидувале да го заштитат Игор Антон на искачувањето.

Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк додал на темпото на групата и успеал да ја подели групата, пред Наиро Квинтана да излезе на чело на групата за Мувистар Тим.[44] Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк) го презел темпото од неговите колеги и создал група со Квинтана, неговиот колега Алехандро Валверде и лидерот на трката Хоаким Родригез од Тим Катјуша. Контадор и Родригез возеле тактички на искачувањето,[45] и на крајот успеале да се одвојат од Валверде и Квинтана. Меѓутоа, нивните напади биле единствено доволно добро за места од третото до шестото, додека Каталдо и Де Гент останале пред нив со предност од две и пол минути.[44] Каталдо ја освоил етапата,[42] додека Де Гент на крајот отпаднал на последното искачување, а Каталдо со седум секунди предност стигнал до неговата прва етапна победа на Гранд Тур.[46] Родригез го зголемил своето водство на 28 секунди пред Контадор,[47] по освојувањето временски бонус за третото место на целта.[42]

Резултат од етапа 16
Возач Екипа Време
1  Дарио Каталдо (ИТА) Омега Парма-Квик Степ 5ч 18' 28"
2  Томас де Гент (БЕЛ) Вакансолел-ДКМ + 7"
3  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Тим Катјуша + 2' 39"
4  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 2' 41"
5  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 2' 58"
6  Наиро Квинтана (КОЛ) Мувистар Тим + 3' 24"
7  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 4' 07"
8  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 4' 15"
9  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 4' 18"
10  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 4' 21"
Генерален пласман по етапа 16
Возач Екипа Време
1  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Jersey green.svg Jersey white.svg Тим Катјуша 63ч 38' 24"
2  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк + 28"
3  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 2' 04"
4  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 4' 52"
5  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 6' 58"
6  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 7' 28"
7  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 8' 28"
8  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 9' 00"
9  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 9' 11"
10  Николас Роуш (ИРС) Аг2р-Ла Мондијал + 11' 44"

Етапа 17[уреди]

5 септември 2012 — Сантандер до Фуенте Де, 187,3 км[48]

Првата етапа по вториот и последен ден за одмор, седумнаесеттата етапа била претпоследна етапа со завршница на нагорнина; на крајот имало искачување од втора категорија Фуенте Де, кое било долго 17,3 километри,[49] но не било многу стрмно со просечен наклон од 3,9%. Пред тоа, имало уште две категоризирани искачувања на етапата - обете во втората половина на етапата - од трета категорија Колјадо де Озалба и од втора категорија Колјадо Ла Оз на патеката од 187,3 километри. Етапата била совршена за бегство и не била наменета за кандидатите за генерален пласман,[50] кои ќе размислуваат за претпоследната етапа со завршница на Бола дел Мундо,[51] што ќе биде нивниот последен обид да добијат на време пред завршницата следниот ден во Мадрид.

Мали напади се случиле на почетокот на етапата, но групата останала заедно во поголемиот дел од првите два часа возење, откако неколку напади биле достигнати за неколку минути. На една точка, водечките на трката се нашле во две одвоени група со Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк) и возачот на Мувистар Тим Алехандро Валверде во група пред Хоаким Родригез, пред екипата на Родригез Тим Катјуша да ја намали разликата.[52] Единаесет возачи претставувајќи единаесет различни екипи на крајот создале бегство по изминати 80 километри, со колеги на Контадор и Валверде во групата.[53] Нивното водство никогаш не преминало три минути, пред да се поделат на Колјадо де Озалба и возачот на ФДЖ-БигМет Арнолд жанесон да се префрли од групата до водечките.[52] Била создадена група на спустот од искачувањето, со тројца колеги на Контадор помеѓу нив.[54] Со разлика од 1' 14" на водечките на подножјето на Колјадо Ла Оз, Контадор нападнал од групата.[53]

Родригез и Валверде се обиделе да го следат, но Контадор успеал да стигне до водечката група пред врвот на искачувањето. Неговите колеги му помогнале да ја зголеми разликата меѓу групите, додека Родригез се борел да го одржи темпото и единствено Алберто Лосада останал со него за поддршка во групата.[55] Контадор повторно нападнал пред вториот среден спринт[53] и само неговиот поранешен колега Паоло Тиралонго (Астана) можел да го следи.[52] Тие одржувале разлика од две минути пред нивните најблиски ривали; Родригез отпаднал на пониските падини на искачување, бидејќи не можел да го следи Валверде, додека Контадор заминал сам напред со преостанати 13,5 километри.[56] Со помошта на неговите колеги Наиро Квинтана и Бењат Инчаусти,[53] Валверде ја намалил предноста на Контадор, но не можеле да го достигнат. Контадор на крајот ја освоил својата прва победа по неговото враќање од суспензијата,[57][58] шест секунди пред групата составена од Валверде, Серхио Енао од Тим Скај и возачот на Еускалтел-Еускади Горка Вердуго.[52] Родригез пристигнал на целта десетти, со задоцнување од 2' 38",[59] паѓајќи на третото место во генералниот пласман за новиот лидер Контадор и Валверде, кој се поместил на второто место.[60]

Резултат од етапа 17
Возач Екипа Време
1  Алберто Контадор (ШПА) Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк 4ч 29' 20"
2  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 6"
3  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 6"
4  Горка Вердуго (ШПА) Еускалтел-Еускади + 6"
5  Риналдо Ночентини (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 19"
6  Јан Бакелант (БЕЛ) РадиоШек-Нисан + 55"
7  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 1' 13"
8  Александр Гениз (ФРА) Аргос-Шимано + 1' 40"
9  Паоло Тиралонго (ИТА) Астана + 2' 13"
10  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey red.svg Тим Катјуша + 2' 38"
Генерален пласман по етапа 17
Возач Екипа Време
1  Алберто Контадор (ШПА) Jersey red.svg Jersey red number.svg Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк 68ч 07' 54"
2  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 1' 52"
3  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey green.svg Jersey white.svg Тим Катјуша + 2' 28"
4  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 9' 40"
5  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 11' 36"
6  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 12' 06"
7  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 12' 55"
8  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 13' 06"
9  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 13' 49"
10  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 14' 10"

Етапа 18[уреди]

6 септември 2012 — Агилар де Кампо до Валјадолид, 204,5 км[61]

Најдолгата етапа на Вуелта а Еспања 2012, на растојание од 204,5 километри, била релативно рамна со некатегоризирани искачувања на етапата, значејќи дека возачот на Орика-ГринЕЏ Сајмон Кларк ќе го зачува водството во планинскиот пласман и сината точкаста маичка. Завршниот круг од околу 38 километри во должина околу Валјадолид бил исто така рамен,[62] со два средни спринта - во самиот Валјадолид, малку пред првото поминување низ целта и на 6,5 километри пред целта во Заратан – пред очекуваната спринтерска завршница. Валјадолид бил домаќин на Вуелта по првпат од изданието на трката во 2008,[63] кога возачот на Квик Степ Ваутер Вејлант победил на седумнаесеттата етапа во спринтерска завршница.[64]

За разлика од претходните денови, бегството бил создадено скоро веднаш по почетокот на етапата. Возачот на Кофидис Луис Анхел Мате, возачот на Тим Катјуша Гатис Смукулис и Мартен Кејзер од Вакансолел-ДКМ нападнале во воведните метри на етапата[63] и подоцна им се приклучиле Брент Букволтер (БМЦ Рејсинг Тим) и возачот на Андалусија Густаво Сезар; ниеден од петте возачи не бил закана за генералниот пласман, бидејќи Мате кој бил најдобро пласиран од квинтетот бил на 50. место.[62] Успеале да постигнат предност од над пет минути едно време на етапата, но сепак биле достигнати од групата во последните 20 километри од етапата.[62] Групата останала заедо до целта, а Тим Скај и Ликвигас-Канондејл држеле темпо на чело на групата.[62] Британскиот национален првак Ијан Станард се обидел да отиде во водство за колегата Бен Свифт,[65] но Даниеле Бенати (РадиоШек-Нисан) се појавил зад Свифт[63] и на крајот го поминал на целната линија за неколку центиметри за негова шеста етапна победа на Вуелта.[66] Подоцна, Бенати ја посветил својата прва победа по скоро една година[63] на неговиот поранешен колега Вејлант,[67] кој загубил во текот на Џиро д’Италиа 2011.[68]

Резултат од етапа 18
Возач Екипа Време
1  Даниеле Бенати (ИТА) РадиоШек-Нисан 4ч 17' 17"
2  Бен Свифт (ВБР) Тим Скај и.в.
3  Алан Дејвис (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
4  Лојд Мондори (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал и.в.
5  Џон Дегенколб (ГЕР) Аргос-Шимано и.в.
6  Давиде Вигано (ИТА) Лампре-ИСД и.в.
7  Мати Брешел (ДАН) Рабобанк и.в.
8  Кун де Корт (ХОЛ) Аргос-Шимано и.в.
9  Мичел Докер (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
10  Грегори Раст (ШВА) РадиоШек-Нисан + 6"
Генерален пласман по етапа 18
Возач Екипа Време
1  Алберто Контадор (ШПА) Jersey red.svg Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк 72ч 25' 21"
2  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 1' 52"
3  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey green.svg Jersey white.svg Тим Катјуша + 2' 28"
4  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 9' 40"
5  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 11' 36"
6  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 12' 02"
7  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 12' 55"
8  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 13' 06"
9  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 13' 49"
10  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 14' 10"

Етапа 19[уреди]

7 септември 2012 — Пењафил до Ла Ластрилја, 178,4 км[69]

Како и етапата од претходниот ден и на оваа немало категоризирани искачувања и иако имала понерамен терен од осумнаесеттата етапа, сепак сè уште била сметана за рамна и се очекувала спринтерска завршница на крајот; меѓутоа, завршницата во Ла Ластрилја донела борба на панчерите на трката, како Филип Жилбер (БМЦ Рејсинг Тим) или претходниот водач на трката од Тим Катјуша Хоаким Родригез или пак нудела шанса и за успешно бегство.[70][71] Скоро од почетокот, двајца возачи од екипите со специјална покана се одвоиле од групата и нападнале, возачот на Андалусија Хосе Висенте Торибио и возачот на Каха Рурал-Сегурос РГА Аитор Галдос го започнале бегството,[72] брзо достигнувајќи висока предност. Предноста на двоецот напред на брзата трка го својот максимум од десет минути на една четвртина од етапата.[71] Неколку екипи го презеле челото на главната група; некои да ја намалат разликата за своите спринтери, додека други да ги подготват своите панчери.

Започнале да врне на половина пат од етапата,[71] но разликата помеѓу водечките и групата продолжила да паѓа додека не биле достигнати на 28 километри пред целта.[72] Забрзаното темпо од Мувистар Тим помогнало за поделба на групата, додека Валверде и Родригез на крајот земале бонус секунди на средниот спринт во Хонторија.[72] Се случиле неколку мали напади, пред победничкиот напад на Жилбер на групата во последните километри.[73] Ја постигнал својата втора етапна победа на трката[74] пред Валверде, Даниел Морено (Тим Катјуша) и Родригез.[71] Остатокот од групата пристигнала три секунди подоцна[75] предводена од возачот на Лото-Белисол Џани Мерсман; заедно со групата бил водачот на трката Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк), кој загубил 17 секунди во однос на Валверде,[76] но останала предноста од 1' 35" во генералниот пласман.[72]

Резултат од етапа 19
Возач Екипа Време
1  Филип Жилбер (БЕЛ) БМЦ Рејсинг Тим 4ч 56' 25"
2  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим и.в.
3  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша и.в.
4  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey green.svg Тим Катјуша и.в.
5  Џани Мерсман (БЕЛ) Лото-Белисол + 3"
6  Бауке Молема (ХОЛ) Рабобанк + 3"
7  Јан Бакелантс (БЕЛ) РадиоШек-Нисан + 3"
8  Бен Свифт (ВБР) Тим Скај + 3"
9  Риналдо Ночентини (ИТА) Аг2р-Ла Мондијал + 3"
10  Серхио Енао (КОЛ) Тим Скај + 3"
Генерален пласман по етапа 19
Возач Екипа Време
1  Алберто Контадор (ШПА) Jersey red.svg Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк 77ч 21' 49"
2  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 1' 35"
3  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey green.svg Jersey white.svg Тим Катјуша + 2' 21"
4  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 9' 48"
5  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 11' 29"
6  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 12' 00"
7  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 12' 58"
8  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 13' 09"
9  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 13' 52"
10  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 15' 13"

Етапа 20[уреди]

8 септември 2012 — Сеговија до Бола дел Мундо, 170,7 км[77]

Претпоследната етапа на Вуелта била сметана за последна шанса за возачите да стекнат значителна предност на трката, додека последната етапа била вообичаеното парадно возење во Мадрид. Патеката од 170,7 километри содржела пет категоризирани искачувања, сите од втора категорија или повисоко и завршница на нагорнина - десетта на трката[78] – до Бола дел Мундо кое било највисоко категоризирано од петте, како „специјална“ категорија; Бола дел Мундо исто така била највисоката точка на трката и етапниот победник ќе ја добиел наградата Алберто Фернандез.[79] Групата се искачувала до 2.247 метри надморска височина,[80] преку 11,4 километри долгото искачување со просечен наклон од 8,6%.[81] На Бола дел Мундо претходно се одлучувало за почестите во генералниот пласман – во 2010 – кога Винченцо Нибали го засенил Езекил Москера на искачувањето,[82] притоа освојувајќи ја трката со 41 секунда пред Москера; на Москера подоцна му биле одземени сите негови резултати на крајот на 2011.[83]

Група на дваесет возачи го создале бегството на денот,[84] претставувајќи шеснаесет екипи, каде само Аг2р-Ла Мондијал, Тим Катјуша, Астана и Омега Парма-Квик Степ немале свој претставник во групата. Исто така помеѓу нив се наоѓач и водачот во планинскиот пласман, Сајмон Кларк (Орика-ГринЕЏ), кој сакал да обезбеди гаранција за освојувањето на сината точкаста маичка.[85] Така, Кларк ги освоил максималните бодови на првите три искачувања во текот на бегството, додека бегството имало предност од околу осум минути – достигнувајќи максимална предност од десет минути - пред групата. Водечките имале пет минути предност пред групата, кога стигнале на Бола дел Мундо, додека групата била предводена од Еускалтел-Еускади,[85] кои го имале Ромен Сикард во водечката група. Водечката група започнала да се дели на самото искачување и на крајот останале само тројца возачи напред – возачот на Тим Скај Ричи Порт, возачот на Омега Парма-Квик Степ Кевин де Верт и поранешниот победник во генералниот пласман на Вуелта Денис Мењшов од Тим Катјуша[84] – кои се одвоиле со поставување побрзо темпо.

Во групата, возачот на Еускалтел-Еускади Игор Антон првично нападнал без никој да го следи,[85] пред Алехандро Валверде (Мувистар Тим) да ги примора на напад неговите ривали, обидувајќи се да се одвои пред да биде достигнат. Де Верт отпаднал од водечкиот двоец напред,[84] додека лидерите во генералниот пласман успеале да се одвојат од главната група и создале посебна група со Валверде, Алберто Контадор (Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк) и Хоаким Родригез, која била предводена од колегата на Родригез од Тим Катјуша Даниел Морено. Неговиот колега Мењшов ја освоил етапата – четврта за Тим Катјуша на трката[86] – додека Порт отпаднал во последните метри; шест други членови на бегството стигнале на целта пред главните во генералниот пласман. Родригез бил деветти на етапата,[85] освојувајќи 25 секунди во однос на Валверде - кој бил десетти - дополнителни 44 секунди во однос на Контадор, кој завршил дванаесетти. Во генералниот пласман, Контадор успеал да го задржи своето водство, со намалена разлика од 1' 16", пред Валверде и Родригез со дополнителни 21 секунда зад него.[84]

Резултат од етапа 20
Возач Екипа Време
1  Денис Мењшов (РУС) Тим Катјуша 4ч 48' 48"
2  Ричи Порт (АВС) Тим Скај + 17"
3  Кевин де Верт (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ + 42"
4  Фредрик Кесијакоф (ШВЕ) Астана + 1' 16"
5  Ромен Сикард (ФРА) Еускалтел-Еускади + 1' 39"
6  Ерос Капеки (ИТА) Ликвигас-Канондејл + 2' 30"
7  Максим Буе (ФРА) Аг2р-Ла Мондијал + 2' 39"
8  Зимон Гешке (ГЕР) Аргос-Шимано + 3' 14"
9  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey green.svg Тим Катјуша + 3' 31"
10  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 3' 56"
Генерален пласман по етапа 20
Возач Екипа Време
1  Алберто Контадор (ШПА) Jersey red.svg Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк 82ч 14' 52"
2  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим + 1' 16"
3  Хоаким Родригез (ШПА) Jersey green.svg Jersey white.svg Тим Катјуша + 1' 37"
4  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 10' 16"
5  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 11' 29"
6  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 12' 23"
7  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 13' 28"
8  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 13' 41"
9  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 14' 01"
10  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 16' 13"

Етапа 21[уреди]

9 септември 2012 — Серседилја до Мадрид, 115 км[87]

Вуелта завршила со вообичаената завршница на етапата во центарот на Мадрид. Етапата имала лесе почеток - со долг и постепен спуст од градот Серседилја - пред десетте брзи кругови од по 5,7 километри, следени со спринтерска завршница.[88] За задржување на традиција, последната етапа започнала со слабо темпо и во голема мера била церемонијална до возењето во Мадрид. Кратко, откако возачите пристигнале на патеката во центарот на градот, се одржал среден спринт при првото поминување низ целта; на Давид Монкутје од Кофидис и возачот на Рабобанк Гриша Нирман им било дозволено да поминат пред главната група, како гест пред нивните повлекувања од професионалниот велосипедизам.[89] Потоа, главното бегство било започнато од шест возачи на воведниот круг на патеката во Мадрид. На групата составена од двоецот на Андалусија Серхио Караско и Хавиер Чакон, возачот на Астана Кевин Селдрејерс, Хавиер Арамендија од Каха Рурал-Сегурос РГА, Микел Астарлоза (Еускалтел-Еускади) и Сергеј Лагутин за Вакансолел-ДКМ никогаш не им било дозволено да создадат поголема предноста од половина минути и на крајот биле достигнати на околу 6 километри пред целта.[90]

Лагутин бил последниот кој бил достигнат, на влезот во последниот круг за групата. Тим Скај се поставиле на чело на групата, обидувајќи се да го пробијат нивниот спринтер Бен Свифт за победа на трката, но тука биле и Аргос-Шимано кои го поставиле својот спринтер на најдоброто место за освојување на целта. Во борбата помеѓу италијанскиот двоец Елија Вивијани (Ликвигас-Канондејл) и Даниеле Бенати (РадиоШек-Нисан) и Џон Дегенколб, победил Германецот кој стигнал до петтата етапна победа на трката.[91] Позади, возачот на Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк Алберто Контадор завршил со групата и ја освоил својата втора титула на Вуелта,[92] додека Сајмон Кларк (Орика-ГринЕЏ) исто така ја потврдил својата победа во планинскиот пласман. Втора година по ред,[90] Хоаким Родригез (Тим Катјуша) го изгубил водството во бодовниот пласман на последниот ден, кога со шестото место на етапата, возачот на Мувистар Тим Алехандро Валверде успеал да го симне Родригез од првото место во пласманот. Воедно, Валверде го освоил и комбинираниот пласман со изедначен резултат, но поради второто место во генералниот пласман го освоил и него.[89]

Резултат од етапа 21
Возач Екипа Време
1  Џон Дегенколб (ГЕР) Аргос-Шимано 2ч 44' 57"
2  Елија Вивијани (ИТА) Ликвигас-Канондејл и.в.
3  Даниеле Бенати (ИТА) РадиоШек-Нисан s.t.
4  Алан Дејвис (АВС) Орика-ГринЕЏ и.в.
5  Колдо Фернандез (ШПА) Гармин-Шарп и.в.
6  Алехандро Валверде (ШПА) Мувистар Тим и.в.
7  Герт Стегманс (БЕЛ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
8  Здењек Штибар (ЧЕШ) Омега Парма-Квик Степ и.в.
9  Рајмонд Кредер (ХОЛ) Гармин-Шарп и.в.
10  Горка Вердуго (ШПА) Еускалтел-Еускади и.в.
Краен генерален пласман
Возач Екипа Време
1  Алберто Контадор (ШПА) Jersey red.svg Тим Саксо Банк-Тинкоф Банк 84ч 59' 49"
2  Алехандро Валверде (ШПА) Jersey green.svg Jersey white.svg Мувистар Тим + 1' 16"
3  Хоаким Родригез (ШПА) Тим Катјуша + 1' 37"
4  Крис Фрум (ВБР) Тим Скај + 10' 16"
5  Даниел Морено (ШПА) Тим Катјуша + 11' 29"
6  Роберт Гесинк (ХОЛ) Рабобанк + 12' 23"
7  Ендру Талански (САД) Гармин-Шарп + 13' 28"
8  Лауренс тен Дам (ХОЛ) Рабобанк + 13' 41"
9  Игор Антон (ШПА) Еускалтел-Еускади + 14' 01"
10  Бењат Инчаусти (ШПА) Мувистар Тим + 16' 13"

Забелешки[уреди]

  1. Маичките кои се појавуваат во табелата на левата страна на страницата означуваат дека се носени од велосипедистот на дадената етапа, додека оние кои се појавуваат во табелата на десната страна на страница означуваат дека на велосипедистот му се доделени по етапата.

Наводи[уреди]

  1. „Вилагарсија де Ароуса-Мирадор де Езаро“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=12. конс. 17 август 2012. 
  2. Родригез нападнал на етапата 12 на Вуелта и победил во црвено“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 30 август 2012 (конс. 31 август 2012).
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Бенсон, Даниел. „Родригез победи на Мирадор де Езаро“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 30 август 2012 (конс. 31 август 2012).
  4. „The Spin: Vuelta Stage 12“. „The Inner Ring“. WordPress. 30 август 2012. http://inrng.com/2012/08/vuelta-stage-12-preview/. конс. 31 август 2012. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Stokes, Shane. „Rodriguez scoops second stage win with powerful finishing surge“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 30 август 2012 (конс. 31 август 2012).
  6. Фотерингем, Аласдер. „Родригез го откачи Контадор на етапата 12 на Вуелта“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 30 август 2012 (конс. 31 август 2012).
  7. Худ, Ендру. „Колку далеку може да оди Пурито?“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 30 август 2012 (конс. 31 август 2012).
  8. Lowe, Felix. „Родригез победи на етапата 12 и го зголеми водството“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 30 август 2012 (конс. 31 август 2012).
  9. „Сантјаго де Компостела-Ферол“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=13. конс. 17 август 2012. 
  10. „Преглед на етапа 13“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. 14 август 2012. http://www.cyclingnews.com/vuelta-a-espana/stage-13. конс. 1 септември 2012. 
  11. „The Spin: Vuelta Stage 13“. „The Inner Ring“. WordPress. 31 август 2012. http://inrng.com/2012/08/vuelta-stage-13-preview/. конс. 1 септември 2012. 
  12. 12,0 12,1 12,2 Рајан, Бери. „Камингс сам до победа во Ферол“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 31 август 2012 (конс. 1 септември 2012).
  13. Three in Vuelta a España - Stage 13 Top-Ten“, „Орика-ГринЕЏ“, GreenEDGE Cycling, 31 август 2012 (конс. 1 септември 2012).
  14. 14,0 14,1 14,2 Мур, Кајл. „Стив Камингс победи во потерата во Ферол“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 31 август 2012 (конс. 1 септември 2012).
  15. Fotheringham, Alasdair. „Cummings puts injuries behind him for biggest career win“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 31 август 2012 (конс. 1 септември 2012).
  16. Lowe, Felix. „Cummings holds on for victory in stage 13“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 31 август 2012 (конс. 1 септември 2012).
  17. „Палас де Реи-Пуерто де Анкарес“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=14. конс. 17 август 2012. 
  18. Крис Фрум петти додека Хоаким Родригез победил повторно во Шпанија“, „BBC Sport“, BBC, 1 септември 2012 (конс. 1 септември 2012).
  19. „The Spin: Vuelta Stage 14“. „The Inner Ring“. WordPress. 1 септември 2012. http://inrng.com/2012/09/vuelta-stage-14-preview/. конс. 1 септември 2012. 
  20. Pryde, Kenny. „Rodriguez stakes his claim with Vuelta mountain-top win“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 1 септември 2012 (конс. 1 септември 2012).
  21. 21,0 21,1 21,2 21,3 Косинс, Питер. „Родригез го порази Контадор во Анкарес“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 1 септември 2012 (конс. 1 септември 2012).
  22. 22,0 22,1 22,2 22,3 Stokes, Shane. „Devastating surge sees Rodriguez overhaul Contador for another stage win“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 1 септември 2012 (конс. 1 септември 2012).
  23. Hood, Andrew. „Explosive Vuelta proves frustrating for Chris Froome“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 1 септември 2012 (конс. 1 септември 2012).
  24. Hood, Andrew. „Joaquim Rodriguez is proving a complex, exasperating rival to Alberto Contador“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 1 септември 2012 (конс. 1 септември 2012).
  25. Fotheringham, Alasdair. „Rodríguez takes Vuelta battle to high mountains“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 1 септември 2012 (конс. 1 септември 2012).
  26. Lowe, Felix. „Red-hot Rodriguez extends lead with third win“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 1 септември 2012 (конс. 1 септември 2012).
  27. „Ла Робла-Лагос де Ковадонга“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=15. конс. 17 август 2012. 
  28. Прајд, Кени. „Родригез владее на Ковадонга додека Фрум губи време на Вуелта“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 2 септември 2012 (конс. 3 септември 2012).
  29. „The Spin: Vuelta Stage 15“. „The Inner Ring“. WordPress. 2 септември 2012. http://inrng.com/2012/09/vuelta-stage-15/. конс. 3 септември 2012. 
  30. 30,0 30,1 30,2 30,3 Вестемајер, Сузан. „Пједра победи на етапа на Вуелта а Еспања по целодневно бегство“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 2 септември 2012 (конс. 3 септември 2012).
  31. 31,0 31,1 31,2 31,3 Мур, Кајл. „Антонио Пједра ја направи сезоната за Каха Рурал“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 2 септември 2012 (конс. 3 септември 2012).
  32. Лов, Феликс. „Пједра победи, Родригез се задржа во црвено по етапата 15 на Вуелта“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 2 септември 2012 (конс. 3 септември 2012).
  33. Фрум падна на четврто место“, „Sky Sports“, BSkyB, 2 септември 2012 (конс. 3 септември 2012).
  34. Atkins, Ben. „Chris Froome loses podium spot on “tough climb” to Lagos de Covadonga“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 2 септември 2012 (конс. 3 септември 2012).
  35. „Хихон-Валграде-Пахарес“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=16. конс. 17 август 2012. 
  36. Froome hangs tough“, „Тим Скај“, BSkyB, 3 септември 2012 (конс. 3 септември 2012).
  37. Rodriguez gains as Cataldo takes queen stage“, „ESPN UK“, ESPN Emea Ltd., 3 септември 2012 (конс. 3 септември 2012).
  38. „The Spin: Vuelta Stage 16 preview“. „The Inner Ring“. WordPress. 3 септември 2012. http://inrng.com/2012/09/vuelta-stage-16-preview/. конс. 3 септември 2012. 
  39. Лов, Феликс. „Каталдо победил на етапата 16 додека Родригез го зголемил водството“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 3 септември 2012 (конс. 3 септември 2012).
  40. McGrath, Andy. „Rodriguez strengthens Vuelta lead as Froome keeps hold of fourth“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 3 септември 2012 (конс. 3 септември 2012).
  41. Fotheringham, Alasdair. „Суиту Негри - искачување за крај на сите искачувања“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 3 септември 2012 (конс. 3 септември 2012).
  42. 42,0 42,1 42,2 42,3 Косинс, Питер. „Епска победа за Каталдо на Суиту Негру“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 3 септември 2012 (конс. 3 септември 2012).
  43. Де Гент победи на претпоследната етапа на Џиро; Родригез го задржа водството“, „USA Today“, Larry Kramer; Gannett Company, 26 мај 2012 (конс. 3 септември 2012).
  44. 44,0 44,1 44,2 44,3 Atkins, Ben. „Dario Cataldo takes historic Cuitunigru victory as the race leaders fight behind him“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 3 септември 2012 (конс. 3 септември 2012).
  45. Hood, Andrew. „Purito dishes it out at Cuitu Negru“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 3 септември 2012 (конс. 3 септември 2012).
  46. Fotheringham, Alasdair. „Cataldo produces masterpiece at Vuelta a España“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 3 септември 2012 (конс. 3 септември 2012).
  47. Фотерингем, Аласдер. „Родригез: Навистина голем чекор напред“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 3 септември 2012 (конс. 3 септември 2012).
  48. „Сантадер-Фуенте де“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=17. конс. 17 август 2012. 
  49. Fotheringham, Alasdair. „Fuente Dé: A high-speed Vuelta summit finish?“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 5 септември 2012 (конс. 6 септември 2012).
  50. „The Spin: Vuelta Stage 17“. „The Inner Ring“. WordPress. 5 септември 2012. http://inrng.com/2012/09/vuelta-stage-17-preview/. конс. 6 септември 2012. 
  51. Абрахам, Ричард. „Контадор целосно ја превртел Вуелта со зачудувачката етапна победа“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 5 септември 2012 (конс. 6 септември 2012).
  52. 52,0 52,1 52,2 52,3 Вестемајер, Сузан. „Контадор сам до етапна победа и водство на Вуелта“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 5 септември 2012 (конс. 6 септември 2012).
  53. 53,0 53,1 53,2 53,3 Аткинс, Бен. „Алберто Контадор за задржал контролата на искачувањето Фуенте Де“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 5 септември 2012 (конс. 6 септември 2012).
  54. Лов, Феликс. „Контадор сам до победа на етапата 17 и водство на Вуелта“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 5 септември 2012 (конс. 6 септември 2012).
  55. Фотерингем, Аласдер. „Родригез го призна поразот на Вуелта“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 5 септември 2012 (конс. 6 септември 2012).
  56. Hood, Andrew. „Kamikaze Contador blows apart Vuelta“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 5 септември 2012 (конс. 6 септември 2012).
  57. Fotheringham, Alasdair. „Contador fights back tears after turning Vuelta on its head“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 5 септември 2012 (конс. 6 септември 2012).
  58. Аткинс, Бен. „Алберто Контадор: Победата на Фуенте Де е „една од трите најважни во мојата кариера““, „VeloNation“, VeloNation LLC, 5 септември 2012 (конс. 6 септември 2012).
  59. Atkins, Ben. „Joaquim Rodríguez disappointed but philosophical over lost Vuelta a España lead“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 5 септември 2012 (конс. 6 септември 2012).
  60. Fotheringham, Alasdair. „Valverde gains a spot with late attack at Vuelta“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 6 септември 2012 (конс. 6 септември 2012).
  61. „Агилар де Кампо-Валјадолид“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=18. конс. 17 август 2012. 
  62. 62,0 62,1 62,2 62,3 Аткинс, Бен. „Даниеле Бенати ја зел етапата 18 кога спринтерите ја добиле својата шанса“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 6 септември 2012 (конс. 6 септември 2012).
  63. 63,0 63,1 63,2 63,3 Бенати спринтал за фото-финиш победа во Валјадолид“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 6 септември 2012 (конс. 6 септември 2012).
  64. Велант победил на 17. етапа“, „The New York Times“, Arthur Ochs Sulzberger, Jr.; The New York Times Company, 17 септември 2008 (конс. 6 септември 2012).
  65. Abraham, Richard. „Bennati pips Swift to Vuelta stage“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 6 септември 2012 (конс. 6 септември 2012).
  66. Фотерингем, Аласдер. „Алберто Контадор го задржал водството во генералниот пласман, а Даниеле Бенати победи на етапата 18“, „The Independent“, Independent Print Limited, 6 септември 2012 (конс. 6 септември 2012).
  67. Фотерингем, Аласдер. „Бенати ја посветил етапната победа на Вуелта на Ваутер Вејлант“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 6 септември 2012 (конс. 6 септември 2012).
  68. Вејлант умрел по несреќата на Џиро д’Италиа“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 9 мај 2011 (конс. 6 септември 2012).
  69. „Пењафил-Ла Ластрилја“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=19. конс. 17 август 2012. 
  70. „The Spin: Vuelta Stage 19“. „The Inner Ring“. WordPress. 7 септември 2012. http://inrng.com/2012/09/vuelta-stage-preview/. конс. 8 септември 2012. 
  71. 71,0 71,1 71,2 71,3 Atkins, Ben. „Philippe Gilbert takes second stage victory on complicated finish at La Lastrilla“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 7 септември 2012 (конс. 8 септември 2012).
  72. 72,0 72,1 72,2 72,3 Жилбер ја добил втората етапна победа на Вуелта во Ла Ластрилја“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 7 септември 2012 (конс. 8 септември 2012).
  73. Fotheringham, Alasdair. „Gilbert storms away in Segovia for second Vuelta win“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 7 септември 2012 (конс. 8 септември 2012).
  74. Жилбер победи на етапата 19 на Вуелта; Контадор остана во црвено“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 7 септември 2012 (конс. 8 септември 2012).
  75. Жилбер во втората победа во Шпанија“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 7 септември 2012 (конс. 8 септември 2012).
  76. Lowe, Felix. „Gilbert wins as Valverde shines on Vuelta“, „Yahoo! Eurosport“, TF1 Group, 7 септември 2012 (конс. 8 септември 2012).
  77. „Сеговија-Бола дел Мундо“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=20. конс. 17 август 2012. 
  78. Hood, Andrew. „Alberto Contador clings to red with one stage left in a nail-biter of a Vuelta a Espana“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 8 септември 2012 (конс. 8 септември 2012).
  79. „Specific Regulations, Awards & Technical – Sports Regulation Handbook“ (PDF). „Вуелта а Еспања“. Unipublic. стр. 315. http://banners.lavuelta.com/12/reglamento_ingles.pdf. конс. 8 септември 2012. 
  80. Fotheringham, Alasdair. „Showdown on the Bola del Mundo“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 8 септември 2012 (конс. 8 септември 2012).
  81. „The Spin: Vuelta Stage 20“. „The Inner Ring“. WordPress. 8 септември 2012. http://inrng.com/2012/09/vuelta-stage-20-preview/. конс. 8 септември 2012. 
  82. Vincenzo Nibali, Ezequiel Mosquera battle to a draw atop Bola del Mundo in 2010 Vuelta’s final mountain stage“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 18 септември 2010 (конс. 8 септември 2012).
  83. „Sanctions, Period of Ineligibility, Disqualification“. „UCI.ch“. Меѓународен велосипедистички сојуз. стр. 3. http://www.uci.ch/Modules/BUILTIN/getObject.asp?MenuId=MTU3Mjg&ObjTypeCode=FILE&type=FILE&id=NjY5MTE&LangId=1. конс. 8 септември 2012. 
  84. 84,0 84,1 84,2 84,3 Menchov prevails on the Bola del Mundo“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 8 септември 2012 (конс. 8 септември 2012).
  85. 85,0 85,1 85,2 85,3 Atkins, Ben. „Alberto Contador clings on to confirm overall victory on the Bola del Mundo“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 8 септември 2012 (конс. 8 септември 2012).
  86. Fotheringham, Alasdair. „Menchov clinches Katusha's fourth stage win of Vuelta“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 8 септември 2012 (конс. 8 септември 2012).
  87. „Серседилја-Мадрид“. „Вуелта а Еспања“. Unipublic. http://www.lavuelta.com/12/es/recorrido/index.html?e=21. конс. 17 август 2012. 
  88. „Вуелта а Еспања: Преглед на етапа 21“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. 14 август 2012. http://www.cyclingnews.com/vuelta-a-espana/stage-21. конс. 9 септември 2012. 
  89. 89,0 89,1 Аткинс, Бен. „Џон Дегенколб до број пет на последната етапа, додека Контадор победи“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 9 септември 2012 (конс. 9 септември 2012).
  90. 90,0 90,1 Бенсон, Даниел. „Дегенколб ја освоил петтата етапна победа на Вуелта во Мадрид“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 9 септември 2012 (конс. 9 септември 2012).
  91. Прајд, Кени. „Контадор победил на Вуелта а Еспања 2012“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 9 септември 2012 (конс. 9 септември 2012).
  92. Алберто Контадор ја освоил својата втора титула на Вуелта а Еспања“, „BBC Sport“, BBC, 9 септември 2012 (конс. 9 септември 2012).