Алехандро Валверде

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алехандро Валверде

Валверде на Тур де Франс 2013
Лични податоци
Цело име Алехандро Валверде Белмонте
Прекар Балаверде (Зелен куршум)
Ел Бала (Куршумот)
Ел Имбатидо (Непобедниот)
Роден 25 април 1980 (1980-04-25) (34 г.)
Лас Лумбрерас, Шпанија
Висина 1,77 м[1]
Маса 61 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клуб Мувистар Тим
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Универзален возач
Професионални клубови
2002–2004
2005–2010
2012–
Келме-Коста Бланка
Илес Балеарс-Банесто
Мувистар Тим
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
4 индивидуални етапи (2005, 2008, 2012)
Вуелта а Еспања
Генерален пласман (2009)
Бодовен пласман (2012, 2013)
Комбиниран пласман (2003, 2009, 2012)
8 индивидуални етапи (2003, 2004, 2006, 2008, 2012, 2014)

Етапни трки

Критериум ду Дофине (2008, 2009)
Волта а Каталуња (2009)
Вуелта а Андалусија (2012, 2013, 2014)
Вуелта а Бургос (2004, 2009)

Еднодневни трки и класици

MaillotEspaña.PNG Национален друмски првак (2008)
MaillotEspaña.PNG Национален хронометарски првак (2014)
Класика де Сан Себастијан (2008, 2014)
Флеш Валон (2006, 2014)
Лиеж-Бастон-Лиеж (2006, 2008)
Рома Максима (2014)

Други

UCI Pro Tour (2006, 2008)
Последна промена
18 септември 2014

Алехандро Валверде Белмонте (шпански: Alejandro Valverde Belmonte; р. 25 април 1980 во Лас Лумбрерас, Мурсија) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мувистар Тим.[2] Најголемите победи на Валверде се случиле на Вуелта а Еспања 2009, Лиеж-Бастон-Лиеж во 2006, 2008 и светската серија UCI ProTour 2006. Тој двапати го освоил сребрениот медал на Светските друмски првенства, во 2003 и 2005. Валверде е еден од ретките, кој комбинира различни специјалности во друмскиот велосипедизам, станувајќи силен специјалист за искачување и спринтер. По долгата судска битка бил суспендиран на две години како дел од истрагата Операција Пуерто, но се вратил на натпреварувањата во 2012, откако му завршила суспензијата.

Биографија[уреди]

Валверде доаѓа од велосипедско семејство, неговиот татко Хуан бил аматерски велосипедски возач и му купил велосипед, кога бил шестгодишен.[3] Неговиот брат Хуан Франсиско исто така бил аматерски друмски велосипедист. Првата трка на Валверде била во Хумилја, во неговиот регион Мурсија, каде завршил втор. Следната недела ја освоил неговата втора трка во Јекла.[4] Наводно тој освоил повеќе од педесет последователни победи помеѓу 11 и 13 години, заработувајќи го прекарот El Imbatido (Непобедениот).[5]

Аматерска кариера[уреди]

Поради неговите бројни победи, на Валверде му било понудено да вози за елитната аматерска екипа Банесто со седиште во Навара, малку оддалечена од неговиот дом во Мурсија. Можеби поради исцрпеноста од патувањето дома секој викенд, неговите резултати се влошиле додека бил со екипата.[5]

Тој се преместил во професионалната екипа Келме и бил трениран од Франсиско Моја, кој му помогнал да стане подобар велосипедист. Келме исто така му ветиле дека ќе му дозволат да се премести во професионалната екипа, доколку покаже добри резултати. На крајот на првата сезона со аматерската екипа Келме, тие му понудиле да се премести во професионалната екипа.[5]

Келме (2002–2004)[уреди]

Валверде станал професионалец во 2002, кога потпишал договор со шпанската екипа Келме-Коста Бланка, каде останал до крајот на сезоната 2004. Во текот на неговиот престој во Келме тој имал пробив на Вуелта а Еспања во 2003, каде освоил две етапи и завршил трет во генералниот пласма. Таа година, тој исто така ги освоил Вуелта а Мајорка и етапа на Вуелта ал Паис Васко и други шпански трки, како што се ГП Примавера и ГП Вилјафранка де Ордизија. Ја завршил сезоната со второ место на Светското друмско првенство 2003 зад Игор Астарлоа, откако победил во спринтот пред Петер ван Петегем и Паоло Бетини.[6]

Во сезоната 2004, тој одлучил да остане во Келме и покрај финансиските проблеми на екипата и понудите од други екипи. Ги освоил Волта а ла Комунитат Валенсијана, Вуелта а Мурсија, етапи на Вуелта ал Паис Васко, Вуелта а Бургос и четвртото место на Вуелта а Еспања 2004. Иако освоил етапа на Вуелта, тој бил повреден во несреќа, па бил приморан да ги намали неговите амбиции за генералниот пласман.[7] Исто така, учествувал на Летните олимписки игри.

Кејс д’Епарњ[уреди]

Валверде му се придружил на UCI ProTeam Илес Балеарс-Кејс д’Епарњ во 2005.[8] Тој ја освоил последната етапа на Париз-Ница и завршил втор во генералниот пласман зад Боби Јулих. Исто така освоил и две етапи на Вуелта ал Паис Васко. На неговото прво појавување на Тур де Франс ја освоил 10. етапа од Тур де Франс пред Ленс Армстронг, кого го победил во спринтот во Куршевел на крајот од планинската етапа во Алпите.[9] По 12. етапа, тој бил на петтото место во генералниот пласман, 3 минути и 16 секунди зад Ленс Армстронг. Исто така, тој водел во пласманот за млад возач (бела маичка), со 3 минути и 9 секунди пред колегата на Армстронг Јарослав Попович.[10] Меѓутоа, Валверде бил приморан да се повлече од трката на 13-тата етапа, поради повреда на коленото. Валверде скоро се повратил на време за Светското велосипедско првенство UCI во Мадрид, Шпанија. Повредата на Оскар Фреир, кој бил капетан на шпанската репрезентација, го приморала да стане водач, и покрај тоа што имало само еден ден пред Светското првенство. Неверојатно, но тој бил способен да биде конкурентен и завршил втор зад победникот Том Бонен.[11]

2006[уреди]

Валверде вози зад Мансебо и Касарубиос на Класика а лос Пуертос 2005.

Во 2006, Валверде освоил етапа на Вуелта ал Паис Васко, завршувајќи втор во генералниот пласман, истовремено освојувајќи го и бодовниот пласман. Потоа ги завршил престижните два пролетни класика, победувајќи на Флеш Валон и четири дена подоцна и на Лиеж-Бастон-Лиеж. Потоа, Валверде освоил етапа на Тур де Романди, завршувајќи трет во крајниот пласман. Валверде планирал предизвик на Тур де Франс 2006 и изјавил дека се надева на победа во иднина. Заминал во велосипедската фабрика Пинарело во Тревизо, Италија, да ги подобри неговите резултати во хронометрите. Всушност, тој започнал меѓу фаворитите на Тур де Франс по откажувањето на Јан Улрих и Иван Басо, поради истрага за допинг. Меѓутоа, на третата етапа на Тур де Франс 2006, Валверде имал несреќа и морал да го напушти Тур де Франс, поради фрактура на десната клучна коска. Неговата амбиција за победа на Гранд Тур се префрлила на Вуелта, подоцна истата година.

Валверте влегол на Вуелта 2006, како врвен фаворит. Откако не го возел целиот Тур де Франс, тој бил во подобра кондиција од некои други кандидати за победа: Меншов (бранителот на титулата) и Састре, обајцата завршиле во првите 10 на Тур де Франс 2006 и било очекувано дека ќе имаат одреден замор. Валверде ја освоил седмата етапа и доминирал на планинските етапи, заработувајќи ја златната маичка по деветтата етапа. Меѓутоа, Валверде ја загубил маичката, поради агресивното искачување и напаѓање од Александар Винокуров. Во последниот хронометар, Валверде повторно изгубил време од Винокуров и морал да се задоволи со второто место во генералниот пласман, неговиот втор подиум на Гранд Тур. По неговото импресивно издание на Вуелта, Валверде не освоил ниедна друга поголема титула, победувајќи на UCI ProTour 2006 со неколку големи трки останати на календарот, но неговото водство било недостижно. На Светското првенство 2006, Валверде бил сметан за еден од фаворитите за титулата. Иако тој не победил, сепак го освоил третото место, т.е. бронзениот медал.

2007[уреди]

Ја започнал 2007 со освојување на генералните пласмани на Волта а ла Комунитат Валенсијана и Вуелта а Мурсија. На четвртата етапа од Вуелта а Мурсија, Валверде го освоил неговиот прв индивидуален хронометар.[12] Исто така завршил трет на Критериум Интернационал и петти на Вуелта ал Паис Васко. На Арденските класици, го зазел второто место на обете Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж, не успевајќи да го повтори успехот од сезоната 2006. На Тур де Франс 2007, Валверде бил гледан како еден од фаворитите за жолтата маичка, сè до катастрофалниот индивидуален хронометар, кој ги уништил неговите шанси за борба за генералниот пласман. Сепак завршил шести во генералниот пласман, доцнејќи 11 минути, така завршувајќи го неговиот прв Тур де Франс, откако не успеал да ја заврши трката во 2005 и 2006. Тој одлучил да не учествува на Вуелта а Еспања, со цел да се подготви за Светското друмско првенство.[13] На 29 август 2007, UCI објавил дека Валверде не смее да се натпреварува на Светското друмско првенство во Штутгарт, поради неговите можни дејствија во истрагата за допинг „Операција Пуерто“ за да ја заштити атмосферата и угледот на светските првенства.[14] UCI, исто така, ја повикал Шпанската велосипедска федерација (RFEC) да отвори дисциплинарна постапка против возачот, но RFEC одбила да го прифати барањето на UCI, велејќи дека нема нов доказ против него. RFEC, исто така, го вклучила Валверде во нејзината екипа за Светските првенства.[15] Предметот бил разгледуван од Арбитражниот суд за спорт, кој дозволил учество на Валверде на Светското друмско првенство.[16]

2008[уреди]

Валверде носејќи ја бодовната маичка на деветтата етапа на Вуелта а Еспања 2008.

Во 2008, Валверде покажал силна форма во пролетта. По освојувањето на Вуелта а Мурсија, Валверде бил фокусиран на тренирањето. Ја објавил неговата подготвеност со завршувањето на подиум во Класика Примавера и триумфот на Париз-Камемберт. Овие успеси ги предвиделе извонредните резултати на Арденските класици: подиум на Амстел Голд Рејс и победа на Лиеж-Бастон-Лиеж. Валверде исто така го освоил и Критериум ду Дофине Либере 2008 и шпанското национално друмско првенство во јуни. На 5 јули, Валверде ја освоил првата етапа на Тур де Франс 2008. Неговата форма попуштила на Пиринеите и откако паднал на Кол де Турмале, така губејќи 5 минути и 52 секунди од етапниот победник Леонардо Пиеполи, губејќи ја надежта за завршување на подиумот. Тој се покажал подобро на Алпите и се надевал на завршувањето во првите десет. На Алп д‘Ез се покажало дека работел заедно со Тим ЦСЦ со цел да го елиминира Кедел Еванс. По Тур де Франс, извојувал силна победа на Класика де Сан Себастијан 2008, водејќи во спринтот и држејќи ги на растојание Александар Колобнев и Давиде Ребелин. Подоцна, на Вуелта а Еспања 2008, започнал силно, освојувајќи ја втората етапа и носејќи ја маичката за генерален пласман на третата. Првата недела бил на главните позиции. Меѓутоа, загубил околу две минути на многу влажната етапа до Саунсес и ги изгубил шансите за подиум. Меѓутоа, завршил на четвртото место со извонредни резултати, вклучувајќи го и возењето на Англиру, каде единствено бил надминат од Алберто Контадор и потоа со добар резултат на планинскиот хронометар. Пред учеството на Светското друмско првенство во Варезе, тој бил математички прогласен за победник на UCI ProTour 2008, со што ја освоил втората победа во четирите изданија на натпреварувањето.

2009[уреди]

Валверде ја започнал 2009 во добра форма со освојување на бодовниот и планинкиот пласман на Вуелта а Кастилја и Леон, каде завршил деветти со две етапни победи. Не можел да ги повтори неговите успеси во последните неколку години во пролетните класици, па така завршил седми на Флеш Валон. Тој ги освоил Класика Примавера и Волта а Каталуња, со што ги оставил оние разочарувања позади него. За заканата да не се трка на Тур де Франс, која висела над него, тој се натпреварувал на Критериум ду Дофине Либере надевајќи се да ја докаже неговата вредност. Тој постојано низ двата хронометри останал во врска со лидерите на трката, пред да заврши втор на Мон Венто, каде и го презел водството во генералниот пласман. Иако, Кедел Еванс постојано го напаѓал него во последните денови, тој останал да води, со помошта на неговиот сонародник Алберто Контадор, да ја зачува жолтата маичка. Врз основа на овие успеси, тој ја обжалил неговата забрана од италијанските власти пред Арбитражниот суд за спорт во надеж за тркање на Тур де Франс. На 20 септември 2009, Валверде ја освоил првата победа во генералниот пласман на Вуелта а Еспања 2009.[17]

2010[уреди]

Сите резултати од 2010 биле повлечени, поради неговото суспендирање.

2012[уреди]

Валверде на етапата 9 на Тур де Франс 2012

Валверде повторно се вратил на групата, во текот на Тур Даун Андер 2012, првата трка од сезоната 2012 на Светската турнеја UCI.[18] Тој ја освоил петтата етапа во трката - кралската етапа на настанот - бил подобар во спринтот со возачот на ГринЕЏ Сајмон Геранс,[19] и завршил втор во генералниот пласман.[20] Ја заработил неговата прва победа во генерален пласман, со освојувањето на Вуелта а Андалусија во февруари,[21] истовремено освојувајќи ја кралската етапа во текот на трката. Валверде исто така завршил трет на Париз-Ница и со освојувањето на етапата 3 покажал добра форма за претстоечкиот Тур де Франс. На Тур де Франс возел мирно во главната група до етапата 17, кога се задржал најмногу од членовите на бегството. Тим Скај скоро да го достигнал, на крајот завршувајќи со предноста од само 19 секунди. Оттука Валверде ја освоил 4. етапа на Тур де Франс во неговата кариера.

Валверде влегол на Вуелта а Еспања како придружник на бранителот на титулата Хуан Хосе Кобо во екипата Мувистар.[22] Меѓутоа, Валверде набрзо станал водач на екипата, кога станало јасно дека Кобо не е во врвна форма.[23] Неговата екипа Мувистар започнала со победа на првата етапа, екипен хронометар, на Вуелта.[24] Валверде го презел водството во генералниот, бодовниот и комбинираниот пласман по освојувањето на Етапа 3, на која постојано бил во потера по нападите на Алберто Контадор и го поминал Хоаким Родригез на целта.[25] Постепено го губел водството од Родригез, но победил на осмата етапа во Андора. Алберто Контадор се одвоил од малата водечка група и изгледало како да е на чекор до победа, но Родригез и Валверде го поминале на помалку од 100 метри пред крајот, каде на крајот Валверде победил.[26] На крајот, Валверде завршил на второто место на Вуелта, откако бил постојана закан за водачот, најпрвин за Родригез до етапата 17 кога Контадор стигнал сам до победа и го преземал водството,[27] кое Родригез не можел да го достигне. Исто така, Валверде му ги одзел маичките во бодовниот и комбинираниот пласман на последната етапа во Мадрид со неговото шесто место.[28]

Валверде морал да се задоволи со бронзен медал на Светските првенства во Валкенбург, бидејќи не можел да го достигне Филип Жилбер, кој нападнал на последното искачување на Кауберг. Тој бил првиот во групата од 27 возачи, кои имале пет секунди доцнење за Белгиецот, кога ја поминал целта.[29] Требало да учествува на Џиро ди Ломбардија, но утрото пред почетокот на трката објавил дека боледува од грип и со тоа ставил крај на сезоната 2012.[30]

2013[уреди]

Како и во 2012, Валверде го освоил генералниот пласман на Вуелта а Андалусија во 2013, каде го освоил и бодовниот пласман.[31] Валверде продолжил да покажува добра форма откако завршил на подиум на Вуелта а Мурсија, Амстел Голд Рејс и Лиеж-Бастон-Лиеж. Откако имал солидна пролетна сезона, Валверде целел на место на подиум на Тур де Франс.[32] Валверде започнал на Тур во добра форма откако завршил трет на Акс3 Домен зад Крис Фрум и Ричи Порт. Меѓутоа, следниот ден, Порт изгубил над 15 минути, со што Валверде се поместил на второто место во генералниот пласман пред трката да ги напушти Пиринеите. На етапата 13, Валверде изгубил скоро десет минути откако му се дупнала гума. И покрај силната потера, јаките крстоносни ветрови и темпото на групата го спречиле да се врати назад во групата. Завршил со втората група и со тоа излегол од првите десет.[33] И покрај тоа што го загубил второто место, Валверде успеал да има добри резултати на Алпите со што се вратил во првите десет во генералниот пласман, завршувајќи на крајот како осми.[34]

На Вуелта а Еспања, по етапата 10, Валверде бил четврти во генералниот пласман со минута за предводникот на трката Крис Хорнер. Меѓутоа, на следната етапа, се поместил на третото место откако завршил осми на хронометарот. На етапата 14, на влажен спуст, Валверде отпаднал од главните фаворити за генералниот пласман на последното искачување со минута задоцнување. Успеал да го намали неговото задоцнување на последното искачување, но сепак не доволно за да стигне до нив. На шеснаесеттата етапа, успеал да им земе неколку секунди на Нибали и Хорнер. На претпоследната етапа влегол како предводник на трката. Стигнал трет на етапата која завршувала на стрмниот Англиру, обезбедувајќи си место на подиумот, една минута и 36 секунди зад победникот на трката Крис Хорнер.[35] На Светското друмско првенство го зазел третото место, иако бил критикуван што не успеал да го следи нападот на Португалецот Руј Кошта.[36] На крајот, Кошта го достигнал и го отспринтал Хоаким Родригез, сонародник и колега на Валверде.

2014[уреди]

На Тур де Франс Валверде завршил на четвртото место во генералниот пласман. На 2 август 2014 година, Валверде ја освоил еднодневната трка Класика де Сан Себастијан по втор пат во неговата кариера. Ја освоил првата етапа со планинска завршница на Вуелта а Еспања одвојувајќи се од фаворитите откако ја предводел групата во поголем дел од завршното искачување.[37] Ја завршил Трката околу Шпанија на третото скалило на подиумот зад Крис Фрум и крајниот победник Алберто Контадор.[38]

Обвинувања за допинг[уреди]

Алехандро Валверде бил поврзан со докази и ДНК со Операцијата Пуерто, афера за допинг, која се појавила во 2006 против докторот Еуфемијано Фуентес и голем број соучесници. Откриени се допинг-производи, торби со крв и кодни имиња, кои се поврзуваат со врвни спортисти, вклучувајќи 60 велосипедисти, високо организиран систем на допинг, кој главно се потпирал на трансфузија на крв.[39]

Првично, Валверде не бил поврзуван со истрагата, но интерните документи од мадридскиот суд 31, наводно го поврзувале Валверде со конфискуваните кодни имиња за крв Валв, Пити и 18.[40] Во 2007, на Валверде му било забрането од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) да учествува на Светското друмско првенство во Штутгарт, но на Валверде му било дозволено да се натпреварува од Арбитражниот суд за спорт.[41] Дик Паунд, претседателот на светската антидопинг агенција, рекол дека одлуката на судот не значи дека Валверде е ослободен од обвинувањата.[42]

На почетокот на 2009, италијанскиот национален олимписки комитет откри исти ДНК-примероци земени од Валверде во текот на денот за одмор во Италија на Тур де Франс 2008 со земената крв во истрагата Операција Пуерто.[43] Во февруари 2009 пред олимпискиот комитет, Валверде ја одржал неговата невиност и ја довел во прашање италијанската јурисдикција за овој случај. Во мај 2009, италијанскиот олимписки комитет го суспендирала од натпреварувања во Италија на две години, со што тој не можел да учествува на Тур де Франс 2009, бидејќи кратко поминува и на италијанска почва.[44] Валверде поднел неуспешна жалба против италијанската забрана кај Арбитражниот суд; на второто сослушување, закажано за 18-21 март, UCI и WADA ќе ја нападнат одлуката на Шпанската велосипедска федерација да не отворат случај против Валверде.[45]

На крај, на 31 мај 2010 било објавено дека Арбитражниот суд за спорт ги потврдил жалбите на WADA и UCI и Валверде е казнет со двегодишна забрана, почнувајќи од 1 јануари 2010, но го одбиле барањето сите резултати постигнати пред суспендирањето да бидат остранети.[46][47]

Достигнувања[уреди]

2001
1. Национално друмско првенство под 23 години
2003
1. ГП Примавера
1. ГП Вилјафранка де Ордизија
2. Светско друмско првенство
3. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 9
1. Етапа 15
Jersey white.svg Комбиниран пласман
2 етапни победи Трофеу Хоаким Агостињо
Етапна победа Вуелта ал Паис Васко
Етапна победа Вуелта а Арагон
2004
3. Краен пласман и 1 етапна победа Вуелта а Еспања
1. Краен пласман и 3 етапни победи Вуелта а Бургос
1. Краен пласман и 2 етапни победи Волта а ла Комунитат Валенсијана
1. Краен пласман Вуелта а Мурсија
1. Трофео Кала Милор - Кала Ратхада
3 етапни победи Вуелта а Кастилја и Леон
Етапна победа Вуелта ал Паис Васко
1. ГП Примавера
2. Национално друмско првенство
2005
1. Етапа 10 Тур де Франс
1. Етапа 8 Париз-Ница
1. Трофео Манакор
1. Трофео Солер
1. Етапи 3 и 4 Вуелта ал Паис Васко
2. Светско друмско првенство
2006
Првак UCI ProTour
1. Флеш Валон
1. Лиеж-Бастон-Лиеж
1. Етапа 2 Вуелта а Мурсија
2. Краен пласман, Вуелта а Еспања
1. Етапа 7
2. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
3. Светско друмско првенство
3. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 4
2007
1. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
1. Краен пласман Вуелта а Мурсија
1. Етапа 4
1. Етапа 4 Вуелта а Бургос
2. Лиеж-Бастон-Лиеж
2. Флеш Валон
2. Национално друмско првенство
3. Краен пласман Критериум Интернационал
1. Бодовен пласман
6. Краен пласман Тур де Франс
2008
Првак UCI ProTour
1. Краен пласман Вуелта а Мурсија
1. Етапа 4
1. Национално друмско првенство
1. Париз-Камемберт
1. Лиеж-Бастон-Лиеж
1. Класика де Сан Себастијан
1. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
1. Бодовен пласман
1. Етапа 1
1. Етапа 3 (ITT)
2. Класика Примавера
3. Амстел Голд Рејс
5. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 2
9. Краен пласман Тур де Франс
1. Етапа 1
1. Етапа 6
2009
1. Jersey gold.svg Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Jersey white.svg Комбиниран пласман
1. Класика Примавера
1. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 3
1. Краен пласман Критериум ду Дофине Либере
1. Краен пласман Вуелта а Бургос
2. Краен пласман Вуелта а ла Комунидад де Мадрид
4. Краен пласман Тур де Романди 2009
7. Флеш Валон
9. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
1. Бодовен пласман
1. Планински пласман
1. Комбиниран пласман
1. Етапа 3
1. Етапа 5
2010

Сите резултати биле поништени од 31 мај, поради суспендирањето од 1 јануари.[46]

2012
1. Jersey red.svg Краен пласман Вуелта а Андалусија[21]
1. Етапа 2
Jersey blue.svg Бодовен пласман
1. Комбиниран пласман
Вуелта а Еспања
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 3
1. Етапа 17 Тур де Франс
2. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 3
1. Етапа 8
Jersey green.svg Победник Бодовен пласман
Jersey white.svg Победник Комбиниран пласман
2. Краен пласман Тур Даун Андер[20]
1. Етапа 5[19]
3. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 3
2013
1. Jersey red.svg Краен пласман Вуелта а Андалусија
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
1. Пролог
1. Етапа 3
1. Трофео Сера де Трамунтана
2. Џиро ди Ломбардија
2. Амстел Голд Рејс
2. Класика де Сан Себастијан
3. Bronze medal blank.svg Светско друмско првенство
3. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Jersey green.svg Бодовен пласман
3. Лиеж-Бастон-Лиеж
3. Вуелта а Мурсија
4. ГП Мигел Индураин
6. Милано-Торино
7. Краен пласман Критериум ду Дофине
7. Флеш Валон
8. Краен пласман Тур де Франс
9. Краен пласман Тур де Романди
2014
1. MaillotEspaña.PNG Национално хронометарско првенство
1. Jersey red.svg Краен пласман Вуелта а Андалусија
1. Jersey blue.svg Бодовен пласман
1. Комбиниран пласман
1. Пролог
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Вуелта а Мурсија
1. Рома Максима
1. ГП Мигел Индураин
1. Флеш Валон
1. Класика де Сан Себастијан
2. Лиеж-Бастон-Лиеж
3. Страде Бјанке
3. Краен пласман Вуелта а Еспања
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 6
4. Амстел Голд Рејс
4. Краен пласман Тур де Франс
5. Краен пласман Трка околу Баскија

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро
Jersey yellow.svg Тур СО СО 6 9 20 8 4
Jersey red.svg Вуелта СО 3 4 2 5 1 2 3 3

СО = се откажал

Резултати на класиците[уреди]

Оваа табела ги прикажува резултатите на Валверде на класичните трки.

Година Милано-Сан Ремо Амстел Голд Рејс Флеш Валон Лиеж-Бастон-Лиеж Класика де Сан Себастијан Светско друмско првенство UCI Џиро ди Ломбардија Париз-Тур
2003 54. 2. 39.
2004 61. 6.
2005 33. 13. 40. 34. 8. 2. 12. 20.
2006 24. 23. Победник Победник 8. 3. СО
2007 7. 2. 2. 3. 57. 59.
2008 3. 21. Победник Победник 37.
2009 21. 7. 19. 17. 9.
2012 22. 46. ДСК 26. 3.
2013 2. 7. 3. 2. 3. 2.
2014 4. Победник 2. Победник

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „Профил на Алехандро Валверде“. 
  2. Стоукс, Шејн. „Хуан Хосе Кобо потпиша двегодишен договор со Мувистар“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 30 декември 2011 (конс. 4 јануари 2012).
  3. „El portento del pelotón (шпански). elperiodicodearagon.com. 14 октомври 2003. http://www.elperiodicodearagon.com/noticias/noticia.asp?pkid=81183. конс. 17 јануари 2008. 
  4. „Valverde: Siempre campeón, en la bici y en la noche de bodas (шпански). as.com. 13 јули 2005. http://www.as.com/mas-deporte/articulo/valverde-siempre-campeon-bici-noche/dasmas/20050713dasdaimas_3/Tes. конс. 29 декември 2007. 
  5. 5,0 5,1 5,2 „Valverde: "Mis sueños de niño se están haciendo realidad" (шпански). as.com. 24 декември 2005. http://www.marca.com/edicion/marca/ciclismo/es/desarrollo/603338.html. конс. 29 декември 2007. 
  6. „Ден 6 – 12 октомври:Елитна машка друмска трка, 260,4 км“. cyclingnews.com. 12 октомври 2003. http://autobus.cyclingnews.com/road/2003/worlds03/?id=emr. конс. 29 декември 2007. 
  7. „Добар е рендгенот за Валверде“. cyclingnews.com. 15 септември 2004. http://autobus.cyclingnews.co.nz/news.php?id=news/2004/sep04/sep15news2. конс. 29 декември 2007. 
  8. „Валверде го потврди договорот со Илес Балеарс“. cyclingnews.com. 19 октомври 2004. http://autobus.cyclingnews.com/news.php?id=news/2004/oct04/oct19news2. конс. 29 декември 2007. 
  9. „Етапа 10 – Вторник, 12 јули: Брињу – Куршевел, 181 км“. cyclingnews.com. 12 јули 2005. http://autobus.cyclingnews.com/road/2005/tour05/?id=results/tour0510. конс. 29 декември 2007. 
  10. „Етапа 13 – Петок, 15 јули: Мирамас – Монтпелје, 173,5 км“. cyclingnews.com. 15 јули 2005. http://autobus.cyclingnews.com/road/2005/tour05/?id=results/tour0513. конс. 29 декември 2007. 
  11. „Трка 6 – 25 септември:Елитна машка друмска трка, 273 км“. cyclingnews.com. 25 септември 2005. http://autobus.cyclingnews.com/road/2005//worlds05/?id=results/worlds056. конс. 29 декември 2007. 
  12. „Етапа 4 – 10 март: Алхама де Мурсија – Аледо ITT, 23,3 км“. cyclingnews.com. 10 март 2007. http://autobus.cyclingnews.com/road.php?id=road/2007/mar07/murcia07/murcia074. конс. 29 декември 2007. 
  13. „Понеделнички извештај: Валверде на Бургос; Нема Вуелта за Астана; Фарар воздржан“. velonews.com. 13 август 2007. архивирано од оригиналот на 10 декември 2007. http://web.archive.org/web/20071012202345/http://velonews.com/race/int/articles/13085.0.html. конс. 29 декември 2007. 
  14. „Известување за печатото : Афера Пуерто : UCI бара дисциплинарна процедура за Алехандро Валверде“. uci.ch. 29 август 2007. http://www.uci.ch/Modules/ENews/ENewsDetails.asp?source=SiteSearch&id=NTIyNA&MenuId=MTI2Mjg&CharValList=633%3B&CharTextList=&CharFromList=&CharToList=&txtSiteSearch=valverde&SelChar214=633. конс. 29 декември 2007. 
  15. „Шпанија го вклучи Валверде“. uk.eurosport.yahoo.com. 20 септември 2007. http://uk.eurosport.yahoo.com/20092007/58/spain-defy-valverde-world-champs-ban.html. конс. 29 декември 2007. 
  16. „Алехандро Валверде може да вози на Светските првенства во Штутгарт“. tas-cas.org. 26 септември 2007. http://www.tas-cas.org/en/medias/media3.htm. конс. 29 декември 2007. 
  17. Валверде победи на Вуелта“, „BBC Sport“, 20 септември 2009 (конс. 21 септември 2009).
  18. Алехандро Валверде ќе вози на Тур Даун Андер“, „USA Today“, David Hunke; Gannett Company, 3 јануари 2012 (конс. 21 јануари 2012).
  19. 19,0 19,1 Браун, Грегор. „Валверде ја освоил петтата етапа на Тур Даун Андер, Геранс во водство“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 21 јануари 2012 (конс. 21 јануари 2012).
  20. 20,0 20,1 Хиндс, Алекс. „Геранс го освои Тур Даун Андер“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 22 јануари 2012 (конс. 23 јануари 2012).
  21. 21,0 21,1 Химас, Петер. „Валверде ја освои Вуелта а Андалусија“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 19 февруари 2012 (конс. 23 февруари 2012).
  22. Movistar emphasises Vuelta leadership role is for Cobo“, 13 август 2012.
  23. Вил Протеру. „Вуелта а Еспања 2012: Алехандро Валверде победи на етапата 3 и го презеде водството“, „Bleacherreport“, 2012 Bleacher Report, Inc., 20 август 2012 (конс. 11 септември 2012).
  24. Вуелта Етапа 1: Мувистар го освои екипниот хронометар во Памплона, но тесно е на врвот“, 18 август 2012.
  25. Вуелта Етапа 3: Валверде го победил Родригез на целта, Фрум одговори на нападите на Контадор“, 20 август 2012.
  26. Сузан Вестамајер. „Валверде го спречи Контадор во етапна победа на Вуелта“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 25 август 2012 (конс. 25 август 2012).
  27. Сузан Вестемајер. „Контадор сам до етапна победа и водство на Вуелта“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 5 септември 2012 (конс. 11 септември 2012).
  28. Аткинс, Бен. „Џон Дегенколб до пет победи на последната етапа, а Контадор ја освои трката“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 9 септември 2012 (конс. 9 септември 2012).
  29. Аткинс, Бен. „Филип Жилбер сам до победа на друмската трка на Светските првенства“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 23 септември 2012 (конс. 23 септември 2012).
  30. Валверде надвор од Џиро ди Ломбардијата поради грип и крај на сезоната“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 29 септември 2012 (конс. 29 септември 2012).
  31. Vuelta a Andalucia Ruta Ciclista Del Sol: Valverde clocks up fourth win in just seven days of racing“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 20 февруари 2013 (конс. 23 октомври 2013).
  32. Питер Косинс. „Valverde: I’ll finish on Tour de France podium if all goes to plan“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 28 јуни 2013 (конс. 23 октомври 2013).
  33. Кени Прајд. „Mark Cavendish wins, Alejandro Valverde loses on stage 13 of the Tour de France“, „VeloNews“, Competitor Group, Inc., 12 јули 2013 (конс. 23 октомври 2013).
  34. Пласмани“, „Тур де Франс“, ASO, 21 јули 2013 (конс. 23 октомври 2013).
  35. Даниел Бенсон. „Крис Хорнер победи на Вуелта а Еспања 2013“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 15 септември 2013 (конс. 23 октомври 2013).
  36. Шејн Стоукс. „Video: Rodriguez and Valverde face criticism over Spanish team tactics at world championship road race“, „VeloNation“, VeloNation LLC, 30 септември 2013 (конс. 23 октомври 2013).
  37. Валверде победи на шестата етапа на Вуелта а Еспања“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 28 август 2014 (конс. 28 август 2014).
  38. Контадор ја запечатил крајната победа на Вуелта а Еспања 2014“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 14 септември 2014 (конс. 14 септември 2014).
  39. „Случајот Пуерто ќе биде повторно отворен“. velonews.com. 14 февруари 2008. http://www.velonews.com/article/72059. конс. 1 февруари 2009. 
  40. „Нема ЕПО во крвта на Басо, но различно е за Валверде“. cyclingnews.com. 7 мај 2007. http://autobus.cyclingnews.com/news.php?id=news/2007/may07/may07news. конс. 11 февруари 2009. 
  41. Види делот за 2007 за повеќе информации.
  42. „Случајот Пуерто ќе биде повторно отворен“. velonews.com. 15 ноември 2007. http://velonews.com/article/13678. конс. 11 февруари 2007. 
  43. „Нема ЕПО во крвта на Басо, но различно е за Валверде“. cyclingnews.com. 11 февруари 2009. http://autobus.cyclingnews.com/news.php?id=news/2009/feb09/feb11news3. конс. 11 февруари 2009. 
  44. Обвинителот препорачува двегодишна забрана SI.com, 1 април 2009
  45. „Pro Cycling News“. Daily Peloton. http://www.dailypeloton.com/displayarticle.asp?pk=16096. конс. 20 септември 2010. 
  46. 46,0 46,1 „CAS додели двегодишна забрана за Алехандро Валверде“. CAS. 31 мај 2009. http://www.tas-cas.org/en/infogenerales.asp/4-3-4242-1092-4-1-1/5-0-1092-15-1-1/. конс. 31 мај 2009. 
  47. Алехандро Валверде доби двегодишна забрана“, „The Daily Telegraph“, Telegraph Media Group, 31 мај 2010 (конс. 31 мај 2010).

Надворешни врски[уреди]

Спортски позиции
Претходник
Хоаким Родригез
Национален друмски првак
2008
Наследник
Рубен Плаза
Претходник
Данило ди Лука
Флеш Валон
2006
Наследник
Давиде Ребелин
Претходник
Александар Винокуров
Данило ди Лука
Лиеж-Бастон-Лиеж
2006
2008
Наследник
Данило ди Лука
Енди Шлек