Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 - друмска трка за мажи
Велосипедизам на Летните олимписки игри 2012 | ||||
---|---|---|---|---|
Друмски велосипедизам | ||||
Друмска трка | мажи | жени | ||
Хронометар | мажи | жени | ||
Велодромски велосипедизам | ||||
Спринт | мажи | жени | ||
Екипен спринт | мажи | жени | ||
Кеирин | мажи | жени | ||
Екипна потера | мажи | жени | ||
Омниум | мажи | жени | ||
Планински велосипедизам | ||||
Крос-кантри | мажи | жени | ||
BMX | ||||
BMX | мажи | жени |
Друмската трка за мажи, дел од олимписките велосипедски настани на Летните олимписки игри, се одржала на 28 јули во средишниот и југозападниот дел на Лондон и северен Сари,[1] започнувајќи и завршувајќи пред Бакингемската палата.[2] Самуел Санчес од Шпанија е бранител на златото, но поради повредата здобиена на Тур де Франс, тој нема настапил во Лондон.[3] Се очекувало над еден милион луѓе да бидат присутни околу патеката - рекорд за еден олимписки настан, доколку биде исполнет.[4][5] Трката била освоена од 38-годишниот казахстански возач Александар Винокуров. Тој бил подобар во спринтот од Колумбиецот Ригоберто Уран, кој го освоил сребрениот медал и Александер Кристоф од Норвешка, кој ја освоил бронзата.[6]
Квалификации
[уреди | уреди извор]Првите десет држави во крајниот поредок на Светската турнеја 2011 се здобиле со право да настапат со пет возачи на трката. Тие репрезентации со по пет члена се: Шпанија, Белгија, Италија, Австралија, Велика Британија, Германија, Холандија, САД и Швајцаријата; иако Луксембург се наоѓал на деветтото место, нејзиниот состав бил составен од само двајца возачи. Од другите држави на Светската турнеја, Франција и Данска имале четворица возачи, Норвешка и Ирска тројца, Казахстан двајца и Словачка, Костарика и Латвија по еден возач. Првите шест држави од Европската турнеја на UCI – Словенија, Русија, Португалија, Полска, Турција и Белорусија - како и Колумбија, Венезуела, Бразил, првите три од Американската турнеја на UCI, Азиската турнеја ја предводел Иран, додека Африканската турнеја ја предводел Мароко, кои имале сите по три возачи. Останатите нации на трката биле претставувани од двајца или еден возач. Настапиле вкупно 145 учесници.
Фаворити пред трката
[уреди | уреди извор]Светскиот првак на друмската трка во 2011, Марк Кевендиш од Велика Британија бил сметан како фаворит на трката,[7] иако неговите шанси зависале од временските услови на крајот на трката. Возачите, кои завршиле на првото и второто место на Тур де Франс, Бредли Вигинс и Крис Фрум, биле дел од екипата на Велика Британија, која се очекувала да му помогне на Кевендиш за остварување на победата.
Други спринтери кои се натпреварувале за освојување на трката се: победникот на бодовниот пласман на Тур де Франс Петер Саган од Словачка, Том Бонен од Белгија, Метју Гос од Австралија, Андре Грајпел од Германија и Едвалд Боасон Хаген од Норвешка. Доколку трката не заврши со масовна спринтерска завршница, Саган и Бонен сè уште имаат шанси за победа, заедно со другите специјалисти за класици, како што се Фабијан Канчелара од Швајцарија, сребрен медалист на друмската трка во 2008 во Пекинг и Филип Жилбер од Белгија.
Бранителот на златниот медал, Самуел Санчес од Шпанија, нема да настапи на трката, поради повреда здобиена на Тур де Франс.[3]
Патека
[уреди | уреди извор]Трката е долга 250 километри.[8] Возачите од Бакингемската Палата ќе се упатат кон југозапад и ќе ја поминат реката Темза и потоа ќе се упатат низ парковите Ричмонд и Баши, ќе поминат крај судската палата Хемптон, пред да продолжат со деветте круга преку Бокс Хил, по кои возачите ќе се вратат пред Бакингемската палата на целта.[9] Се очекува над еден милион луѓе да бидат присутни покрај патеката[4] - доколку се постигне бројката, тоа ќе биде рекорд за некој олимписки настан.[5] Гужвите ќе бидат поттикнати од слободниот влез на 150 километри од вкупните 250 километри,[10] неодамнешниот британски успех на Тур де Франс 2012 и можноста домаќинот да го освои својот прв златен медал на Олимпијадата преку Марк Кевендиш. Првично биле пуштени 3.500 билети за површината на Бокс Хил, каде велосипедистите ќе поминат девет пати, но поради големата побарувачка бројката била зголемена на 15.000.[10]
Распоред
[уреди | уреди извор]Датум | Време | Крај | Циклус |
---|---|---|---|
Сабота, 28 јули 2012 | 10:00 (UTC+01:00) | 15:46 (UTC+01:00) | Финале |
Резултати
[уреди | уреди извор]Списокот на учесници бил објавен на 23 јули.[11] Резултатите биле објавени веднаш по трката.[12]
Во табелата подолу, „и.в.“ означува дека возачот ја поминал целта во иста група, како и велосипедистот пред него и затоа му било доделени исто завршно време.
- Над временската граница (OTL)
- Според одредбите на UCI за еднодневни друмски трки (член 2 март 039), „Секој возач, кој завршил во време поголемо за 5% од она на победникот не треба да биде пласиран“.[13] Според оваа одредба, победничкото време на Винокуров ја поставило временската рампа на 6 часа, 3 минути и 14 секунди.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Распоред на натпреварите на Олимпијадара“. Лондон 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2012-03-15.
- ↑ „The Mall | Venues“. Лондон 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-04. Посетено на 2011-10-25.
- ↑ 3,0 3,1 Елкингтон, Марк (19 јули 2012). „Друмскиот првак Санчес надвор од Игрите“. Reuters. Thomson Reuters. Архивирано од изворникот на 2012-12-08. Посетено на 25 јули 2012.
- ↑ 4,0 4,1 „Bring it on! Cavendish and Co on Box Hill as sprint star targets road race glory“. Daily Mail. 26 јули 2012. Посетено на 2012-07-27.
- ↑ 5,0 5,1 „One million expected for road race at London 2012 Olympics“. Daily Mail. 26 јули 2012. Посетено на 2012-07-27.
- ↑ „Винокуров го освои златото на друмската трка“. Лондон 2012. 28 јули 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-06. Посетено на 2012-07-28.
- ↑ Ричард Вилијамс. „Тур де Франс 2012: Марк Кевендиш го освоил четвртиот спринт на Шанзелизе“. The Guardian. Посетено на 2012-07-24.
- ↑ „Олимписки велосипедизам - Друмски - Информации, Историја, Правила“. Лондон 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-09. Посетено на 13 јули 2012.
- ↑ „Road Race format competition“. London 2012. Архивирано од изворникот на 2012-09-10. Посетено на 2012-05-01.
- ↑ 10,0 10,1 „More spectators will enjoy best views of Olympic Cycling Road Race“. 25 јануари 2012. Архивирано од изворникот на 2013-01-04. Посетено на 2012-07-27.
- ↑ „Олимписки игри 2012 Лондон: Почетниот список за друмската трка за мажи“. cyclingweekly.co.uk. 2012-07-23.
- ↑ „Олимписки игри Лондон 2012: Друмска трка за мажи“. Олимписки игри 2012. 2012-07-28. Архивирано од изворникот на 2013-01-03.
- ↑ UCI Cycling Regulations, Part II: Road Races, UCI, 1 февруари 2012, стр. 31