Васил Кириенка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Васил Кириенка

Кириенка на Џиро д’Италија 2011
Лични податоци
Цело име Васил Кириенка
Прекар Робокап[1]
Роден 28 јуни 1981 (1981-06-28) (33 г.)
Речица, Белорусија
Висина 1,82 м
Маса 75 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Тим Скај
Дисциплина Друмски и велодромски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за хронометри
Професионални клубови
2006
2006
2007–2008
2009–2012
2013–
ОТЦ Дорс (мај–)
Риетуму Банк (–јуни)
Тинкоф Кредит Системс
Кејс д’Епарњ
Тим Скај
Значајни победи
Гранд Тур
Џиро д’Италија
2 индивидуални етапи (2008, 2011)
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2013)

Еднодневни трки и класици

Белоруски национален хронометарски првак (2002, 2005, 2006)
Последна промена
10 јануари 2014

Васил Кириенка (белоруски: Васіль_Кірыенка; р. 28 јуни 1981 во Речица) — белоруски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Скај.[2]

Биографија[уреди]

Кириенка настапувајќи на олимпискиот хронометар 2012 во Лондон

Васил Кириенка ја започнал својата кариера во екипата на Радспорт-Тим Група ПСБ во 2004 година. Следната 2005 година, тој победил на еднодневната трка Копа дела Паче и станал државен првак во хронометар. Во 2006 година, Кириенка настапувал за латвиско-швајцарската континентална екипа Риетуму Банк-Рига-Идеал. Меѓудругото, тој завршил на четвртото место на гран при трката во Талин и победил на една етапа од трката Корс де ла Солидарите во Полска. На светското првенство во друмски велосипедизам во Салцбург, Кириенка бил изненадувачки шести на хронометарската трка. Во 2007 и 2008 година, тој возел за руско-италијанската професионална континентална екипа Тинкоф Кредит Системс.

Кириенка завршил втор на 10. етапа на Тур де Франс 2010, каде бил отспринтан на целта од Серхио Паулињо откако претходно го довел до целта. Кириенка исто така освоил две етапи на Џиро д’Италија, во 2008 и 2011. Во 2008, ја освоил етапата 19, откако го поминал целиот ден во напад и забележувајќи повеќе од шест и пол часа во водство.[3] На изданието 2011, тој бил дел од долго бегство и стигнал на целта сам на планинската етапа, која водела до Сестриере. Тој имал повеќе од четири минути предност пред вториот возач на денот, Хосе Рухано од Андрони Џакатоли.[4] Во 2012, Кириенка завршил трет на хронометарот на Светските друмски првенства.

Кириенка го напуштил Мувистар Тим на крајот на сезоната 2012 и му се приклучил на Тим Скај со тригодишен договор од сезоната 2013.[2]

Достигнувања[уреди]

1999
3. Национално хронометарско првенство
2000
2. Национално хронометарско првенство
2001
2. Национално хронометарско првенство
2002
1. MaillotBielorrusia.PNG Национално хронометарско првенство
2003
Акваскалиентес
1. Индивидуална потера
3. Екипна потера
Европско првенство под 23 години
3. Индивидуална потера
3. Екипна потера
2004
3. Акваскалиентес - индивидуална потера
6. Краен пласман Трка околу Турција
2005
1. MaillotBielorrusia.PNG Национално хронометарско првенство
1. Манчестер Бодовна трка
1. Копа дела Паче
1. Џиро дел Касентино
1. Етапа 3 Џиро дела Тоскана под 23 години
2006
1. MaillotBielorrusia.PNG Национално хронометарско првенство
Сиднеј
1. Скреч
3. Бодовна трка
2. Краен пласман Скандинавска недела
1. Етапа 3
2. Москва Бодовна трка
2. Скандинавијан Опен
3. Светско велодромско првенство - Бодовна трка
3. Рига ГП
4. ЕОС Талин ГП
4. Шлаким
5. Краен пласман Пет прстена околу Москва
6. Светско хронометарско првенство
8. Краен пласман Курс де ла Солидарите Олимпик
1. Етапа 6
2007
1. Етапа 3 Стер Електротур
1. Етапа 5 Вуелта а Бургос
2. Краен пласман Етоал де Бесеже
2. Екипен хронометар Ајндховен
3. Национално хронометарско првенство
7. Краен пласман Тирено-Адријатико
8. Краен пласман Трка околу Австрија
9. Светско хронометарско првенство
9. Тур ду Хаут Вар
9. Гран при де Фурмие
2008
1. Етапа 1 (ТТТ) Сетимана Сиклистика Ломбарда
1. Етапа 19 Џиро д’Италија
2. Краен пласман Стер Електротур
2. Национално хронометарско првенство
2. ГП Чита ди Камаиоре
7. Краен пласман Вуелта а Мурсија
2011
1. Краен пласман Рут ду Суд
1. Етапа 20 Џиро д’Италија
2. Краен пласман Критериум Интернасионал
1. Бодовен пласман
9. Краен пласман Вуелта а Мурсија
10. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Етапа 2
2012
3. Светско хронометарско првенство
6. Краен пласман Критериум ду Дофине
2013
1. Етапа 18 Вуелта а Еспања
Светско друмско првенство
3. Bronze medal blank.svg Екипен хронометар
4. Индивидуален хронометар

Наводи[уреди]

  1. Милс, Бенџамин. „Фотогалерија на Тим Скај“. „Cyclist“. Team Sky. http://www.teamsky.com/gallery/0,27401,17548_8808787,00.html#photo=14. конс. 7 ноември 2012. 
  2. 2,0 2,1 Кириенка во Скај на три години“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 18 август 2012 (конс. 20 август 2012).
  3. Gerald Churchill. „Кириенка ја освоил етапата 19 на Џиро“, „Road Cycling“, 2011 ROADCYCLING.COM, 1 јуни 2008.
  4. Susan Westemayer. „Kiryienka soars to Sestriere“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 28 мај 2011 (конс. 11 декември 2012).

Надворешни врски[уреди]