Нов Зеланд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Нов Зеланд
New Zealand (англиски)
Aotearoa  (маорски)
Знаме Грб
ХимнаБоже брани го Нов Зеланд
(God Defend New Zealand),
Боже чувај ја кралицата
(God Save the Queen)1
Јужната Полутопка со Нов Зеланд во средината
Јужната Полутопка со Нов Зеланд во средината
Главен град Велингтон
41°17′ ЈГШ 174°27′ ИГД / 
Најголем град Окленд2
Службен јазик англиски (98%)3
маорски (4,2%)3
НЗ јаз. за глувонеми (0,6%)3
Народности  78% Новозеландски Европејци/Други4
14,6% Маори4
9,2% Азијати4
6,9% Пацифички народи4
Демоним Новозеланѓанец,
Киви (разговорно)
Уредување Парламентарна демократија и уставна монархија
 -  Монарх НВ Кралицата Елизабета II
 -  Генерален Гувернер Џери Матепарае
 -  Премиер Џон Ки
 -  Претседател на парламентот Локвуд Смит
 -  Шеф на правосудството Дејм Шан Елијас
Независност од Обединетото Кралство 
 -  I парламент 25 мај 18545 
 -  Доминион 26 септември 19075 
 -  Вестминстерски статут 11 декември 1931 (усвоен 25 ноември 1947) 
 -  Уставен закон 1986 13 декември 1986 
Површина
 -  Вкупна 268.021 км2 (74та)
 -  Вода (%) 2.1
Население
 -  проценка за 2014 4.641.955[1] (123та)
 -  Попис 2006 4,027,9476 
 -  Густина 16.1 жит/км2 (201ва)
БДП (ПКМ) проценка за 2010
 -  Вкупен $115.412 милијарди[2] 
 -  По жител $28,722[2] 
БДП (номинален) проценка за 2010
 -  Вкупно $135.723 милијарди[2] 
 -  По жител $31,067[2] 
Џини (1997) 36.2 (medium
ИЧР (2009) 0.950[3] (very high) (20th)
Валута Новозеландски долар (NZD)
Часовен појас NZST7 (UTC+12)
 -  (ЛСВ) NZDT (UTC+13)
(сеп до апр)
Датумски формати дд/мм/гггг
Се вози на лево
НДД .nz8
Повик. бр. +64
1 „Боже чувај ја кралицата“ е официјална химна, но се користи само по кралски и вицекралски пригоди.[4][5]
2 Окленд е најголемото населено подрачје; Град Окленд е најголемиот самостоен град.
3 Вкупниот постоток надминува 100% бидејќи дел од населението зборува повеќе од еден јазик. Тука се исклучени неразумни одговори и оние што не зборуваат (на пр. бебиња).[6]
4 Вкупниот постоток надминува 100% бидејќи дел од населението се изјаснило дека припаѓа на повеќе од една народност.[7]
5 Постојат разни датуми што можедасе сметаат за ден на независноста.
6 Број на луѓе чиешто вообичаено престојувалиште е НовЗеланд.[8]
7 Четемските Острови имаат своја часовна зона, 45 понапред од остатокот од земјата.
8 Териториите Ниуе, Кукови Острови и Токелау имаат сопствени домени: .nu, .ck и .tk.

Нов Зеланд (англиски: New Zealand, маорски: Aotearoa) е островска држава во југозападниот дел од Тихиот Океан. Државата се состои од два големи и повеќе мали острови. Маорското име за Нов Зеланд е Аотеароа (/aoˌteaˈroa/), што често се преведува како „Земја на долгиот бел облак“. Нов Зеланд е држава со парламентарна демократија и земја членка на Комонвелтот.

Етимологија[уреди]

Денес не е познато дали Маорите ја нарекувале целата држава со денешното маорско име, бидејќи Северниот Остров го нарекуваат Те Ика а Мауи (Te Ika a Māui или „Рибата на Мауи“), додека Јужниот Остров го нарекуваат Те Ваи Поунаму (Te Wai Pounamu или „Водите на зелениот камен“) или со другото име Те Вака о Аораки (Te Waka o Aoraki или кану на Аораки). Сè до 20 век, Северниот Остров се нарекувал Аотеароа или во превод „земја на долгиот бел облак“, додека денес тој назив се користи кај маорите за целата држава Нов Зеланд.

Првото европско име за Нов Зеланд било Штатен Ланд (Staten Landt), име кое било дадено од холандскиот истражувач Абел Тасман кој во 1642 година бил првиот европеец кој ги посетил островите. Покасно името било променето во Нов Зеланд (Nova Zeelandia) по холандската покраина Зеланд.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Нов Зеланд.

Нов Зеланд е една од најскорешните големи копнени маси кои биле населени. Првите доселеници биле источните полинезијци, најверојатно во повеќе миграциски бранови пред 700 или 2000 години. Овие доселеници развиле своја култура и нација- Маори. Нацијата биле поделена на племиња и потплемиња.

Првите европски доселеници кои дошле во Нов Зеланд биле холандскиот морепловец Абел Тасман и неговиот екипаж во 1642. Покасно на островите дошол и британскиот морепловец Џејмс Кук во 1768/1771.

Покасно Нов Зеланд бил дел од Британската Империја, поточно бил дел од пацифичката колонија тогаш позната како Нов Јужен Велс. Во 1840 година, Нов Зеланд станал посебна колонија.

Географија и клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Нов Зеланд.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Клима на Нов Зеланд.
Топографска карта на Нов Зеланд.

Нов Зеланд е составен од два големи острови, Северен Остров и Јужен Остров или Те Лка и Те Ваи поунаму, и од поголем број мали острови. Куковиот проток ги дели двата големи острови и е долг 20 км. Вкупната површина на Нов Зеланд е 268.680 км квадратни. Државата се протега 1600 км во должина и има брег од 15.134 километри.

Јужниот Остров е најголемиот остров во Нов Зеланд и највисокиот врв е Кукова Планина (Аораки) со 3754 метри. Највисока планина на Северниот Остров е Руапеху со 2797 метри.

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Нов Зеланд.

Нов Зеланд е уставна монархија со парламентарна демократија. Иако нема кодифициран устав, Уставниот Акт од 1986 година ја врши улогата на устав во Нов Зеланд. Кралицата Елизабета II е на шеф на државата и е именувана како Кралица на Нов Зеланд. Претставник на кралицата во Нов Зеланд е генералниот гувернер, назначен од кралицата по совет на премиерот. Моментален генерален гувернер на Нов Зеланд е Џери Матепарае.

Административна поделба[уреди]

Нов Зеланд има 12 регионални совети кои ги претставуваат локалните региони на државно ниво. Покрај овие има и 57 областни совети и 16 градски совети.

Економија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Нов Зеланд.

Нов Зеланд има модерна, просперитетна и развиена економија со забележан БНП од 115.624 милијарди долари во 2008 година. Државата има висок стандард на живот со забележан БДП по глава на жител од 27.017 долари во 2008.

Според индексот на човеков развој, државата била рангирана на 20-то место во 2008 година.

Услужниот сектор на Нов Зеланд е најголем економски сектор во земјата и сочинува околу 68.8% од БДП. Потоа следат производството со 26.9% и земјоделството со 4.3% од БДП.

Население, јазик и религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Нов Зеланд.
Растот на населението на Нов Зеланд со предвидување до 2050.

Нов Зеланд има население од 4.3 милиони жители од кои 78% се изјасниле како припадници на некои од европските етнички групи. Европејците се познати под името Пакеха, но овој термин Маорите го користат и за сите луѓе што не се Маори. Повеќето од европејците се со британско или ирско потекло. Покрај нив има и значителен број на луѓе со холандско, германско, хрватско и македонско потекло.

Маорите се најголема етничка заедница што нема европско потекло и сочинуваат околу 14.6% од населението. 9.2% од населението се изјаснило дека има азиско потекло и 6.9% се изјасниле како припадници на некои од пацифичките нации.

Според пописот во 2006, христијанството е доминантна религија во Нов Зеланд со околу 55.6% од вкупното население. 34.7% се изјасниле дека немаат религија и 5% се изјасниле како останати религии.

До 1987 година англискиот јазик бил единствен официјален јазик во земјата, но во 1987 година маорскиот јазик станал официјален јазик покрај англискиот. Така околу 98% од населението во Нов Зеланд може да зборува англиски, додека 4.1 од населението знае маорски јазик. Најзборуван неофицијален јазик во Нов Зеланд е самоански јазик.

Култура во Нов Зеланд[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Нов Зеланд.

Поголемиот дел од Новозеландската култура е со британско потекло. Покрај тоа влијание, има и американско, австралиско и маорско влијание кон културата во Нов Зеланд. Исто така има и азиски и останати полинезиски влијанија. Така во Нов Зеланд се одржува голем фестивал за Кинеската Нова Година и за Дивали.

Наводи[уреди]

  1. Бројач на населението. Статистика Нов Зеланд. Пресметано на 25 јули 2014 г. (англиски)
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Нов Зеланд“. Меѓународен монетарен фонд. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2010/01/weodata/weorept.aspx?sy=2007&ey=2010&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=196&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=34&pr.y=2. конс. 21 април 2010.  (англиски)
  3. ИЧР на Нов Зеланд. ООН. Проверено на 21 јули 2009 (англиски)
  4. „Химни на Нов Зеланд“. Министерство за култура и наследство. http://www.mch.govt.nz/anthem/index.html. конс. 17 февруари 2008.  (англиски)
  5. „Протокол за употребата на химните на Нов Зеланд“. Министерство за култура и наследство. http://www.mch.govt.nz/anthem/proto-cols.html. конс. 17 февруари 2008.  (англиски)
  6. „Статистика Нов Зеланд: Зборувани јазици (вкупно одговори) за пописите 1996–2006 (Табела 16)“. Статистика Нов Зеланд. 21 декември 2006. http://www.stats.govt.nz/~/media/Statistics/Publications/Census/2006%20Census%20reports/QuickStats%20About%20A%20Subject/QuickStats%20About%20Culture%20and%20Identity/quickstats-about-culture-and-identity-tables.ashx. конс. 20 февруари 2008.  (англиски)
  7. (април 2005). "Претстава за и работење со податоците за етничка припадност". Статистика Нов Зеланд.  (консултирано на 14 април 2009) (англиски)
  8. Quickstats - За Нов Зеланд (англиски)

Надворешни врски[уреди]

Влада
Општи информации
Друго
Патување


Поврзано[уреди]

Портал „Нов Зеланд