Кралство Нов Зеланд

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Кралството Нов Зеланд
Нов Зеланд
Coat of Arms of New Zealand.svg

Оваа статија е дел од серијалот:
Политика на Нов Зеланд


Устав

Извршна власт

Законодавство

Правосудство

Регионални власти

Други


други земји
 Портал „Политика“


Кралството Нов Зеланд (англ. Realm of New Zealand) е територијата врз која кралицата на Нов Зеланд е шеф на држава. Кралството се состои од Куковите Острови, Нов Зеланд, Ниуе, Токелау и новозеладската Росова Зависност на Антартикот. Поимот „Кралство Нов Зеланд“ е опишан во Кралските отворени писма од 1983 за функцијата ан генералниот гувернер на Нов Зеланд, во Член I.

Генерален гувернер[уреди]

Бидејќи кралицата Елизабета II живее во Обединетото Кралство, неа ја претставува Генерален гувернер. Генералниот гувернер ги презема сите дигнитети и дискрециони права на Кралицата. Моменталниот генерален гувернер на Нов Зеланд е Ананд Сатјананд.

Суверенитет во рамките на Кралството[уреди]

Самото Кралство е збир од поранешни британски колонии и протекторати. Нов Зеланд станал британска колонија во 1840, станал доминион во 1907, а се стекнал со правна независност со Актот за усвојување на Вестминстерскиот статут од 1947. Куковите Острови и Ниуе биле британски протекторати, а во раниот XX век власта му припаднала на Нов Зеланд. Росовата Зависност потпаднала под новозеландска власт во 1923, додека во 1925 Токелау се одвоил од колонијата Гилбертови и Елисови Острови и му припаднал на Нов Зеланд.

Кукови Острови и Ниуе[уреди]

Куковите Острови и Ниуе во принцип уживаат самоуправа во слободно здружение со Нов Зеланд. Парламентот на Нов Зеланд не е овластен еднострано да доненосува закони за овие земји. Во сферите на надворешните односи и одбраната, Нов Зеланд ги врши функциите во име на овие земји, но само со нивен совет и одобрување.

Бидејќи генералниот гувернер живее во Нов Зеланд, Уставот на Куковите Острови одредува посебна функција наречена „Претставник на Кралицата“. Ова лице не е подредено на генералниот гувернер и ја има функцијата на локален претставник на Кралицата како владетел на Нов Зеланд. Оваа функција моментално ја извршува Сер Фредерик Гудвин.

Според Уставот на Ниуе од 1974, генералниот гувернер на Нов Зеланд служи како претставник на Кралицата.

Дипломатскиот претставник на Нов Зеланд на Куковите Острови и Ниуе е новозеландски Висок комесар. Моменталниот новозеландски висок комесар на Куковите Острови е Џон Брајан, додека високиот комесар во Ниуе е Антон Оџала.

И покрај нивните блиски односи со Нов Зеланд, Куковите Острови и Ниуе одржуваат извесни диспломатски односи сами за себе. Обете земји имаат високи комесаријати во Нов Зеланд и имаат новозеландски високи комесари во нивинте престолнини. Според практиките во Комонвелтот, високите комесари ја претставуваат својата држава, а не шефот на државата.

Нов Зеланд[уреди]

Самиот Нов Зеланд се состои од следните островски групи:

Токелау[уреди]

Токелау има де јуре независност во помала мера отколку Куковите Острови или Ниуе, и се стреми кон статус на слободно здружение. Новозеландскиот претставник во Токелау е Администраторот на Токелау кој има право да отфрла правила и прописи донесени од Генералното собрание (наречено „фоно“).

Росова Зависност[уреди]

Правото на Нов Зеланд врз Росовата Зависност е во мирување по Антакртичкиот договор. Меѓутоа генералниот гувернер на Нов Зеланд е исто така и Гувернер на Росовата Зависност. MFAT Speech of 23-Apr-02, Antarctic Conference Росовата Зависност има права и врз станицата МекМердо, управувана од САД.

Преглед[уреди]

Територија Претставник на Кралицата Шеф на владата Законодавен орган Главен град Население Земјишна површина
Flag of New Zealand.svg Нов Зеланд Генерален гувернер Премиер Претставнички дом Велингтон 4,107,883 268,680 km²
Flag of the Cook Islands.svg Кукови Острови Претставник на Кралицата Премиер Парламент на Куковите Острови Аваруа 21,388 236 km²
Flag of Niue.svg Ниуе Претставник на Кралицата (Генералниот гувенер на Нов Зеланд) Премиер Ниуеанско собрание Алофи 2,145 260 km²
Flag of New Zealand.svg Токелау Администратор Улу-о-Токелау (Претседател на советот на тековната влада) Генерално фоно Нема 1,405 10 km²
Flag of New Zealand.svg Росова Зависност Гувернер Главен извршеб функционер
Скотова база Скотова база: 10–80;
МекМердо: 200–1000 (сезонски)
450,000 km²

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]