Елизабета II

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Кралица Елизабета II
Н.В. Кралицата Елизабета II
Владеење 6 февруари, 1952 – моментално
Крунисување 2 јуни, 1953
Претходник Џорџ VI
Наследник Чарлс, Принц на Велс
Сопружник Принц Филип, Војвода на Единбург
Потомци Чарлс, Принц на Велс
Ана, Кралска Принцеза
Ендрју, Војвода на Јорк
Едвард, Гроф на Весекс
Династија Виндзор
Татко Џорџ VI
Мајка Елизабета Боус-Лион
Родена 21 април, 1926
Лондон, Обединето Кралство

Елизабета II (англ. Elizabeth II) цело име: Елизабета Александра Мери Виндзор, родена на 21.04.1926. е Кралица на шеснаесет независни држави и нивни прекуморски територии. Според Вестминстерскиот статут од 1931 год., таа ги носи круната и владетелската титула на секоја од тие држави посебно и подеднакво; сепак таа е жител и најдиректно вклучена во Велика Британија, нејзиното најстаро кралство, во кое нејзините предци владееле повеќе од 1000 години. Стапила на тронот во 1952 год.

Покрај Велика Британија, Елизабета II е и Кралица на Канада, Австралија, Нов Зеланд, Јамајка, Барбадос, Бахамите, Гренада, Папуа Нова Гвинеја, Соломонови Острови, Тувалу, Света Луција, Свети Винсент и Гренадините, Антига и Барбуда, Белиз и Сент Китс и Невис. Во секоја од овие држави, таа е претставена од Генерален гувернер. 16-те земји во кои таа е Кралица се познати како кралства на Комонвелтот. Нивното вкупно население брои 129 милиони жители. Теоретски, нејзината моќ е огромна, но во пракса и според конвенциите, таа лично никогаш не се впушта во политички прашања. Сепак, особено во Велика Британија, позната е по тоа дека е активна во кулоарската политика и во работите на државата, и редовно се среќава на работни средби со министрите од Владата.

Елизабета II 1929

Елизабета II држи и низа други позиции, меѓу нив и Шеф на Комонвелтот, Врховен Поглавар на Англиканската црква, Војвода од Нормандија, Лорд на островот Ман, Врховен командант на армијата на Велика Британија, Врховен командант на армијата на Канада, Главен Адмирал на морнарицата и др.

Елизабета II 1933

Елизабета II е еден од најдолго владеачките монарси во историјата, и исто така единствена која е водач на повеќе од една држава истовремено (заедно со претседателот на Франција кој истовремено е и Ко-Принц на Андора. Како што некои од колониите на Британскиот Комонвелт (денешен Комонвелт) се здобивале со независност од Велика Британија за време на нејзиното владеење, таа станувала кралица на новопрогласените независни држави.

Од 1947. Кралицата е мажена за Принцот Филип, Војводата од Единбург, роден како Принц од Грција и Данска, но по натурализацијата во Англија познат како Филип Маунтбатен. До денес тие имаат 4 деца и осум внуци.

Моментално таа е втор најстар шеф на држава во светот, по кралот Бумибол на Тајланд. През периодот од преку 50 години владеење, кралицата има доживеано смена на 10 британски премиери, како и бројни други премиери на земјите на Комонвелтот на кои таа е шеф на држава.

Содржина

[уреди] Раниот дел од животот

Британско кралско семејство

Елизабета се родила на 17 Брутон Стрит во Мејфеар, Лондон на 21 април, 1926. Нејзиниот татко бил Принцот Алберт, Војвода на Јорк (подоцна крал Џорџ VI), вотиот најстар син на Џорџ V и кралицата Мери. Нејзината мајка била Војвотката на Јорк (Леди Елизабета Боус-Лион), ќерка на Клод Џорџ Боус-Лион, 14-ти Гроф на Стратмор и Кингхорн и неговата жена, Грофицата на Стратмор.

Кралицата била крстена во Музичката соба во Бакингемската палата од Космо Ланг, тогашниот Јоршки надбискуп, а нејзините кумови биле Кралот Џорџ и Кралицата Мери, Кралскатата Принцеза, Војводата на Конот, Грофот на Стратмор и Леди Елфинстон.

Елизабета била крстена по нејзината мајка, додека двете средни имиња се преземени од нејзината баба од таткова страна Кралицата Александра и од нејзината баба Кралицата Мери. Како дете членовите на нејзиното најблиско семејство ја нарекувале „Лилибет“.

Како внука по машка линија на британскиот суверен, таа ја имала титулата Британска принцеза и ословувана Нејзиното Кралско Височество. Полниот начин на ословување ѝ бил Нејзиното Кралско Височество Принцезата Елизабета од Јорк. Кога се родила, таа била трета во наследната низа на британскиот престол, зад нејзиниот татко и чичко, Принцот од Велс (подоцна Крал Едвард VIII). Иако нејзиното раѓање побудило јавен интерес, никој неможел да предвиди дека таа би станала кралица. Се претпоставувало дека нејзиниот чичко, Принцот од Велс би се оженил и би имал деца во догледно време. Доколку Едвард останал на престолот и немал деца (што било веројатно), Елизабета сепак би била Кралица.

[уреди] Образование

Младата принцеза Елизабета добила домашно образование, како и нејзината помлада сестра, принцезата Маргарет, под туторство на нејзината мајка, а потоа Војвотката од Јорк. Нејзината гувернанта била Марион Крафорд. Таа студирала Историја со С. Х. К. Мартен, проректор на Етон како и современи јазици. Моментално таа течно зборува француски. Веронауката пак, ја научила од Кантербуршкиот надпискуп и отсекогаш била побожен верник во рамките на Англиканската црква.

[уреди] Наследничка

Кога нејзиниот татко станал Крал 1936 со абдикацијата на нејзиниот чичко Едвард VIII, Елизабета станала наследничка.

[уреди] Надворешни врски

Wikiquote-logo-en.png
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Wikisource
Викиизвор има оригинални дела од или за:


Претходник
Џорџ VI
Кралица на Обединетото Кралство
6 февруари 1952–моментално
На должност
Претходник
Џорџ VI,
како Крал на Обединетото Кралство
Кралица на Австралија
6 февруари 1952–денес
Следбеник
сега за сега нема
Кралица на Канада
6 февруари 1952–денес
Кралица на Нов Зеланд
6 февруари 1952–денес
Претходник
Самата,
како Кралица на Обединетото Кралство
Кралица на Јамајка
6 август 1962–денес
Кралица на Барбадос
30 ноември 1966–денес
Кралица на Бахамите
10 јули 1973–денес
Кралица на Гренада
7 февруари 1974–денес
Кралица на Соломоновите Острови
7 јули 1978–денес
Кралица на Тувалу
1 октомври 1978–денес
Кралица на Света Луција
22 февруари 1979–денес
Кралица на Свети Винсент и Гренадините
27 октомври 1979–денес
кралица на Белизе
21 септември 1981–денес
Кралица на Антигва и Барбуда
1 ноември 1981–денес
Кралица на Свети Кристофер и Невис
19 септември 1983–денес
Претходник
Самата,
како Кралица на Австралија
Кралица на Папуа и Нова Гвинеја
16 септември 1975–денес
Претходник
Џорџ VI,
како Крал на Обединетото Кралство
Кралица на Цејлон
6 февруари 1952–1972
Следбеник
Кај на титулата
Кралица на Пакистан
6 февруари 1952–1956
Кралица на Јужна Африка
6 февруари 1952–1961
Претходник
Самата,
како Кралица на Обединетото Кралство
Кралица на Гана
1957–1960
Кралица на Нигерија
1960–1963
Кралица на Сиера Леоне
1961–1971
Кралица на Тангањика
1961–1962
Кралица на Тринидад и Тобаго
1962–1976
Кралица на Уганда
1962–1963
Кралица на Кенија
1963–1964
Кралица на Малави
1964–1966
Кралица на Малта
1964–1974
Кралица на Гамбија
1965–1970
Кралица на Гвајана
1966–1970
Кралица на Маврициус
1968–1992
Кралица на Фиџи
1970–1987
Елизабета II Royal-Cypher-Eliz-2-Gold.svg
Предци: Потекло | Предци
Комонвелт: Премиери | Кралица на Канада | Кралица на Австралија | Кралица на Нов Зеланд
Посети: Државни посети | Посети во Комонвелтот
Титули: Британски титули и почести | Титули и почести на ниво на Комонвелтот
Празници: Сребрен Јубилеј | Златен јубилеј | Роденденот на Кралицата
Монарси на Обединетото Кралство
 Кралство Велика Британија Ана | Џорџ I | Џорџ II | Џорџ III
Union flag 1606 (Kings Colors).svg
 Обединето Кралство  Џорџ III | Џорџ IV | Вилијам IV | Викторија | Едвард VII | Џорџ V** | Едвард VIII** | Џорџ VI** | Елизабета II**
Flag of the United Kingdom.svg
* Сите исто така монарси на Ирска | ** Исто така монарх на Комонвелтот