Токелау
Од Википедија, слободна енциклопедија
| Токелау | ||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
|
||||||
| Главен град | нема,секој атол си има административен центар | |||||
| Официјални јазици | токелауски, англиски | |||||
| Облик на управување | уставна монархоија | |||||
| - | Шеф на држава | кралица Елизабета | ||||
| - | Администрација на Токелау | Дејвид Пејтон | ||||
| - | Премиер | Куреса Насау | ||||
| Територија на Нов Зеланд | ||||||
| - | Устав на Токелау | 1948 | ||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупно | 10 km² 4 mi² |
||||
| Население | ||||||
| - | 2007 проценка | 1.449 | ||||
| - | 2006 попис | 1,4661 | ||||
| - | Густина | 115/km² 297,8/mi² |
||||
| БДП (ПКМ) | 1993 проценка | |||||
| - | Вкупен | $1.5 милиони | ||||
| - | На жител | $1,035 | ||||
| Валута | новозеланѓански долар (NZD) |
|||||
| Часова зона | (UTC-10) | |||||
| Интернет домен | .tk | |||||
| Повикувачки број | +690 | |||||
Токелау е територија која припаѓа на Нов Зеланд.Се наоѓа во јужниот дел на Тих Океан.Островите Токелау се составени од 3 големи атоли.Овие острови имаат своја влада надвор од она на Нов Зеланд,а од 1976 година официјалното име е Острови Токелау,но се сретнува и денес името Сојузни острови кое е постаро.
[уреди] Етимологија и последици од името
Зборот токелау на полинежански значи северен ветер,а во примена е од 9 декември 1976 како офоицијално име на оваа островска територија.
Всушност денес многу често се употребува само Токелау наместо Острови Токелау што е и официјалното име на територијата.Тоа е за да може полесно да се одреди географската структура на територијата,односно дека станува збор за острови.
[уреди] Географски карактеристики
Островите Токелау се наоѓаат во јужниот дел обиколен од Тихиот Океан,помеѓу 171° и 173° ЗГД и од 8° до 10° ЈГШ.Најголеми се трите атоли Атафу,Нукуну и Факаофо.Овие острови зафаќаат површина од 10.8 km²,ана нив живеат околу 1.500 жители.
Поради големата близина до екваторот на овие острови владее топла екваторска клима,којашто поради приморската област е со нешто пониски температури.
За разлика од Нов Зеланд,во Токелау времето се смета 10 часа порано според Гринич,а тоа е цели 22 часа разлика во однос на Нов Зеланд.
[уреди] Демографија
Во Токелау целото население од 1.500 жители го сочинуваат Полинежани,а официјални јазици се токелауски и англиски.Земјата има многу слабо развиена економија,а не располага со некои ресурси,па поради тоа многу од нив се селат до островите со поголеми можности како Нов Зеланд и Самоа.
Населението главно се занимава со риболов,и тоа со лов на туна.
Населението главно е со христијанска вероисповест,и тоа најмногу од нив се методисти,по нив се католиците,а многу мал дел од населението се припадници на некоја од локалните религии.На островите Атафу и Факаофо има методистички цркви,а на Нукуну католичка црква.
| Земји и територии во Океанија | |
| Австралија : Австралија · Норфолшки Остров | |
| Меланезија : Источен Тимор · Фиџи · Малакувски Острови & Западна Нова Гвинеја (дел од Индонезија) · Нова Каледонија · Папуа Нова Гвинеја · Соломонови Острови · Вануату | |
| Микронезија : Гуам · Кирибати · Маршалови Острови · Северномаријански Острови · Сојузни Микронезиски Држави · Науру · Палау | |
| Полинезија : Американска Самоа · Кукови Острови · Француска Полинезија · Хаваи · Нов Зеланд · Ниуе · Питкарин · Самоа · Токелау · Тонга · Тувалу · Валис и Футуна | |


