Француска Полинезија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Француска Полинезија
Polynésie française
Знаме на прекуморската територија Грб
Гесло"Tahiti Nui Mare'are'a"
"Liberté, Égalité, Fraternité"
ХимнаМарселеза
Главен град Папете
17°34′ ЈГШ 149°36′ ЗГД / 
Најголем град Фаа
Службен јазик француски
Народности  (последен етнички попис од 1988)[1]
66,5% немешани полинезијци
7,1% Полинезијци благо мешани со европејци и азијати
11,9% европејци (највеќе французи)
9,3% Демиси (мешани европејци и полинезијци)
4,7% Источни азијати (претежно кинези )
Уредување Зависна територија
 -  Претседател на Франција Никола Саркози
 -  Претседател на Француска Полинезија
Оскар Темару
 -  Висок комесар на Ф. Полинезија
Адолф Колра
француска прекуморска територија
 -  Протекторат 1842 
 -  Прекуморска територија 1946 
 -  Прекуморска територија 2004 
Површина
 -  Вкупна 4.167 км2 (173rd)
 -  Вода (%) 12
Население
 -  Попис авг. 2007 259.596[2] (176та)
 -  Густина 62 жит/км2 (130та)
БДП (номинален) проценка за 2005
 -  Вкупно US$5,49 милијарди[3] (not ranked)
 -  По жител US$21,565[3] (not ranked)
ИЧР (н/п) н/п (н/п) (н/п)
Валута тихоокеански франк (XPF)
Часовен појас (UTC-10)
НДД .pf
Повик. бр. 689
Топографско-административна карта на Француска Полинезија

Француска Полинезија (француски: Polynésie française, тахитски: Pōrīnetia Farāni) е француска прекуморска територија во јужниот Тихи Океан. Ја сочинуваат неколку групи на полинезиски острови, од кои најпознат е Тахити од Друштвените Острови каде што се наоѓа и главниот град Папете.


Географија[уреди]

Француска полинезија се состои од 130 острови и атоли, кои припаѓаат на следните 5 архипелази:

Flag of the Society Islands.svg Karta FP Societe isl.PNG Друштвени Острови 13 острови 1.647 km² 163.000 жители
Flag of Tuamotu Archipelago.svg Karta FP Tuamotus isl.PNG Туамоту 76 атоли 850 km² ~ 15.000 жители
Flag of Marquesas Islands.svg Karta FP Marquesa isl.PNG Маркези 10 острови 1.274 km² 8.632 жители
Flag of the Austral Islands.svg Karta FP Austral isl.PNG Австралски Острови 7 острови 148 km² 6.669 жители
Flag of the Gambier Islands.svg Gambier9.png Гамбијеови Острови 26 острови 31 km² 986 жители

Демографија[уреди]

Вкупното население на пописот во август 2007 изнесувал 259.596 жители.[2] Од нив 68,6% живееле на островот Тахити.[2] Урбаната област на главниот град Папете, имал 131.695 жители.

Според истиот попис, 87,3% од жителите биле родени во Француска Полинезија, 9,3% биле родени во Франција, 1,4% во некои од прекуморските територии на Франција надвор од полинезија и 2,0% во странски држави.[4] На пописот од 1988 кога за последен пат имало прашања во врска со етничкото потекло, 66,5% од жителите биле чисти полинезијци, 7,1 % биле полинезијци со делумно европско и азијатско потелко, 11,9% биле европејци, 9,3% мешани европејци и полинезијци, т.н. Демис (во превод "пола"), и 4,7% биле источни азијати (претежно кинези).[1]

Тахитски девојки

Пописи[уреди]

1907 1911 1921 1926 1931 1936 1941 1946 1951
30,600 31,900 31,600 35,900 40,400 44,000 51,200 58,200 63,300
1956 1962 1971 1977 1983 1988 1996 2002 2007
76,323 84,551 119,168 137,382 166,753 188,814 219,521 245,516 259,596
Официјални бројки на пописите.[2][5][6][7]

Јазик[уреди]

Францускиот јазик е официјален јазик во Француска Полинезија. Според законот од 12 април, 1996 се вели "Францускиот јазик е официјален јазик, а тахитскиот и другите полинезиски јазици исто така се користат." Според пописот од 2007, населението од 15 години и постаро, односно 68,5% изјавиле дека францускиот јазик го користат во домашна употреба, 29,9% изјавиле дека во домашна употреба користат еден од полинезиските јазици (80 % тахитски), 1,0% користеле кинески и 0,6% други.[8] Според истиот попис, 94,7% од луѓето изјавиле дека можат да разберат, пишуваат и читаат француски јазик, додека само 2.0% немале никакво познавање од јазикот.[8] 74,6% изјавиле дека можат исто така што зборуваат, пишуваат и читаат на еден од полинезиските јазици, додека 13,6% од попишаните немаат никакви познавања од истите.[8]

Религија[уреди]

Христијанството е најзастапената религија на островите, од кои мнозинството (54%) припаѓа кон неколку варијанти на протестантизмот додека другиот дел (30%) се припадници на католицизмот.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Frontières ethniques et redéfinition du cadre politique à Tahiti
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 (француски) Institut Statistique de Polynésie Française (ISPF). „Population légale au 20 août 2007“. http://www.ispf.pf/ISPF/EnqRep/Recensement/Recens2007/Popleg.aspx. конс. 13 јануари 2009. 
  3. 3,0 3,1 Статистички институт на Француска Полинезија (ISPF). „Економски пребројувања“. http://www.ispf.pf/ISPF/GdInd/CompteEco.aspx. конс. 15 ноември 2008.  (француски)
  4. (француски) Institut Statistique de Polynésie Française (ISPF). „Recensement 2007 - Migrations : Chiffres clés“. http://www.ispf.pf/ispf/EnqRep/Recensement/Recens2007/Themes/Migrations.aspx. конс. 15 ноември 2008. 
  5. 2002 census
  6. 1971, 1977, 1983, 1988, and 1996 censuses
  7. Censuses from 1907 to 1962 in Population, 1972, #4-5, pp. 705-706, published by INED
  8. 8,0 8,1 8,2 (француски) Institut Statistique de Polynésie Française (ISPF). „Recensement 2007 - Langues : Chiffres clés“. http://www.ispf.pf/ISPF/EnqRep/Recensement/Recens2007/Themes/Langues.aspx. конс. 15 ноември 2008. 


Галерија[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Владини
Информативни
Туризам