Протекторат
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Во меѓународното право протекторат е политички ентитет, кој формално се согласува да влезе во нееднаква положба со друга посилна држава или организација, која се нарекува протектор или заштитник. За замена на зашитата протекторатот прифаќа одредени обврски кои можат да варираат во зависност од врската помеѓу протекторот и протекторатот. Во Европа современи примери за протекторат се Босна и Херцеговина и Косово, кое е под заштита на Обединетите Нации.

